fbpx
Таг: граѓански организации

таг: граѓански организации

Граѓанските организации побараа да бидат вклучени во преговорите

Неопходно е директно учество на граѓанското општество во преговорите за излез од кризата и за демократизација на Македонија, порачаа денеска 88 граѓански организации преку писмо упатено до Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Амбасадата на САД и до четирите партии потписнички на Договорот од Пржино. - Нашите организации, групи, коалиции и движења стојат на располагање со сите свои капацитети и...

Нуланд в понеделник на средби со политичките лидери и со граѓанскиот сектор

Помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, в понеделник ќе допатува во Скопје, соопшти американскиот Стејт департмент. Нуланд ќе се сретне со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за билатерални и за регионални прашања, како и за потребата од решавање на политичката криза, поддршка за работата на Специјалното јавно...

Софтверски донации од „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор

Фондацијата „Метаморфозис“, заедно со локалната канцеларија на „Мајкрософт Македонија“, денеска во Конгресниот центар на Скопски саем, организираше ден на „Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор „Со технологија до успех“. Претставниците на граѓанскиот сектор имаа шанса да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации од програмата на „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор, која ја спроведува „Метаморфозис“, преку платформата „Теchsoup Balkans“. Влора Адеми,...

Граѓанските организации не сакаат претставници во советот за соработка со Владата

Осумдесет и девет (89) граѓански организации бараат Владата да не ја спроведува одлуката за формирање совет за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор пред да го слушне нивното мислење во врска со тоа. - Бараме Владата да го запре процесот за избор на претставници од граѓанското општество во советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, да направи измени и...

Невладините порачаа: Нема преговари со оние кои отворено шират омраза и насилство

Делегацијата на ЕУ го откажа денешниот консултативниот состанок на граѓанските организации и движења и претставниците на амбасадите на државите-членки на ЕУ во Македонија по притисокот од организациите кои не се согласија да седнат на иста маса со ГДОМ, соопштија денеска граѓанските организации. „Во име на организациите и движењата кои стојат зад ова обраќање ве информираме дека донесовме одлука да не...

Акции за чистење на Водно и на Матка

Претставници на граѓанските организации денеска имаат акции за чистење на падините на Водно и на кањонот Матка. Под мотото „В џеб, ако нема каде друго!“, волонтери на Движењето за едукација и за унапредување на дијалогот ЛЕАД, денеска ќе ги чистат падините на Водно. Волонтерите со жичницата  ќе бидат префрлени до врвот на Водно, а оттаму, пешачејќи до Средно Водно, ќе собираат...

„Доста молчевме“, порачаа демонстрантите на протестот во Гостивар против аболицијата

Под мотото „Доста молчевме“, во Гостивар се одржа мирен протестен марш против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на функционери. Протестот го организираше неформална група граѓани од повеќе националности, а на него граѓаните ја искажаа и својата поддршка за Специјалното јавно обвинителство. Маршот почна пред зградата на Основниот суд, каде што беа запалени свеќи како симболично погребување на независното судство...

Граѓанските организации пред Собранието побараа негово свикување и одложување на изборите

Прочистување на избирачкиот список, државата да се одвои од партиите, слободни медиуми, обвинение за секој криминал, побараа 82 невладини организации на денешниот протест пред Собранието. - Бараме свикување на Собранието, одложување на изборите од 5 јуни на неопределено време, ангажирање на техничка влада што ќе спроведе реформи за да се создадат услови за фер и демократски избори. Во овој момент...

Граѓаните се собираат на протест за оставка на Иванов, Собранието под силно обезбедување

Голем број луѓе се собираат пред Собранието на Република Македонија, каде што ќе се одржи протестот на граѓанските организации кои бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов, итно свикување на Собранието и одложување на изборите. Забележливо е големо присуство на полицијата, која со огради ги чува народната канцеларија на претседателот и Министерството за правда. Пред Собранието има силен полициски кордон и хермелини,...

Нема минимални услови за веродостојни избори, порачаа граѓанските организации

Група граѓански организации денеска на амбасадорот на САД, Џес Бејли, и на евроамбасадорот Аиво Орав му го предадоа третото писмо во кое посочуваат дека не се исполнети ни минимални услови за веродостојни избори. Тие во 18 часот ќе одржат протест пред Собранието со барање за одложување на изборите, кои треба да се одржат на 5 јуни. - Не е доволен само...

Не се исполнети условите за распуштање на Собранието, смета граѓанскиот сектор

Сè уште не се исполнети минималните услови за распуштање на парламентот и за распишување веродостојни избори во кои ќе веруваат сите граѓани на Македонија, велат граѓанските организации во обраќањето до меѓународната заедница. „Доколку Собранието се распушти на 7 април 2016 година, а претседателот на ДИК не го потпише избирачкиот список, односно не даде одобрение за негово користење на изборите, тогаш се...

Обвинителството ја активираше електронската адреса за пријавување изборни нерегуларности

Привремената комисија за следење на изборни нерегуларности, што минатата недела ја формираше републичкиот Јавен обвинител, Марко Зврлевски денеска одржала состанок со граѓанските организации и ја промовирала електронската адреса [email protected], на која можат да се пријавуваат сомненија за сторени кривични дела поврзани со претстојните избори на 5 јуни, соопшти Јавното обвинителство. „Целта на средбата беше да се договори начинот на меѓусебното комуницирање,...

Уставниот суд ги доведе во прашање изборите на 5 јуни, сметаат граѓанските организации

Голем дел од активистите, граѓанските организации и опозициски партии сметаат дека вчерашната одлука на Уставниот суд, со која на претседателот му се даде можност да помилува лица гонети или осудени за изборен криминал, само го влошува теренот за фер и демократски избори. Велат дека со оваа одлука, судот им дава ветер во грб на сите што планираат да прават изборни манипулации,...

Граѓански организации утре пред Делегацијата на ЕУ ќе му упатат заедничко писмо на Хан

Утре напладне, пред Делегацијата на Европската унија во Скопје, претставници на повеќе од 70 граѓански организации, платформи и иницијативи ќе одржат прес-конференција. Граѓанските здруженија на прес-конференцијата ќе ја презентираат содржината на заедничко писмо упатено до еврокомесарот Јоханес Хан и до други меѓународни фактори што помагаат во решавањето на политичката криза во Македонија. „Целта на обраќањето e, ние, граѓанските организации, платформи и иницијативи,...

„Охрид СОС“: За Галичица се расправа празнично и зад грбот на јавноста

Терминот за јавна расправа на предлог-измените на планот за управување со националниот парк Галичица за период 2011-2020 година, 4 јануари, е спорен за граѓанската иницијатива „Охрид СОС“. Забележуваат дека не е ниту во согласност со сите постоечки домашни и меѓународни прописи за уредно консултирање на јавноста кога станува збор за добра од јавен интерес. - На прагот сме да изгубиме три...

Денеска во Охрид дебата за слободни избори

Центарот за слобода „Цивил“, во рамките на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, попладнево од 16.30 часот, во Охрид ќе организира состанок со претставници на политичките партии, граѓанското општество, медиумите и на други засегнати страни, информираат од невладината организација. „На средбата ќе се дискутира за процесите за надминување на политичката криза и за обезбедување услови за слободни избори. Слободни избори...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...