fbpx
Таг: Гранатирање

таг: Гранатирање

Северна Кореја истрела 200 гранати во близина на морската граница со Јужна Кореја

Повеќе од 200 артилериски гранати истрелала Северна Кореја во правец кон морската граница со Јужна Кореја кај островот Јеонпјеонг, соопшти јужнокорејската војска, пренесува Би-би-си. Јужна Кореја им нареди на цивилите да побараат засолниште на островот, а официјален Сеул го осуди потегот, нарекувајќи го „провокативен чин“. Во 2010 година, севернокорејската војска направи сличен инцидент на островот Јеонпјеонг, при што загинаа четири лица. Артилериските гранати...

Русија во новогодишната ноќ ја нападнала Украина со рекорден број дронови

Украина соопшти дека во новогодишната ноќ, Русија кон неа лансирала рекордни 90 дрона, при што 87 од нив биле соборени. Станува збор за дронови од иранско производство „Шахид“. Цел на дроновите била и околината на градот Лвив на крајниот запад на Украина. „Непријателот користеше рекорден број јуришни дронови“, се вели во соопштението од Военото воздухопловство на Украина. Дополнително, извршени се и напади...

Украинската одбрана ноќеска ги уништила руските дронови и ракети

Украинските одбранбени системи уништија руски дронови и ракети кои Русија ги лансирала во текот на ноќта, соопшти во понеделникот украинското воздухопловство, пренесе „Гардијан“. Воздухопловните сили, на „Телеграм“ соопштија дека биле уништени вкупно 14 напаѓачки дронови, меѓу кои 13 дронови од иранско производство, еден непознат дрон, како и една ракета. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека е „особено тешка“ ситуацијата во...

Кулеба: На Алијансата за оружје за Украина се приклучија 59 компании од 23 земји

На Алијансата на одбранбената индустрија, формирана во рамките на Првиот форум на одбранбената индустрија што се одржа во Кијив, досега се приклучиле 59 компании од 23 земји, соопшти денеска украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба. Како што извести украинската државна новинска агенција Ukrinform.net, Алијансата заеднички ќе произведува оружје за Украина. Според Кулеба, Украина ја предвидела можноста да се дојде...

Украинските сили одбиле повеќе од 30 руски напади

Украинските одбранбени сили во последните 24 часа одбиле 30 напади од руските сили во шест сектори на фронтот, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Украинските сили продолжуваат со дефанзивни операции на истокот и на југот на Украина, како и со офанзивни дејствија во секторите Мелитопол и Бахмут, при што полека го уништуваат непријателот...

Шарл Мишел: Украина би можела да стане членка на ЕУ до 2030 година

Украина би можела да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако сите услови за тоа бидат исполнети, порача претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел во интервју за германски „Шпигел“. „Украина може да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако двете страни си ја сработат домашната задача“, вели Мишел, одговарајќи на прашањето дали мислел и на Украина кога повика...

За едно деноноќие руските трупи го гранатирале регионот Запорижја дури 124 пати

Во текот на изминатото деноноќие, руските сили го нападнале регионот Запорижја 124 пати. Еден човек е убиен, а уште еден е повреден, пишува Укринформ. „Во текот на последниот ден, рускиот воен персонал изврши 124 напади врз 23 градови и села во линијата на огнот. Беа извршени 102 артилериски напади врз населбите на фронтот, особено Хулиајполе, Новоандријевка, Червоне, Чаривне, Преображенка, Малинивка,...

Украина тврди дека освоила нафтени платформи во Црно Море што ги изгубила во 2015 година

Украинската војска вчера се пофали дека освоила стратешки важни платформи за црпење нафта и гас од Русија. Станува збор за платформите „Бојко“ во Црно Море, што Русија ги презеде во 2015 година, по анексијата на Крим, јави новинската агенција „Асошиејтид Прес“. Русија ги користела нафтените платформи како морски хелиодроми, соопшти украинското Министерство за одбрана, порачувајќи дека сега Русија е лишена...

ЕУ: Руските напади врз цивили се воени злосторства, ќе одговараат сите команданти, извршители и соучесници

ЕУ силно ги осудува руските напади врз цивили и цивилна инфраструктура во Украина и ја повикува Русија веднаш да престане со својата нехумана и незаконска агресија, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Од ЕЕАС потсетуваат на, како што велат, грозоморниот ракетен напад што се случи вчера на пазар во Костјантинивка во регионот Донецк, кога загинаа најмалку 16 лица, меѓу...

Во рускиот ракетен напад на Краматорск беа погодени цивили, а не „воени легитимни цели“

Рускиот ракетен напад врз Краматорск бил намерен и извршен врз цивилни објекти. Факт е дека во нападот на пицеријата во Краматорск биле убиени 12 цивилни лица, а десетици биле повредени. Тоа што американски војник бил таму за да јаде, не го прави објектот „легитимна воена цел“, како што тврди Русија. Постот ја форсира руската пропаганда дека целта на нападот биле...

