fbpx
Таг: градинки

таг: градинки

Порталб: Ганиу го завршува мандатот без да го исполни ветувањето за реконструкција на градинките

Реконструкција на фасадата и опремување на градинки со енергетска ефикасност, реконструкција на оградите, хортикултурно уредување, игралишта со реквизити, урбана опрема, пешачки улички, се дел од предизборните ветувања на „Договорот“ на Висар Ганиу. Во него, тој вети дека ќе ги реконструира сите градинки во Општина Чаир, вклучувајќи ги и горенаведените проекти, како и да изгради две нови детски градинки. Порталб.мк...

За месец и пол, 109 вработени во градинки и 33 деца биле позитивни на ковид-19

Согласно последните податоци на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), од првиот ден кога градинките почнаа да примаат деца на 9 септември досега, регистрирани се вкупно 109 вработени лица во градинка кои биле позитивни на ковид-19 и 33 деца кои посетувале градинки, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. - Дел од нив се излезени од период...

Шахпаска: Регистрирани 15 деца и 44 вработени во градинките кои се позитивни на ковид-19

Министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска информираше дека од отворањето на градинките на 9 септември до денеска, во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни на ковид-19. „Во моментов 44 вработени и околу 190 деца се во изолација. Здравствената состојба на сите нив е добра,“ одговори Шахпаска на новинарско прашање. Таа додаде дека не е изненадувачки што,...

Ќе се забранат домашни слави, забави и собирања по паркови и бензински, маските ќе бидат задолжителни и на отворено

Комисијата за заразни болести предлага нови мерки за да се спречи ширењето. Се предлага да се забранат семејните собири, прослави и слави и секакви забави во домашни услови. Предложено е во еден стан или куќа да се примат најмногу четворица гости, покрај оние кои се со адреса на живеење во домот. Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција...

Во градинките има слободни места бидејќи родители не ги носат децата коишто се запишани

Секојдневната анализа на Министерството за труд и социјална полтитика, покажува дека во градинките постојат запишани деца, меѓутоа нивните родители не ги носат. Дополнително следејќи ја состојбата на дневно ниво, имаме сознанија дека сè уште има слободни места во градинките, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција. „Направена е последна анализа на 2 септември пред отворање...

За четири дена пријавени два случаи на вработени позитивни на ковид-19 во градинките

Министерството за труд и социјална политика известува дека од почетокот на отворањето на градинките на 9.09.2020 година, пријавени се два посебни случаи на вработени позитивни на ковид-19 во две јавни установи за згрижување на деца - детски градинки. „Во првиот случај, се работи за објект „Коца Василевска“ при ЈОУДГ Мајски Цвет , Битола, каде од стана на КЗБ остварен е...

Полесно е да се дисциплинираат децата во градинка одошто децата во Градиште (галерија)

По шест месеци, денеска градинките во државата се отворија за прием на деца. Со мерење телесна температура на влез и со дезинфекција на рацете, денеска едно по едно беа примани децата во градинката ,,Буба Мара" во Аеродром. На подот се означени места со два метри дистанца, на кои родителите треба да чекаат пред објектот за да влезат. Во градинката...

Шахпаска: Таму каде што ќе фалат воспитувачи, општината да обезбеди

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се состана со директори на повеќе градинки од целата држава. На состанокот биле посочени одредени дилеми, за кои, како што информираат во Министерството за труд и социјална политика (МТСП), низ отворена дискусија биле донесени заклучоци и биле расчистени голем број нејаснотии. Министерката кажала дека ако некаде има проблем со недостиг на...

Градинките подготвени да ги примат дечињата, најтешко ќе биде да им се забрани гушкањето (галерија)

За помалку од една седмица (9 септември) градинките во земјава ќе почнат да примаат дечиња, а дотогаш раководствата во згрижувачките установи треба да се подготват согласно протоколите за заштита од ширење на ковид-19. „Мета.мк“ поразговара со неколку директори на градинки и родители во Скопје, пред реотварањето на објектите за најмалите. Општина Чаир е општина со поголем наталитет споредено со некои...

Наставата во училница е неопходна, се подготвуваат правила за работа на училиштата

Во едни училишта во државата има подобри просторни услови, во други полоши. Некаде има многу голем број на ученици, па ќе мора да се воведе учење во смени, а во други пак, има помали паралелки и нема да има потреба од смени. Затоа, наставата со физичко присуство ќе се одвива на различен начин во различни училишта, но важно е...

