fbpx
Таг: граѓански организации

таг: граѓански организации

Осуда за пропустите на МВР и Кривичен суд за бегството на Груевски стаса од 14 организации

Вкупно 14 истакнати граѓански организации денеска упатија остра осуда за, како што велат, пропустите, неажурноста и непочитувањето на одредбите од Законот за извршување на санкции и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи од страна на Основниот суд Скопје 1 и Министерството за внатрешни работи (МВР), кои резултираа со бегството на Никола Груевски од Македонија. Организациите, меѓу кои се...

УСАИД и „Метаморфозис“ со нов повик до граѓанските организации

Граѓанските организации беа светлото, кое за време на политичката криза укажување на недостатоците, што придонесе за демократизација на процесите. Ова вчера во Штип го изјави директорот на Канцеларијата за општ развој на УСАИД, Едвард Гонзалес, кој најави дека остануваат со поддршката за овие организации, кои продолжија да ја играат улогата на контролор на власта. -Сметам дека владата успеа да усвои...

Штипската опозиција обвинува дека граѓанските пари завршија во партиски џебови

Поделбата на близу милион денари од буџетот на Општината Штип на седум граѓански организации, ги спротивстави ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари добила организација чиј претседател беше кандидат за советник од листата на СДСМ на последните локални избори, а две од седумтте организации – добитници, имаат исто лице во управувачката структура. Со одлука на Советот на Општината Штип,...

Граѓанските организации со повеќе предлози до Владата за борба против корупција

Од софтверски алатки за следење на регуларноста на јавните електронски наддавања преку испитување на работата на државниот правобранител до забрзување на некои законски реформи и јакнење на интегритетот на функционерите, службениците и институциите, беа дел од иницијативите што десетина граѓански организации денеска ги презентираа пред повеќе министри и претставници од Секторот за односи со јавноста во Владата. На вториот отворен...

Владата ги повика граѓанските организации внимателно да ги следат сите јавни набавки

Ги повикуваме сите граѓански организации внимателно да ги следат сите постапки на јавните набавки, со една цел, колку што е можно повеќе да ги отстраниме сите сомнежи како се прават постапките, рече министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на денешната прес-конференција, на која, со министерот за здравство, Венко Филипче, генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски и...

Манчевски: Граѓанското општество е партнер и коректор на одлуките на Владата

Во просториите на Владата денеска се одржа првата од најавените редовни Отворени денови на владата со Граѓанските организации (ГО). На оваа средба, како што информираат од Владата, пред присутните бројни претставници на граѓанските организации се обратиле министерот на информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претседателката на Советот за соработка и...

ФООМ ќе поддржува реформи кои се за подобро образование, судство и борба против корупција

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на завршниот настан по повод 25 години од формирањето на Фондацијата Отворено општество - Македонија порача дека дигитализацијата е најкусот пат до транспарентноста и до отчетноста кон граѓаните. – Транспарентноста е инструмент во рацете на граѓаните кој им овозможува да ја оценат релевантноста на процесите и одлуките донесени од институциите – рече...

Прајваси интернешенел: Недоволен е надзорот врз тајните светски разузнавачки мрежи

Во својот нов извештај, меѓународната мрежа составена од 40 невладини организации „Прајваси интернешенел“ алармира за загрижувачки број пропусти во инструментите за надзор што треба да го контролираат разменувањето податоци и информации помеѓу државните разузнавачки служби и нарушувањето на приватноста. Истрагата што ја спровеле организации, преточена во извештајот „Тајните глобални мрежи за надгледување: Споделување на разузнавачки информации помеѓу владите и потребата...

На порталот „Отворени финансии“ ќе се следи трошењето на парите на граѓаните

Министерството за финансии во соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) подготвуваат портал „Отворени финансии“ кој што треба да биде пуштен во употреба кон крајот на годината. Овој портал ќе содржи податоци за трошењето на парите на граѓаните, односно за што се трошат парите, колку и кон која институција се вршело плаќање од буџетот и слично. Во првата фаза ќе бидат достапни...

Шекеринска: Антидржавно е граѓанските организации да се сметаат за непријатели

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во Владата одржа конститутивна седница на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, информираат од владината прес-служба. Таа на присутните претставници на граѓанските организации им рекла дека членовите на владата овие средби ги гледаат како начин преку кој со соработка со граѓанскиот сектор може да се помогне во остварување на владините...

