fbpx
Таг: гранати

таг: гранати

Гранати од Прва светска војна пронајдени во селото Градешница

Жител на селото Градешница, општина Могила, пронашол три стари гранати од Првата светска војна. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, завчера, во СВР Битола, Љ.Ѓ. пријавил дека во селото пронашол три стари гранати. „Следниот ден, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал експлозивните средства и констатирал дека се работи за една артилериска граната калибар 155...

Жестоки напади изминатово деноноќие во Украина, повредени се цивили

Во текот на изминатите 24 часа, во Украина се случиле 30 вооружени судири меѓу руските агресорски сили и украинската одбрана. Непријателот извршил и повеќе воздушни напади, меѓу другото и со дронови, па има повредени цивили, јавува украинската државна новинска агенција Ukrinform.net. Украинското воено воздухопловство извршило девет воздушни напади врз руска жива сила, складови со муниција и воена опрема, а дополнително...

Во рускиот ракетен напад на Краматорск беа погодени цивили, а не „воени легитимни цели“

Рускиот ракетен напад врз Краматорск бил намерен и извршен врз цивилни објекти. Факт е дека во нападот на пицеријата во Краматорск биле убиени 12 цивилни лица, а десетици биле повредени. Тоа што американски војник бил таму за да јаде, не го прави објектот „легитимна воена цел“, како што тврди Русија. Постот ја форсира руската пропаганда дека целта на нападот биле...

Низа жестоки напади од Русите во Украина, во Миколаив употребени ракети С-300

Во текот на изминатава ноќ, украинскиот град Миколаив беше гаѓан од руските сили со ракети С-300, од кои најголем дел паднале во индустриски комплекс на периферијата на градот. Претходно, Миколаив беше и гранатиран, а од нападите на Русите, во градот избија и четири пожари, извести украинската новинска агенција Укринформ. Како што извести Подрачната единица во Миколаив на Државната служба за...

Над 220 загинати лица во еднонеделните судири меѓу Азербејџан и Ерменија, конфликтот ескалира

Ескалираат судирите меѓу Азербејџан и Ерменија околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Војските на двете страни меѓусебно се обвинуваат за жестоки гранатирања на населени места, кои резултираат со сè поголем број на загинати и повредени граѓани. Ерменија и властите на непризнаената република Нагорно-Карабах обвинуваат дека азербејџанската војска со турски ракетни системи го нападнала главниот град Степанакерт. Уништени се станбени згради, а...

Во напуштена куќа во Арачиново пронајдени девет минофрлачки гранати

Девет минофрлачки гранати биле пронајдени вчера попладне во дворот на напуштена куќа во Арачиново, соопшти СВР Скопје. Случајот вo полиција го пријавил скопјанец, по што интервенирале  екипи од Одделот за недозволена трговија и антитероризам.  Полицијата врши истрага за случајот.

Спелеолози пронашле черепи додека истражувале во пештера во село Корито

На 18 август, претседателот на спелеолошкиот клуб „Кораби“ Ј.О. се јавил во полициската станица во Гостивар и пријавил дека на 17 август на место викано Чавкарник, во сeло Корито, додека истражувале пештера, на околу 20 метри длабочина забележале остатоци од неколку черепи и една неексплодирана граната. За настанот бил запознаен Јавен обвинител кој наредил да се изврши увид. „Увидот бил извршен на...

Пронајдени две гранати на плажа во Охрид

На триесетина метри од плажата пред Центарот за обука на вода на АРМ и во близина на полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, на длабочина од околу три метри, пронајдени се две гранати. Прв ги забележал 35-годишен жител на Охрид, кој за тоа пријавил во СВР Охрид. Полициски службеници извршиле преглед и го означиле местото. Информиран бил и Центарот за управување...

Лавров: Гранатирањето на амбасадата е терористички чин

Москва смета дека гранатирањето на нејзината амбасада во Дамаск е терористички чин, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. - Ова е очигледно тероризам, веројатно за да се заплашат поддржувачите на борбата против тероризмот – изјави Лавров. Две гранати беа испукани на руската амбасада во Дамаск, во текот на деонстрациите во знак на поддршка за Москва, но нема жртви ниту...

Проектили испукани врз руската амбасада во Сирија

Проектили ја погодија руската амбасада во Сирија. Една од ракетите удрила во зградата на дипломатското претставништво на Москва во Дамаск. Сè уште нема податоци за настрадани, но руската агенција наведува дека за време на нападите имало митинг за поддршка на политиката на Кремљ во блискоисточната земја. На 30 септември 2015 година Русија почна операција во блискоисточната земја. Западот ја обвини Москва...

Во Кумановско пронајдена муниција од Втората светска војна

Вработен на фирмата „Вибе“, во средата оваа недела, во кумановската полиција пријавил дека пронашол минофрлачки мини, зрна од топовска граната, запалки за гранати и куршуми, со потеко од Втората светска војна, информира полицијата. Муницијата била пронајдена при ископ за пруга на потегот од Куманово кон индустриската зона „Бедиње“. Како што информираат од полицијата, станува збор за 18 минофрлачки гранати, четири зрна...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...