Мостот кај Градско е саниран, железничкиот сообраќај пуштен во употреба


Скопје, 7 ноември, 2018 - 13:25 (META) 

Бетонскиот мост на железничката пруга кој се наоѓа меѓу станицата Градско и крстосница Кукуричани, поради кој железничкиот сообраќај на Kоридорот 10 беше во прекин, е комплетно саниран и од вечерва сообраќајот на овој дел ќе биде пуштен во употреба, информираа од МЖ „Инфраструктура“.

„Пред пуштање на мостот за сообраќај, санацијата е извршена во специфични услови при што се извршени специјални прегледи и испитувања со пробно товарење согласно на член 27 од Правилникот за начинот на одржување, начинот на водење на евиденцијаи користењето на податоците од евиденцијата на долниот строј на пругите, се вели во соопштението на претпријатието.


Две жртви во сообраќајки во Арачиново и на автопатот Градско – Велес


Скопје, 21 јуни, 2017 - 14:55 (META) 

Две лица ги загубиле животите во сообраќајни незгоди што се случиле вчера, соопшти МВР. Првата сообраќајка се случила околу 17.30 часот, на улицата 1 во селото Арачиново. А.С. (29) од Арачиново, кој управувал со џип „мерцедес“, удрил во С.Ш. (60), кој починал веднаш, и во едно шестгодишно дете, кое било пренесено во Ургентен центар Скопје.

Откако  удрил во пешаците, А.С. избегал, а три часа подоцна се појавил во полициска станица и кажал дека бил нападнат од непознато лице и затоа избегал.

Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.

Втората сообраќајка се случила на автопатот Градско – Велес, околу 23 часот. Се судриле автомобил „мазда 626“ со велешки таблички, управуван од Н.З. (19) од Велес, и автомобил „цитроен АХ“ со кумановски таблички, сопственост на кумановец, а управуван од непознато лице, кое го загубило животот. Сепак, полицијата според пронајдената лична карта во возилото, претпоставува дека се работи за Б.С. (42) од кривопаланечкото село Псача.

Телесни повреди добиле сопатниците од возилото „мазда 626“ С.З. (46) и еден 16-годишник, кои со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Велес, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.


Сообраќајот кај Стоби се одвива по една лента поради оштетување на мостот


Скопје, 21 февруари, 2017 - 10:23 (META) 

Сообраќајот на автопатот А-1, Градско – Неготино, кај Стоби, се одвива по левата коловозна лента бидејќи десната е затворена за сообраќај поради оштетување на мостот на реката Црна, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по на места влажни коловози.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 


Полицијата трага по 78-годишен жител на Росоман, пријавен за исчезнат


Кавадарци, 18 февруари, 2016 - 13:13 (META) 

Жителка на Росоман, вчера во полициската станица во Кавадарци го пријавила за исчезнат својот 78-годишен свекор Б.А., кој пред четири дена со такси-возило заминал кон болницата во Велес и оттогаш му се губи секаква трага.

Според досегашните сознанија на полицијата, во Градско, Б.А., на свое барање, се симнал од возилото и му кажал на таксистот дека ќе оди на гости во Градско, кај неговата внука. Оттогаш му се губи трагата.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаѓање на лицето.


Повторно затворен за сообраќај патот од мотел „Македонија“ до Градско


Скопје, 14 ноември, 2015 - 11:48 (META) 

За потребите на снимањето на францускиот филм „А фонд“, во тек е прекин на сообраќај на патниот правец А1, на делот од мотел „Македонија“ до Градско, кој ќе трае до 18 часот.

Пренасочување се врши преку стариот пат.


Денеска затворен за сообраќај патот од мотел „Македонија“ до Градско


Скопје, 20 октомври, 2015 - 9:57 (META) 

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

Снимањето на францускиот филм се одвива на делницата од мотел „Македонија“ до Градско од 5 до 18 часот, што значи дека сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација.

Прекин на сообраќајот ќе има в среда на патот А2 Кичево – Охрид, кај Извор. Поради изведување градежни работи (минирање), сообраќајот ќе биде во прекин околу 20 минути, во периодот од 15 до 17 часот.


Автопатот Скопје – Градско затворен за сообраќај, се вози по стариот пат


Скопје, 15 октомври, 2015 - 10:41 (META) 

Екипата на францускиот филм „A фонд“ го заврши снимањето на скопската обиколница и од вторникот снимањето е на дел од автопатот од мотел „Македонија“ до Градско.

Поради тоа, од 5 до 18 часот сообраќајот се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација. Снимањето е планирано да се одвива во работни денови.

Поради обилни врнежи од дожд, сè уште е во прекин сообраќајот на локалниот пат од селото Ропаљце до селото Никуштак, а сообраќајот на другите патни правци во Македонија се одвива по суви коловози.


Ќе се гради пат Кавадарци – Прилеп


Кавадарци, 4 ноември, 2014 - 14:01 (META) 

Денеска, претставници и проектанти од Агенцијата за патишта во салата на општина Кавадарци имаа средба со граѓаните што имаат свое земјиште и се засегнати со процесот на експропријација во делот на патниот правец кој Владата на Република Македонија планира да го гради од наплатаната станица кај Градско преку општина Росоман и Кавадарци до општина Прилеп.

– Стариот пат останува и ќе биде локален пат – соопшти градоначалникот Александар Панов по приемот на претставниците од Агенцијата за патишта во својот кабинет. Владата на РМ работи сериозно на овој проект, а тоа се гледа и од денешната средба со граѓаните и заинтересираноста за експропријација односно давање надомест за одземено земјиште.