Полицискиот час нема да се укине, по шопинг и во кладилница со маска и во ограничен број

Комисијата за заразни болести ќе испрати предлог до Владата за олабавување на мерките и да се овозможи ставање во функција најпрво на центрите за едукација, испитните центри, спортските обложувалници и затворените трговски центри, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Овие дејности би функционирале во часовите во кои е дозволено движење на населението. Засега не се планираат промени...

Градинките и школите со празни клупи и дворови поради Ковид-19 (галерија)

Градинките, основните и средните училишта веќе четврти ден се без деца, откако владата ја донесе одлуката да се прекине воспитно-образовниот процес и наставата во наредните 14 дена, почнувајќи од 11-ти овој месец. Воедно, прекинати се и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.

Kлуч на врата за сите градинки, училишта и факултети во следните 14 дена

Комисијата за заразни болести предлага затворање на сите училишта, градинки и факултети во државата во следните две недели, по состанокот кој го одржаа денеска со министерот Венко Филипче. Тој сега ќе го достави предлогот до Владата, која ќе донесе конечна одлука во текот на денот. „Комисијата за заразни болести ги заострува мерките и ги упатува сите основни, средни и високообразовни...

МТСП: Сабота, 14 декември ќе биде работен ден за градинките

Министерството за труд и социјална политика информира дека 14 декември (сабота) ќе биде работен и за градинките. „МТСП ги извести управите на градинките дека по донесената одлука од Владата на својата 167. седница дека 14 декември 2019 година, сабота, ќе биде работен ден за вработените во државните институции потребно е спроведување на истата и од страна на јавните општински установи...

Инсталирани фотоволтаични системи на 108 јавни објекти низ земјава

На училишта, градинки, спортски сали, општински згради, домови на културата и други јавни објекти во 36 општини низ земјава беа инсталирани фотоволтаични централи кои годишно ќе штедат по околу 190.000 евра на сметки за електрична енергија. Во соработка со Европската Унија и Светската банка, македонската влада во изминатиов период постави опрема за производство на електрична енергија од сонцето на...

Во Кочани, Неготино, Кавадарци и скопска Кисела Вода ќе се градат нови градинки

Кочани, Неготино, Кавадарци и скопската Кисела Вода се првите четири општини од вкупно 17 во коишто ќе се градат нови градинки со грант од Светската банка. Само за градежните работи на овие објекти ќе се издвојат 220,7 милиони денари (3,58 милиони евра), информираат од Министерството за труд и социјална политика. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца, и се...

Хелсиншки: Oправдано е условувањето со потврда за примени вакцини за упис во прво одделение

Од уставните одредби, јасно и недвосмислено произлегува дека во случај на одбивање на вакцинацијата од страна на родителите, истите не само што го загрозуваат здравјето на сопствените деца, туку и здравјето на другите лица кои поради медицински контраиндикации не се вакцинирани и на тој начин им го ускратуваат правото на здрав живот. Ова е ставот на Хелсиншкиот комитет за...

Нема упис во прво одделение без примени задолжителни вакцини

За упис на прваче во основно училиште, задолжително треба да се достави потврда за примени задолжителни вакцини на детето. Здравствените власти ќе инсистираат да се почитува законот, кој налага покрај другите документи, оваа потврда да се достави задолжително. Од друга страна, основното образование е задолжително, па она што останува нејасно е - што со оние деца чии родители нема да...

МТСП: Поголеми плати за кадарот во градинките со Законот за детска заштита

Покачувањето на платите на вработените во градинките продолжува и во 2019 година, информираат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП). Од таму додаваат дека со измените на Законот за детска заштита кои што се во собраниска процедура и треба да се најдат на гласање пред пратениците е предвидено покачување на платите на кадарот во градинките. „Со истите измени за прв пат...

Се спремаат законски измени вакцините да станат услов за упис на училиште

Државата ги разгледува сите правни аспекти и законски одредби за вакцинацијата како задолжителен услов за запишување во градинка и училиште. За „Мета“, во Министерството за здравство (МЗ) објаснуваат дека поради одредени отстапки, во моментов и децата што не се вакцинирани се примаат во училиште, но тоа не смее да продолжи како практика. - Со оглед на фактот дека повеќе години...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...