Зеленски ги врати од Турција заробените командати од Азовстал, во Украина нови цивилни жртви

Украинскиот претседател Володмир Зеленски вчера од посетата на Турција се врати со петте воени команданти од Азовстал кои беа заробени од руската војска пред повеќе од една година и потоа престојуваа во оваа земја со лична гаранција на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави украинската државна новинска агенција Укринформ.. Тие беа свечено пречекани дома. Во септември 2022 година, како дел...

Над 80 градови и села поплавени по уништувањето на браната во Украина

По уништувањето на браната Каховка во регионот Херсон, вчера, поплавени се веројатно 80 градови и села, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој за уништувањето на браната ги обвини Русите. Водата истекува во реката Днипро и може да предизвика катастрофална поплава во градот Херсон. Откако Зеленски вчера ги обвини Русите за уништувањето на хидроцентралата која е на браната, а се наоѓа...

Бахмут е украински град, Русија го нападна, не го ослободи

Бахмут е украински град и тој не може да биде ослободен од Русите, како што се тврди во постот. Русија го нападна Бахмут и целосно го уништи. Тоа што Русија тврди дека овој град е нејзин, е спротивно на реалноста.  Според Киев, дел од Бахмут сè уште е под контрола на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Русите продолжија со гранатирања, досега загубиле повеќе од 120.000 војници

Руските напади врз населени места во Украина продолжија и во изминатово деноноќие, со артилериски оган. Во меѓувреме, според Генералштабот на украинските вооружени сили, загубите на персонал на руските сили досега изнесува 120.160, од кои 860 биле убиени во изминатото деноноќие. Во регионот Запорижја, во текот на изминатово деноноќие, руските агресорски сили гранатирале повеќе од 20 население места, известува украинската новинска...

Украинските сили го подигнаа државното знаме на левиот брег на реката Днипро

Војници од украинската воздушна разузнавачка единица „Карлсон“ го подигнаа украинското знаме на левиот брег на реката Днипро во регионот Херсон, соопшти единицата на Фејсбук, пренесува Укринформ. „Ова ќе биде мост за деокупација на левиот брег на регионот Херсон“, соопшти војската. Руското гранатирање во овој регион сепак не престанува. Руските сили ги бранат претходно заземените територии, гранатирајќи ги позициите на украинските војници...

Жестоки напади во Украина, на југот украинските сили напредуваат

Вчерашното попладне, делумно ноќеска и претпладнево во Украина повеќе градови и региони беа цел на напади со ракети и дронови, но украинските вооружени сили сепак остваруваат напредок на југот на земјата, според кажаното од претседателот на Украина, Володимир Зеленски во ноќното обраќање. Руските сили вчеравечер извршиле голем артилериски и ракетен напад на населеното место Березнехувате во регионот Миколаив со две...

Не е точно дека Русите објавиле уништување на 830 украински борбени возила за еден ден

Не е вистина наведеното во насловот од текстот, споделен во постот што го рецензираме:,,Русите објавија: Уништени 830 украински борбени возила за еден ден”. Бројката се однесува од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, што може да се види од извештајот на руското Министерство за одбрана објавен на 10 септември. Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022...

Билансот на фронтот во Украина се смени, сега Украина си враќа територии

Големата контра-офанзија на украинските одбранбени сили по речиси шест и пол месеци инвазија од вооружените сили на Русија ги даде првите резултати, со враќање територии што беа под контрола на руските сили уште од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари годинава, јавија светските агенции. Сепак, руските сили возвратија жестоко. Според украинската новинска агенција, украинската армија за три дена...

Инспекторите на ОН повикуваат на безбедносна зона околу нуклеарната централа

Гранатирањето на нуклеарна централа во Украина „сериозно ги загрижи“ меѓународните набљудувачи кои сметаат дека треба веднаш да се воспостави безбедносна заштитна зона, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на Обединетите нации, објавен по посетата на инспекторите на окупираниот објект во Запорожје, пренесе Њујорк тајмс. Но, експертите од МААЕ рекоа дека борбите не предизвикале вонредна нуклеарна...

Физичкиот интегритет на нуклеарната електрана во Запорижја е нарушен, велат од мисијата на ОН

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси по првиот ден од работењето на мисијата во нуклеарната електрана во Запорижја изјави дека физичкиот интегритет на овој енергетски капацитет е нарушен, пишува Гардијан. Мисијата на тимот од МААЕ извршија обиколка на нуклеарната електрана, но неколку членови на тимот ќе останат и наредните денови за детално да ја проучат...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...