fbpx
Таг: градоначалник

таг: градоначалник

Гостиварци не знаат каков воздух дишат

Во Гостивар сè уште нема поставено мерна станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. По неколкуте реакции на граѓаните и на здруженијата дека чуствуваат непријатна миризба и пецкање на очите од аерозагадувањето, кое, според нив, е присутно во градот, гостиварската локална самоуправа има поднесено барање до Министерството за животна средина за поставување мерен инструмент во нивниот град, но...

Сопругата на битолскиот градоначалник лани се подновила со стан

Семејството на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, минатата година се подновило со стан во вредност од 65.000 евра. Според податоците на Државна комисија за спречување корупција, во анкетниот лист за имотната состојба на избрани и за именувани функционери, Талески напишал дека минатата година неговата сопруга стекнала стан врз основа на купопродажен договор. За разлика од двата стана, за кои во анкетниот лист на...

Талески: Протестите против загадениот воздух се во мода

Владимир Талески, градоначалникот на Битола, денеска изјави дека и пред да почне да се протестира против загадениот воздух, Oпштина Битола преземала мерки за намалување на загадувањето на воздухот, објави „Радио Слободна Европа“.  - И кога е модерно да се протестира дека воздухот е загаден или колку е загаден, сакам да потсетам дека Општина Битола правеше проекти и пред оваа мода...

Палка за голф и топче заиграа на говорницата на битолскиот општински Совет

Со голф-палка и со топче, кои советникот на ЛДП, Александар Касапов, денеска ги постави на советничката говорница во Битола, опозицијата ја потсети власта на неисполнетите ветувања за голф-терени. По видеоприлогот, пак, на новинската агенција „Мета“ за задолжувањето на Општина Битола со кредит од 2,5 милиони евра за инфраструктура во поранешната касарна, прашањето денеска повторно се најде на седница на општинскиот Совет. Советниците...

Талески нема да се жали на ослободителната пресуда за новинарката Блажевска

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, нема да се жали на пресудата на Основиот суд Скопје, со која тој го изгуби спорот против новинарката Анета Блажевска од Битола. Талески ја тужеше Блажевска за текстот „Колку е богат  Владимир Талески“ објавен во „Утрински весник“ во ноември 2013 година. Тужбата на Талески против новинарката, судот ја отфрли како неоснована, а таа стана правосилна откако...

Кличко повторно избран за градоначалник на Киев

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија, Виталиј Кличко, сојузник на прозападниот претседател на Украина, Петро Порошенко, повторно е избран за градоначалник на Киев. Кличко доби 65,5 отсто од гласовите на локалните избори во неделата, наспроти 33,5 отсто гласови колку што освои неговиот ривал, Борисав Берез, поранешниот член на националистичкото паравоено движење Десен сектор. Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС) која ги набљудувала...

Најсериозната кандидатка за градоначалник на Келн ранета со нож

Најсериозниот кандидат за градоначалник на германскиот град Келн, Хенриета Рекер, денеска била ранета со нож, во напад што го извршил 44-годишен маж, за време на избораната кампања, еден ден пред закажаните избори, соопшти полицијата, пренесуваат медиумите. Рекер, според полицијата, била ранета во вратот, но е надвор од животна опасност. Во нападот, повредени се уште четири лица, од кои едно тешко. Нападот...

Градскиот стадион во Тетово со обновен фудбалски терен

Првата фаза од реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово, која опфаќа нова трева и дренажен ситем, е при крај. Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, која денеска беше на самото место да направи увид на реконструкцијата на стадионот, изјави дека првите фудбалски натпревари на новиот терен ќе можат да се одиграат кон крајот на ноември годинава. - Во согласност со стандардите на...

МВР со детали за инцидентот со поранешниот охридски градоначалник

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија излезе со детали за инцидентот во кој беше инволвиран и поранешниот градоначалник на Охрид. Како што соопшти Министерството, на 3 октомври во 13.45 часот во Охрид на булеварот Туристичка, во канцеларија на Агенција за недвижности „Трим љум“, сопственост на Ќ.М.(55) од струшкото село Биџево, каде бил присутен и А.П. (52), влегол О.С. (52) од...

Нападнат поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески

Во отсуство на официјална информација од раководството на Секторот за внатрешни работи во Охрид, и понатаму кружат многу шпекулации и полувистини околу вчерашниот инцидент, во кој полесно е повреден поранешниот градоначлник на Охрид, Александар Петрески. Инцидентот се случил вчера попладне во канцеларијата на сопственикот на агенцијата за недвижности „Тримлум“, стружанецот Менди Ќура. Со него бил Александар Петрески кога во канцеларијата...

