fbpx
Таг: градинки

таг: градинки

Казна до 4.000 евра за градинките ако инспекторите „фатат“ невакцинирано дете

Државните здравствени и санитарни инспектори, од денеска продолжуваат со контроли по градинките, по времената мерка забрана за прием на невакцинирани деца со МРП вакцина, информира за „Мета“ директорката на инспекторатот, Ирина Бухова. - Нашите инспектори се на терен откако започна забраната. Од сите градинки кои досега се поминати на територија на Скопје, во ниту една не беа направени отстапки. Но,...

Филипче: Невакцинирани деца нема да се примаат ниту на училиште

Нашите заложби се во насока вакцинацијата да стане задолжителна и невакцинираните деца да не смеат да се примаат ниту во градинка, ниту во училиште, изјави во гостувањето на „1тв“ министерот за здравство, Венко Филипче. Тој најави дека се подготвуваат законски измени, според кои, дете кое не е вакцинирано, нема да може да биде примено во градинка или на училиште. - Тоа...

Родителите се раскараа на Фејсбук по забраната за примање невакцинирани деца во градинка

Времената мерка за забрана за примање во градинка на деца невакцинирани со МРП вакцина на Министерството за здравство (МЗ), изминативе два дена предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Според едни, ваквата мерка за забрана треба да биде трајна, а други оценуваат дека министерството само шири паника и дека не треба на овој начин да се условува приемот на деца...

Истражување: Во општините не постои добар пристап до услуги и услови за жените

Разликите помеѓу мажите и жените остануваат на многу високо ниво во области како вработувањето, економијата, политичкото учество, покажуваат податоците од Индексот на родова еднаквост на општините во Македонија. Во општините не постои добар пристап до услуги и услови за жените како што се услугите  здравствената заштита, пристапот до градинки, институции за згрижување на возрасни лица, а нивото на вложувањата во програмите...

Повисока плата за 5% за вработените во градинките од октомври

На денешната 89. седница, Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика да почне подготовки за покачување од 5% почнувајќи од октомвриската плата на повеќе од 4.200 вработени во детските градинки. Како што соопштија од Владата, донесена е и одлука за продолжување со изградбата и опремувањето на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на средни и основни училишта. Била разгледувана...

Тевдовски: 33,4 милиони долари за грантови за градинки и социјални услуги

Грантови за општините за изградба на нови градинки, за реновирање на постоечки и пренамена на постојни објекти во институции за деца на предучилишна возраст, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на отворењето на првата градинка во Oпштина Чашка, каде присуствуваше и министерката за труд и социјала Мила Царовска. Станува збор за проект во износ од 33,4 милиони долари, кој Светска...

Царовска: Во буџетот предвидени се повеќе пари за градинките и минималната плата

Предлог-буџетот на Министерство за труд и социјална политика e околу 700 милиони евра и е со највисок износ од сите владини ресори, а најголемиот дел од средствата одат директно кај граѓаните, рече денеска на прес-конференција, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. На презентацијата на предлог-буџетот, таа додаде дека повеќе пари се наменети за детски градинки и минимална плата, а...

Царовска: Зголемувањето на платата во градинките ќе биде до 2.040 денари

Eфектот од зголемувањето на минималната плата и зголемувањето од 2 процента кај вработените во градинките ќе биде до 2.040 денари во зависност од нивното работно место, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. - Основната бруто-плата пред зголемувањето од 2 процента за септември за одредено работно место би изнесувало 15.090 денари, со зголемувањето од 2 отсто на бруто-платата добиваме сума од 15.392...

И во Карпош ќе има референдум за населувањето мигранти

Советот на Општина Карпош денеска на 73. седница едногласно ја прифати предлог-одлуката за распишување на референдум на локално ниво, на кој жителите на општината ќе се изјаснат во врска со населувањето мигранти на територија на Општина Карпош. Во согласност со одлуката, локалниот референдум ќе го спроведе Општинската изборна комисија на Карпош и општинските избирачки одбори. Советниците, исто така, утврдиле дека...

Почнува двосменското работење во институциите и во градинките

Од денеска повеќе државни институции почнуваат со двосменско работење, во согласност со одлуката што ја донесе Владата. Управата за јавни приходи, Царинската управа, градинките, Управата за водење матични книги, службите за издавање лични карти и пасоши во МВР и одделенијата за одбрана во градовите и во општините во рамките на Министерството за одбрана се првите кои почнуваат со работа...

