fbpx
Таг: градоначалник

таг: градоначалник

АНАЛИЗА: Новите градоначалници ќе имаат повеќе пари за трошење – дали ќе имаат и поголема одговорност пред граѓаните?

Повеќе пари преку дотации по основа на персонален данок на доход и ДДВ од следната година ќе се слеваат во општинските каси. Владата предизборно стокми законски измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со кои локалните власти ќе имаат на располагање повеќе финансии, пишува „Порталб“. Владата тврди дека на ваков начин општините ќе стекнат финансиска стaбилност но...

Вистиномер: Оливер Илиевски не му е братучед на Оливер Спасовски

И покрај ветувањето за чиста кампања, оценуваме невистина искажана од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатот за градоначалник од СДСМ за во Куманово, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост: Партијата ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги кандидатите за градоначалници на СДСМ во повеќе градови, во соопштение до медиумите го тврди следното: Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот...

Вистиномер: Централниот одбор не го потврдува само исклучувањето на Димитриевски од СДСМ, туку расправа во негово присуство

Максим Димитриевски најверојатно ќе биде исклучен од партијата. Но, постапката не е така едноставна како што ја прикажува лидерот Зоран Заев, пишува „Вистиномер“ во новата анализа. Текстот го пренесуваме во целост: Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, даде изјава за постапката и причините за исклучување од членството на партијата на Максим Димитриевски, градоначалник од СДСМ, при што ја искажа следна изјава што...

Вистиномер: Реконструирани улиците „Абас Емин“ и „15 Корпус“ во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески пролетта 2019 година во кампањата за предвремените избори во оваа општина, вети реконструкција и уредување на неколку клучни сообраќајници во Охрид, меѓу кои и улиците „Абас Емин“ и „15 Корпус“, пишува „Вистиномер“ во својата оценка за изборното ветување на сегашниот градоначалник. За прв пат после децении ќе биде уреден влезот на Охрид од Битола, ќе...

Вистиномер: Мостот меѓу Карпош 4 и Злокуќани допрва треба да се гради

„Вистиномер“ анализираше изборно ветување на сегашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, за нов мост на Вардар. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Ветување: Љубљанска преку Вардар, нов мост за Карпош и Скопје! Отвораме директен пристап на карпошани до идниот клинички центар и Бардовци. Ја продолжуваме „Љубљанска“ со мост преку Вардар и ја спојуваме со улицата „Скупи“ и со булеварот „Словенија“ што...

Ана Петровска влегува во трката за градоначалник на Скопје како независен кандидат на „Зелен хуман град“

Поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, денеска беше промовирана како независен кандидат за градоначалник на Скопје која ќе биде поддржана од коалицијата „Зелен хуман град“. Оттаму веќе најавија дека на локалните избори ќе настапат и со независна листа на советници за Градот Скопје. Коалицијата исто така поддржува и независни советнички листи во општините Центар, Карпош...

Вистиномер: Не e изграден нов затворен пазар во Струга

„Вистиномер“ анализираше изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Струга, Рамиз Мерко. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Ветување: Изградба на затворен зелен пазар во Струга со јавно-приватно партнерство    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, во неговата предизборна програма „За Општината што ја сакаме” (стр. 16) со која излезе на локалните избори во октомври 2017 година, вети изградба на нов затворен...

Вистиномер: Не се гледа „светлина“ за ветениот тунел под Кале

„Вистиномер“ го анализираше изборното ветување на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за тунел со улица под Кале, односно „Продолжување на бул. „Свети Климент Охридски“, со мост над реката Вардар и со тунел под Скопското кале и поврзување со булеварот „Никола Карев“ и го оквалификува како неисполнето. Подолу го пренесуваме во целост текстот на „Вистиномер“: Ветување: Продолжување на бул. „Свети Климент Охридски“,...

Отворен за посетители ЗОО-паркот во средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Драчево (Галерија)

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, заедно со министерката за образование и наука и директорката на СУГС „Браќа Миладиновци“ во Драчево, Елизабета Ангелеска, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, денеска ја отворија за посетители мини зоолошката градина – ЗОО Парк и систем за аквапоника - во дворот на училиштето што образува кадри од ветеринарната и земјоделската...

Штипскиот градоначалник назначи нови директори на двете комунални претпријатија

Три месеци по преземањето на градоначалничката функција во Штип, Сашко Николов ги разреши двајцата директори на штипските јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион 2011“, поставени од неговиот претходник Благој Бочварски. „Досегашните двајца директори достигнаа плато, права линија и затоа се назначени нови, кои ќе донесат нова енергија во двете јавни претпријатија“. Вака смената ја образложи градоначалникот Сашко Николов, кој ја соопшти одлуката...

Почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ

Почина долгогодишниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ откако лекарите во загрепската болница „Свети Дух“ ноќеска не успеале да му го спасат животот. Тој бил примен со влошена здравствена состојба, предизвикана од срцев удар. Веста ја потврдија и градските власти кои изразија жалење за починатиот градоначалник. „Со длабока тага ги известуваме сограѓаните, соработниците, пријателите, хрватската јавност дека ненадејно почина градоначалникот Милан...

Општина Штип вработува советник за возен парк со завршен Рударски факултет

Преку јавно објавен оглас, Општина Штип бара шест нови извршители, меѓу кои и замената за пензионираниот раководител на финансии, но и советник за водење на антикорупциска политика и политика на интегритет. Сепак, најголемо внимание во јавноста привлече работното место советник за возен парк, каде за плата од 26.700 денари месечно, се бара некој со завршен Рударски факултет. „Условите се наместени...

Градоначалникот на Петриња не ја сака државната помош: Не ја гледаат штетата, ја делат политички!

Даринко Думбовиќ, градоначалникот на хрватскиот град Петриња, којшто неодамна беше погоден од силниот земјотрес, е разочаран што по катастрофата, жупанијата (областа), односно државата, собира политички поени и не ја дели помошта по критериуми, туку според политичките определби. Затоа, вели Думбовиќ, тој нема да ја прифати таа помош, објави весникот „Јутарњи лист“. „Преспав и решив. Нема да ги земам 30-те милиони...

Новиот градоначалник на Штип, официјално ја презеде функцијата

На новоизбраниот градоначлник на Штип, Сашко Николов денеска му беше врачено решението од Општинската изборна комисија (ОИК), по што и официјално ја презеде фунцијата од в.д. градоначалникот Јане Миланов. Само еден час порано, Државната изборна комисија (ДИК) констатира завршување на пратеничкиот мандат на Николов во Собранието на РСМ со предлог на негово место да се верификува мандатот на велешанецот Мухамед...

СДСМ објави дека е постигнат цензус и прогласи победа на изборите за градоначалник во Штип

Постигнат е цензус на изборите за градоначалник во Штип и според Државната изборна комисија, до 18.30 часот, излезноста е 34,30 проценти односно, излегле да гласаат вкупно 14.328 гласачи. Според партискиот штаб на СДСМ до 19 часот гласале над 14.500 граѓани, со што е исполнет потребниот цензус. Иако почнува процесот на броење на гласовите, штипските социјалдемократи тврдат дека нивниот кандидат, д-р...

Вонредни локални избори за градоначалник, излезноста во Штип е 2,94 а во Пласница 7,37 отсто од запишаните гласачи

Два часа по отворањето на вкупно 77 гласачки места во Општината Штип, Општинската изборна комисија ги сумираше првичните податоци од излезноста на Вонредните локални избори за избор на градоначалник. До 9 часот своето право на глас го оствриле 2,94 проценти од запишаните гласачи, или 1.227 граѓани. Право на глас имаат 41.777 граѓани, запишани во Избирачкиот список во Штип. Според Општинската...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Јованоски бара карантин за градот поради состојбата со ковид-19

Секојдневниот број на новозаболени и просечно по тројца починати заболени од ковид-19 за градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски е причината што тој бара од централниот Кризен штаб да прогласи карантин во градот. „Сметам дека карантин е неопходен за Прилеп. Состојбата е загрижувачка и не смееме да дозволиме да излезе надвор од контрола. Само вчера починаа шест граѓани, а просечно има...

Влошената ситуација со ковид може да ги одложи вонредните локални избори во Штип и Пласница?

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ деновиве треба да заседава, меѓудругото и по најавата јавно изнесена од лидерот Христијан Мицковски за одлагање на вонредните локални избори за градоначалник во Штип и Пласница. Бројките на починати од ковид-19 и секојдневниот висок број на новозаболени дава повод и за едно такво размислување меѓу политичките партии, кои на 13 декември ги очекуваат избори за...

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски позитивен на ковид-19

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски е позитивен на ковид-19, соопшти тој на неговиот фејсбук-профил. „И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на ковид-19 и истиот е позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да...

На 13 декември ќе се одржат избори за градоначалник на општините Штип и Пласница

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип. Изборите на кои граѓаните ќе ги изберат двата нови градоначалника ќе се одржат на 13 декември 2020 година (недела), информираат од Собранието на РСМ. Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...