Денеска јавна дискусија за транспарентноста на Владата

Јавна дискусија за агендата за транспарентност на Владата ќе се одржи денеска во 12 часот, во медиа-центарот на Владата. На дискусијата ќе се обрати министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, а целта е, како што информираат од Владата, размена на идеи и мислења за актуелните политики и процеси поврзани со транспарентноста и работата на Владата. „Од...

Спасовски: Сите истраги против граѓанските организации официјално се затворени

Сите истраги против граѓанските организации и фондации што почнаа во 2016 година, а се одвиваа и во голем дел од 2017 година се официјално затворени, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешната средба со претставници на дваесетината организации. На средбата на која присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, директорот на Управата за финансиско разузнавање...

Невладините бараат од Владата информации за администрацијата и поголема отвореност

Граѓанскиот сектор бара дополнителна ефикасност и транспарентност во поглед на регистарот на вработени во јавните институции, соопшти владината служба за информирање. Од граѓанските организации, на денешната средба со работни групи од министерствата, било побарано да се подобри ефикасноста на примената на Законот за пристап до информации од јавен карактер и да се обезбеди поголема транспарентност на податоците за привремените вработувања. Денешната средба е...

АВМУ вели дека не сака да зависи од Владата, невладините денеска ќе кажат што не одговара

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, вчера порача дека со укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето на Агенцијата од страна на bуџетот ќе се наруши независноста на оваа институција. Денеска неколку невладини организации ќе презентираат извештај токму за АВМУ. - Укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето од буџетот значи целосно уривање на независноста на институцијата и ставање...

Османи: Предизвикот е да направиме систем за координирање и за надзор на планот „3-6-9“

„Подготовката на планот „3-6-9“ беше полесната работа. Планот доби широка поддршка како надвор, од нашите меѓународни партнери, така и дома, кај домашната јавност. Но, сега ни е потребна имплементација на 73 мерки за три месеци, во услови на ограниченост од прогласувањето локални избори и од летните одмори. Сега предизвикот е да направиме систем за надзор, координирање и за информирање“, порача вицепремиерот за...

Граѓанските организации бараат консултативен совет за реформите

Надградена верзија на предлогот на граѓанските организации за итни демократски реформи за следните 6, 9 и 12 месеци, денеска беше презентирана на прес-конференција во име на 73 граѓански организации и експерти. Предлозите за реформи се изработени од страна на 146 учесници на Форумот на граѓански организации на 4 и 5 јули годинава, а се надоврзуваат на основниот документ изработен...

Хан: Барањата на граѓанскот сектор од Балканот се прифатливи

Најголем дел, околу 90 отсто од барањата и од препораките на граѓанскиот сектор од Балканот се прифатливи, само треба да се најде начин за нивна имплементација, оцени еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска во Трст, откако присуствуваше на средбата меѓу претставниците на граѓанскиот сектор и шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан. На средбата шефот на македонската дипломатија...

Утре конференција „Улогата на граѓанските организации во унапредување на просторот за нивно дејствување“

Балканската мрежа за развој на граѓанско општество утре во хотелот „Парк“ во Скопје организира регионалната конференција на тема „Улогата на граѓанските организации во унапредување на просторот за нивно дејствување“. Конференцијата е поддржана од програмата „Цивика мобилитас“. На настанот, претставници од реномирани граѓански организации од Македонија, Европа и од светот ќе споделат свои искуства и ќе дискутираат за тоа како да се унапреди просторот...

Унгарија доби закон за контрола на странските донации во граѓанскиот сектор

Унгарскиот парламент денеска усвои закон за граѓански здруженија кои се финансираат од странство. Законот, за кој гласаа пратеници од владејачката коалиција под водство на премиерот Виктор Орбан, предвидува здруженијата кои добиваат повеќе од 26.200 американски долари годишно од странство да ги пријават во судот. Со законот се предвидува организациите во своите печатени и интернет-публикации да ги објават своите финансии од...

УСАИД додели награда за Младинско граѓанско учество

Проектот на УСАИД за граѓанско учество додели награда за Младинско граѓанско учество на двајца поединци и една неформална младинска група. Наградата им беше доделена поради нивната силна посветеност и преземање на важни активности кон позитивни промени за животот во нивната заедница и за општеството. „Ги охрабрувам добитниците на наградата, како и целата младина во Македонија да работат заеднички за да се постигнат позитивни...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...