fbpx
Таг: гранична полиција

таг: гранична полиција

Свечено одбележана заедничката операција на ФРОНТЕКС во С. Македонија

Речиси целиот државен врв присуствуваше на денешното свечено одбележување на почетокот на „Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија“, како дел од Договорот за оперативни активности спроведени од Aгенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС. Премиерот Димитар Ковачевски имаше воведно обраќање, а домаќини на настанот во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, Скопје беа министерот за внатрешни работи,...

Унгарија донираше 6.000 дози вакцини против ковид-19 за имунизација на Граничната полиција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје” ја пречекаа делегацијата предводена од министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој ја предаде донацијата од 6.000 дози вакцини против коронавирусот (ковид-19), како пријателски чин на Владата на Република Унгарија, информираат од Министерството за внатрешни...

12 чешки полицајци од граничната полиција во Гевгелија позитивни на ковид-19

Дванаесет полицајци од контингентот на граничната полиција, државјани на Република Чешка, биле тестирани за ковид-19 во изминатото деноноќие во Гевгелија, а за 12 од нив се потврдило дека се позитивни на корона вирусот. Сите тие, заедно со лицата со кои имале контакт, сега ќе мораат да седат во изолација 14 дена. Како што информира за „Мета.мк“ гевгелискиот епидемиолог д-р Сашо...

Медиуми ги плашат Грците со старо видео од мигранти кои влегуваа во Македонија во 2015 година

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Владата препорача одложување на екскурзиите и патувањата во Италија

Владата на денешната седница, врз основа на препораките на Кризниот штаб за справување со корона вирусот на Министерството за здравство и на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе повеќе заклучоци од интерес за заштитата на јавното здравје и здравјето на граѓаните. На седницата е утврден заклучок Министерството за здравство, да формира постојан центар...

Полицијата доби 45 нови „шкоди“, вредни еден милион евра – донација од Чешка

Амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Томан денеска на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски му ја предаде донацијата од 45 возила од марката „шкода“, во вредност од околу еден милион евра. Спасовски истакна дека за време на мигрантската криза Чешка дала „извонреден придонес за зајакнување на капацитетите на македонската полиција“. - Нивната финансиска и материјално-техничка помош веќе надминува два милиони...

ЕУ на МВР му донираше возила и опрема вредни околу четири милиони евра

Македонската полиција денеска доби донација од Европската Унија во возила и опрема вредна околу четири милиони евра. Донацијата, со која треба да се подигнат капацитетите на граничната полиција, се состои од осум комбиња, осум патнички возила, осум четирицикли и пет специјални возила за надзор на границата со термални камери, од кои едно опремено со радар, потоа 100 рачни радио терминали...

Уапсени двајца албански државјани со 38 килограми марихуана кај Меџитлија

Екипа на граничната полиција викендов, во близина на преминот Меџитлија, привела двајца албански државјани кои се обиделе да прошверцуваат 38 килограми марихуана, преку Македонија во Грција, соопшти денеска МВР. Според полиција, станува збор за Р.А. (45) и Б.Г. (33), и двајцата од Република Албанија, против кои е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,...

На коњи шверцувале 540 килограми сурово кафе од Македонија во Албанија

Граничната полиција вчера спречила шверц на 540 килограми сурово кафе од Македонија во Албанија. Двајцата осомничени шверцери ја натовариле стоката на три коњи и сакале да ја пренесат преку границата, која е во непосредна близина на дебарското село Селокуќи. Полицијата добила дојава дека се врши шверц и вчера рано наутро поставила заседа во атарот на селото. Притоа шверцерите побегнале и...

Граничната полиција доби квадроцикли за тешко пристапни терени од САД

Амбасадата на САД во земјава денеска на Министерството за внатрешни работи му ја предаде донацијата наменета за потребите на одделот за гранични работи. Покрај техничката опрема наменета за контрола на товари и возила, владата на САД донираше и пет теренски квадроцикли, кои за прв пат ќе бидат во составот на граничната полиција за контрола и надзор на тешко пристапни терени...

Амбасадата на САД ќе донира опремa за зајакнување на граничната безбедност

САД на Министерството за внатрешни работи – Гранична полиција, на Министерството за финансии – Царинска управа и на Дирекцијaта за радијациона сигурност ќе донираат опрема во вредност од 207.000 американски долари, која вклучува опрема за попречување прекуграничен криминал, компјутери, патролно возило и теренски возила. „Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) и Меѓународната програма за помош и обуки...

Хан ја предаде донацијата од ЕУ на граничната полиција и на ЦУК

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, денеска во Министерството за внатрешни работи ја предаде донацијата од 33 теренски возила наменети за зајакнување и за модернизирање на капацитетите на македонската гранична полиција и на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Хан, во своето обраќање по повод примопредавањето на донацијата, истакна дека таа е силен знак за блиската соработка меѓу „семејството...

ЕУ ќе донира 33 теренски возила за да ни помогне во справувањето со бегалците

Европската Унија ќе ѝ додели 33 теренски возила на Македонија за полесно справување со мигрантите. Примопредавањето на возилата ќе се одржи утре во МВР, со почеток во 10 часот, а на церемонијата ќе присуствуваат еврокомесарот Јоханес Хан, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, како и директорот на Центарот за управување со кризи, Аргон Буџаку. 31 теренско возило ќе бидат дадени на Граничната...

Алтхаузер – Нухиу: Создавањето правна држава е главен столб за развој

Германската влада на Министерството за внатрешни работи на Македонија му донираше опрема за потребите на граничната полиција. Договорот за примопредавање на опремата денеска во МВР го потпишаа министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, и амбасадорката на Германија во земјава, Кристине Алтхаузер. Станува збор за донација вредна 60.000 евра, а која се состои од четири возила од марката „дачија дастер“ за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...