Трепкањето на семафорите е сообраќајна сигнализација, објаснува Коце Трајановски

На денешната прес-конференција на Град Скопје, ниту градоначалникот Коце Трајановски, ниту министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, не знаат поради кого и зошто на Илинденска семафорот трепкал жолто во моментите кога беше прегазен 13-годишниот Давид. - Трепкањето на семафорите е некој вид сообраќајна сигнализација. Семафорите најчесто трепкаат кога доаѓаат некои делегации, најчесто од странство. Од страна на МВР се дава налог...

Со швајцарска помош, Охрид ќе привлекува поголем број туристи

Македонскиот туристички центар Охрид ќе користи швајцарска помош за привлекување поголем број туристи. Помошта од швајцарската влада за развој на туризмот во Охрид, ќе оди преку имплементаторот – Свисконтакт, од Програмата за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ. За тоа денеска е потпишан меморандум со траење од четири години. ИМЕ-програмата, финансирана од швајцарската агенција за развој и соработка, ќе се фокусира на...

Новинарката Анета Блажевска го доби спорот со битолскиот градоначалник

Тужбата на битолскиот градоначалник Владимир Талески, против бившата новинарка на „Утрински весник“ од Битола, Анета Блажевска, за текстот „Колку е богат Владимир Талески“, падна на суд. Основниот суд Скопје 2 ја отфрли тужбата на градоначалникот како неоснована. Талески бараше одговорност и надоместување на штета, за авторскиот текст објавен во ноември 2013 година. Со дописничката Блажевска во истата тужба беа тужени и главниот...

Конституиран Советот на општина Пустец, раководен од МАЕИ

Во Пустец, на конститутивна седница, и официјално е потврден составот на Советот на Општината, кој брои 15 членови, од кои 12 се претставници на победничката коалиција на последните локални избори, предводена од партијата на Македонците – МАЕИ. Советот го верификува мандатот на петнаесетте советници, пред кои заклетва за совесно и одговорно работење даде градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој...

Жителите на Кривогаштани го блокираа патот со Воѓани, бараат негова реконструкција

Жителите на општина Кривогаштани и на околните села, денеска во знак на протест го блокираа регионалниот пат Кривогаштани - Воѓани, барајќи да се реализира најавената реконструкција на регионалниот пат, кој ги поврзува овие две населени места. Реконструкцијата на патот беше дел од изборната програма на градоначалникот на општината, а го има и во програмата на Општината за 2015 година. Патот, како...

Ерион Велиај е новиот градоначалник на Тирана

Ерион Велиај е нов градоначалник на Тирана. Велиај на првиот јавен настап се заблагодари, пред сè, за достоинственото гласање и за довербата што му е дадена. - Нашата победа со 43.000 гласови разлика е многу добра, но ќе поминеме без помпезни прослави зашто работите во градот не се најдобри, затоа и не прославуваме. Ние треба да ги засукаме ракавите и...

Едмонд Темелко, третпат градоначалник на Пустец

Според првите неофицијални резултати од вчерашното гласање на локалните избори во Албанија, Македонците во општина Пустец го освоија градоначалничкото место и осум од вкупно 15 советници, со што и понатаму ќе ја контролираат локалната власт во областа Мала Преспа, населена само со етнички Македонци. Кандидатот на Македонската алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко, освои 80 отсто од гласовите, или вкупно 2.076,...

Тодор Петров – учесник во кампањата за локалните избори во соседна Албанија

Претседателот на Светски македонскиот конгрес, Тодор Петров, директно учествува во кампањата за престојните локални избори во соседна Албанија. Петров, вчера, во селото Горна Горица, Мала Преспа, говореше на преставувањето на програмата на Македонска алијанса за европска интеграција за локалните избори и на кандидатот за градоначалник за општина Пустец, Едмонд Темелко. Темелко и досега ја извршуваше функцијата градоначалник на единствената општина на...

Штипските социјалдемократи поднесоа кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев

Општинската организација на СДСМ во Штип ќе бара кривична одговорност од градоначалникот Илчо Захариев за злоупотреба на службената положба и овластување затоа што не распишал конкурс за избор на директор на јавното претпријатие „Исар“, како што налага законот, изјави претседателот на штипските социјалдемократи, Владимир Милошев. - Со ова, градоначалникот на в.д. директорот му овозможил да предизвика засега неутврдена штета кон...

По еколозите, и опозицијата бара оставка од градоначалникот на Битола

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да си поднесе оставка, побара денеска битолската опозиција на седницата на општинскиот Совет. По најавите на еколозите од здружението „За нас се работи“ дека денеска на протест ќе бараат оставка од Талески, опозицијата на денешната седница излезе со барање Талески итно да си замине од функцијата поради неисполнетите предизборни ветувања и поради тоа што...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...