fbpx
Таг: Граничен Премин

таг: Граничен Премин

На Табановце запленети 12,5 килограми марихуана

На граничниот премин Табановце, во автомобил со германски регистарски ознаки, се пронајдени 12,5 килограми марихуана, известуваат царинските службеници. Во откривањето учествувале цариниците од одделението за оперативни работи во соработка со полициски службеници на граничниот премин Табановце. Како што информираат од царината, во четвртокот, околу 22 часот, на излез од Република Македонија е запрен автомобил со германски регистарски ознаки, кој бил...

Затворен бугарскиот граничен премин Лесово кон Турција, 30 цариници приведени

Бугарската полиција спроведе акција на граничниот премин со Турција, Лесово, при што се приведени повеќе од 30 царински службеници, јави дописничката на „Мета“ од Софија. Првиот човек на специјализираното јавно обвинителство Иван Гешев истакнал дека на граничниот премин била спроведена истрага поради основано сомневање за постоење на организирана криминална група која ја сочинувале царински инспектори. Акцијата била спроведена од 300 специјалци...

Албански државјанин шверцувал свежа риба на Ќафасан

Царинска управа на Република Македонија открила и запленила 20 килограми свежа риба на граничниот премин Ќафасан, кај Струга. Шверцуваната риба била откриена при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во земјата на граничниот премин на албанско-македонската граница. Непријавените риби, пронајдени во две торби, кои биле сместени пред совозачкото седиште, се привремено здржани, а против возачот ќе биде...

Тоскас за Иванов: Добро би било да се внимава што се зборува

Македонските политичари треба да внимаваат што зборуваат, порача грчкиот министер за цивилна заштита, Никос Тоскас, во реакција на интервјуто на претседателот Ѓорѓе Иванов за грчката телевизија „Мега“. Во интервју за националниот сервис ЕРТ, на обвинувањата на Иванов дека Грција не се координира со Македонија и дозволила вакви инциденти, Тоскас порачува дека сите македонски реакции се само обид за полесно...

Повеќе од 20 полицајци се повредени во судирот со мигрантите

Вкупно 23 лица, односно 14 полицајци и девет припадници на АРМ, се повредени во денешниот судир на полицијата и на мигрантите на македонско-грчката граница, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во соопштението на МВР се вели дека во текот на судирот оштетени биле и три возила на МВР и пет на АРМ. Според првичните процени на МВР, во нередите учествувале повеќе од...

Граничниот премин кај Дојран ќе биде блокиран до 23 часот

Грчката страна на граничниот премин Дојран ќе биде блокирана за сообраќај до 23 часот, информираат од АМСМ. Грчките земјоделци веќе еден месец протестираат против владините мерки, со кои се предвидуваат повисоки даноци и намалување на пензиите на земјоделците.

Гевгелиските таксисти и денеска два часа ќе ја блокираат границата

И денеска продолжува блокадата од гевгелиските таксисти и од приватните автобуски превозници на граничниот премин Богородица. Блокадата за влез и за излез од земјата почна во 10 часот, а ќе трае до 12 часот. Превозниците сè уште немаат одговор на нивното барање да се вклучат во превозот на бегалците од јужната кон северната граница. ­ „Ни беше ветено од надлежните дека до...

Таксистите од Гевгелија повторно ќе ги блокираат границата и градот

Автобуските и такси-превозниците денеска напладне повторно ќе го блокираат граничниот премин Богородица. Протестот на превозниците ќе трае два часа. Возачите на автобусите и такси-компаниите бараат да бидат вклучени во превозот на мигранти според неодамна постигнатиот договор. Освен блокадата на сообраќајот во двете насоки на граничниот премин, тие еден час ќе го попречуваат и пристапот до градот. Причина за протестот е што изминативе неколку...

Утре затворен за влез и за излез граничниот премин Дојрани

Граничниот премин Дојрани за влез и за излез од Република Грција ќе биде блокиран од 18 до 21 часот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Од 13 до 23 часот денеска во целосен прекин е и во сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин Меџитлија,  поради штрајк на грчките земјоделци.  

И денеска блокади на Богородица, Дојран и на Меџитлија

Грчките земјоделци и денеска продолжуваат со блокирање на македонско-грчката граница на трите премини Богородица, Меџитлија и Дојран. Граничниот премин Богородица денеска е блокиран од 11 до 13 часот, а ќе биде и од 17 до 20 часот. Дојран ќе биде затворен за преминување од 9 до 14 часот и 18 до 20 часот по македонско време, додека Меџитлија ќе се...

Граничните премини Меџитлија и Дојран затворени поради штрајк на грчките земјоделци

Денеска од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот, поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување земјоделски машини и трактори во близина на граничните премини Ники (Меџитлија) и Дојрани, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и при излез од Република Грција, информира Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои,...

Еден загинат и двајца повредени во тепачка на мигранти во близина на Идомени

Еден мигрант загина, а двајца се повредени во крвава физичка пресметка што се случила во два часот по полноќ во близина на граничната зона Идомени. Како што пренесува грчката новинска агенција, жртвата и повредените се мигранти од Пакистан, кои, наводно, биле нападнати од група мигранти од Авганистан. Според информациите од грчката полиција, инцидентот се случил на бензинска пумпа во близина на...

Во Србија уапсен бегалец со ист пасош како на терористот од Париз

Српската полиција уапсила бегалец кој имал пасош со истите детали како тој пронајден во близина на телото на еден од напаѓачите во Париз, пишува „Гардијан“. Сите генералии на пасошот биле исти, освен фотографијата. Српските власти се сомневаат дека двата пасоша се фалсификувани и додаваат дека се во контакт со француските истражители. Француската полиција пронашла сириски пасош со името Ахмед Алмухамед во близина на...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...