fbpx
Таг: Градиште

таг: Градиште

СВР Охрид поднесе кривични пријави против организаторите на забавата на плажата Градиште која се случи на 2 август

Охридската полиција поднесе кривични пријави против организаторите на забавата на плажата Градиште која се случи на 2 август. „СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.И.(33), Г.Ј.(34), С.Ј.(34), сите од Скопје и против фирма од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 02.08.2020 пријавените организирале музички настан во Градиште...

Почна рушењето на дивоградбите на плажите кај Канео, следни се Градиште, Свети Стефан и Далјан

На охридското крајбрежје продолжува акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба, а со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО. Вчера истече рокот којшто Општина Охрид им го даде на сопствениците на објекти на потегот на крајбрежјето кај населбите Канео и Далјан, како и делот од „Свети...

Општина Охрид го руши нелегално изградениот ѕид на плажата во Градиште

Општина Охрид го започна рушењето на нелегално изградениот ѕид на една од плажите во авто-кампот „Градиште“. Охридскиот градоначалник Константин Георгиески информира дека градежен, комунален и инспектор за животна средина утрово извршиле увид, по што било констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување на изградениот ѕид. „Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид“, информира...

Се гради „парапетче“ без градежна дозвола на една од плажите во авто-кампот „Градиште“

Викендов во Охрид повторно се актуелизира темата за градежни активности што се изведуваат до самиот брег на Охридското езеро, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од ѕидот што се гради на една од плажите на авто-кампот „Градиште“. Ова предизвикаа голем револт кај жителите на Охрид, кои бараат одговорност за ваквата постапка. За автентичноста на фотографиите потврда стигна и од...

Стопирана постапката за легализација на седум објекти во автокампот „Градиште“

На вчерашната седница на Советот на општина Охрид, беше повлечена предлог-одлуката за легализација на седум бесправно изградени објекти во автокампот „Градиште“. Вршителот на должност градоначалник на општина Охрид, Константин Георгиески истакна дека, причина за ваквиот потег е разрешувањето на досегашната Комисија за денационализација и формирањето на нова од страна на владата, од која ќе се чека мислење поврзано со...

Охридскиот совет решава за седумте бесправно изградени објекти во „Градиште“

Членовите на Советот на општина Охрид денеска на седница, меѓу другите точки на дневниот ред, треба да расправаат и за  легализација на седум бесправно изградени објекти во Авто кампот „Градиште“. Од здружението на граѓани „Оревче“, побараа oтфрлање на предлог-одлуките за легализација на бесправно изградени објекти во авто кампот. Станува збор за околу стотина семејства од Пештани, инаку сопственици на 100.000...

„Охрид СОС“: Продолжува негрижата за животната средина, здравјето и за квалитетот на живот на граѓаните

Во текот на изминативе две години, локалните власти во Охрид и владата наголемо најавуваа големи инфраструктурни проекти во Охридско и покрај предупредувањата од домашни и од странски експерти дека реализација на тие проекти ќе значи дефинитивно уништување на значајни и уникатни екосистеми. Со ваква реакција се огласија од невладината „Охрид СОС“, како што велат, испровоцирани од последните случувања во Охрид...

19-годишно момче почина на плажата Градиште

Деветнаесетгодишно момче починало вчера попладне на плажата Градиште, кај Охрид. На самото место интервенирала и брза помош, но не можело да му се помогне и била констатирана смрт. На телото на момчето немало траги на насилство. Се очекува СВР од  Охрид денеска да излезе со повеќе детали за настанот и да го открие идентитетот на несреќното момче.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...