УЈП, МВР и Царина се меѓу првите институции што ќе воведат двосменско работење

Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, Министерство за внатрешни работи, подрачните единици во Секторот за управно-надзорни работи, Министерството за одбрана први ќе почнат да работат во две смени, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација. Работното време на овие институции ќе биде од 7 до 14.30 часот и од 14 до 21. 30 часот,...

Од 1 септември градинките ќе работат во две смени и секоја прва сабота во месецот

Од 1 септември градинките треба да почнат со двосменското работење, согласно владината одлука, донесена на 10 јули оваа година, соопшти денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Според одлуката, првата смена ќе биде од 7 до 14.30 часот, а втората од 14 до 21.30 часот, а ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од...

Ѓорчев: Владата да објасни зошто ја менува стратегијата за мигранти

Владата и Министерството за труд и социјална политика треба да одговорат зошто ја менуваат стратегијата на Македонија во поглед на мигрантите, бегалците и на странците, со која Македонија од транзитна земја станува земја за траен престој на голем број луѓе што ќе дојдат во Македонија, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев, по повод објавувањето на новата нацрт-стратегија за интеграција на бегалци...

Потребно е економско зајакнување на жените, порача Заев

„Владата ќе работи на подигнување на свеста дека и жените и мажите се еднакво одговорни за домашните активности и за грижата за децата. Поделбата на оваа таканаречена неплатена работа е првиот чекор кон воспоставувањето родова еднаквост“, истакна премиерот Зоран Заев на обраќањето на конференцијата посветена на родовата еднаквост, организирана од Програмата за развој на ОН (УНДП), телото на Обединетите нации...

СДСМ: Миноски да каже за што ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра месечно

Министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски, ќе мора да одговори за што ги задолжил граѓаните 484 милиони евра само во 2016 година. Тоа значи дека секој месец лани, оваа власт во заминување ги задолжувала граѓаните и државата со нови 40 милиони евра, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата додаваат дека со 40 милиони евра, за само еден месец...

Рано е да се каже дали грипот и студот ќе го продолжат зимскиот распуст

Сè уште е рано е да се размислува за тоа дали зимскиот распуст за учениците, кој трае до 18 јануари, ќе биде продолжен поради состојбата со грипот, велат неофицијално од Министерството за образование и наука (МОН). Официјален одговор на прашањето на „Мета“ дали поради грипот се размислува распустот за учениците да биде продолжен, сè уште не сме добиле. Оваа мерка за...

Маж со нож нападнал деца во градинка во Кина

Четириесет и едногодишен маж со нож нападнал група деца во градинка во Кина, пишува британскиот весник „Индепендент“. Осомничениот е уапсен, а засега не се познати мотивите за нападот. „Индепендент“ наведува дека децата не се сериозно повредени. Нападот се случил во градот Пингсјанг, во провинцијата Гуангси. Во споредба со другите земји, насилните злосторства се ретки во Кина, но во последните години се забележани повеќе...

Поради вирози, околу 300 ученици не посетуваат настава во Штип

Поради вирозите и грипот, околу 300 ученици денеска не биле на настава во училиштата во Штип, а од 700 деца, колку што се згрижени во градинките во градот, дури 300 отсуствувале. Во текот на минатата ноќ во итната медицинска помош во Штип, помош побарале стотина пациенти, кои се жалеле на зголемена телесна температура, главоболки и на кашлица. Сепак, од Центарот за јавно...

Комисијата за заразни болести со препораки за грипот, 7.800 лица се заболени во декември

Комисијата за заразни болести информираше дека во системот „Мој термин“ во декември биле евидентирани повеќе од 7.800 лица заболени од грип и очекуваат тој број да се зголеми. На седницата одржана вчеравечер, донеле неколку препораки меѓу кои и да се изврши темелна дезинфекција на сите детски градинки и училишта, како и континуирано да се одржува зголемено ниво на хигиена и почесто да...

СДСМ: Во буџетот за 2017 година не се предвидени 25 милиони евра за 140 градинки

Во буџетот за 2017 година што владејачката партија сака да го донесе, како што може да се види од документот во прилог, не се предвидени 25 милиони евра за 140 градинки како што лажеше Никола Груевски, се вели во соопштението што од СДСМ го испратија до медиумите. Во него се додава дека во ставката за изградба, опремување и за одржување објекти за...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...