fbpx
Таг: градинки

таг: градинки

И покрај забраната, во градинките и денес се примаат невакцинирани деца

Среде епидемија на голема кашлица (пертусис), денеска во градинките се примаат деца без примена вакцина ДиТеПер, односно деца кои не ги примиле сите потребни дози. Мета.мк се јави во неколку градинки, а директорките со кои поразговаравме, рекоа дека не добиле никакво решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) за забрана за прием. Ова се случува иако пред четири...

Кој контролира дали се почитува одлуката за целосна вакцинација на децата против голема кашлица?

Се почитува ли одлуката за забрана за прием во градинка за деца кои ги немаат примено потребните дози од ДиТеПер вакцината? Во ек на епидемија на пертусис (голема кашлица) во главниот град и во ек на секојдневен пораст на бројот на новозаразени, надлежните тврдат дека директорите на градинките примаат само вакцинирани деца. Но, родители со кои поразговаравме се сомневаат...

Мијат садови без сјај, чистат со џогери со ќебе – што затекнуваат надлежните во училишните кујни и градинките?

Нечиста работна облека, нечисти ножеви и даски, измиени садови без сјај, чистење училишен под или под во градинка со џогер со парче ќебе. Ова се само дел од неправилностите кои ги затекнуваат на терен во училишта и градинки, докторите по хигиена од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ). Тие велат дека сè уште има објекти во кои хигиената на вработените...

Свежо овошје од домашно производство и годинава за децата од градинките

Децата од предучилишните установи ќе добиваат свежи сезонски овошја од домашно производство како кајсии, праски, сливи, круши и јаболка во текот на пет месеци, односно секое дете треба да добие по еден килограм овошје неделно. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на посетата на детската градинка „13 ноември“ во скопската општина...

Храната која се послужува во градинките да обезбеди заштита на здравјето на децата

Со цел да се заштити и унапредува здравјето на децата, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжи со реализација на обуки за безбедност на храната во градинките. Преку овие обуки, како што посочија од АХВ, се превенираат инциденти поврзани со небезбедна храна во предучилиштните установи преку едукација на персоналот за опасностите во храната и правилната примена на HACCP принципите. „Храната која...

До Здравствениот инспекторат постојано стасуваат пријави за нехигиена во училиштата

Во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), постојано стасуваат пријави од училишта во кои хигиената не е на задоволително ниво, вели за Мета.мк в.д. директорката на Инспекторатот, д-р Рената Младеновска. Според неа, пријавите стасуваат од родители, односно од претставниците на Советите на родители, но и од самите наставници кои работат во училиштата во кои не се одржува хигиена. Изминатиов период...

Муцунски најави градба на две градинки во Аеродром следната година

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски најави дека следната година општината планира почеток на градба на две нови градинки, од кои едната ќе биде во населба Лисиче, а другата позади кулите Џевахир. Муцунски денеска ги презентираше плановите за следната година, при што рече дека најважни за Аеродром како најголема општина во земјава, но и општина со најмладо население, се капиталните...

Со договореното покачување, наставникот што сега има 26.000 денари плата, би имал 29.900

Во посредство на помирувач, поминаа 19 дена од процесот на помирување и преговори, во кој Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги приближија ставовите околу висината на платите на вработените во образование. По последната синоќешна средба, министерот Јетон Шаќири соопшти дека почнувајќи со исплата од септември, платите ќе бидат зголемени за...

Престануваат да важат ковид-протоколите во градинките

Ковид-протоколите во предучилишните установи во земјава престануваат да важат во согласност со предлозите од Главниот координативен кризен штаб, кои беа прифатени од Владата, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Владата пред една недела на редовна владина седница донесе одлука со која ги усвои предлозите од Главниот координативен кризен штаб, по препорака на Комисијата за заразни болести за укинување на сите...

Владата и СОНК постигнаа договор, од среда ќе продолжи наставата и работата на градинките

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот...

Попладнево средба на СОНК и Владата, ако нема договор, штрајкот ќе продолжи и утре

Во владата попладнево ќе се одржи нова средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) како уште еден обид да се постигне договор за завршување на штрајкот во училиштата и градинките во земјава. Покрај претседателот на СОНК Јаким Неделков, на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе биде и...

Штрајкувачите ќе добијат само пари за придонеси, штрајкот продолжува и утре

Mинистерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, денеска изјави дека на оние кои штрајкуваат во училиштата и во градинките, ќе им бидат исплатени само придонеси. Таа кажа дека тоа не значи дека врз вработените се прави притисок да го прекинат штрајкот, туку, според неа, тоа е само почитување на законите и колективниот договор. Согласно последната одлука на Советот...

Народен правобранител: Образовниот процес на децата не треба да трпи последици од штрајкот

Правото на штрајк и правото на образование се две уставно загарантирани права, но во ситуација при судир на овие две права, според сите меѓународни документи и според Конвенцијата за правата на детето, предност се дава на правата на децата, што значи дека воспитно - образовниот процес не треба да трпи последици. Ова денеска го изјави Народниот правобранител Насер Зибери. Тој...

Малолетничките бракови во фокусот на новата епизода на „Шорткат“

Проблемот со малолетничките бракови е во фокус на новата епизода на информативната емисија за млади „Шорткат“. Согласно податоците од организациите, тие се особено чести во средини каде што живее најсиромашното население. Освен што склучувањето брак влијае негативно врз здравјето на малолетните девојчиња, тоа е и една од причините што тие престануваат да се образоваат, затоа што од нив се...

СОНК од утре ќе штрајкува, бара Владата да го „одврзе ќесето“

Штрајкот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ќе се одржи утре. Членовите на синдикатот ќе штрајкуваат со неизвршување на работните задачи на работното место, односно ќе бидат сместени во простории што заеднички ќе ги договорат со директорите на установите и нема да ги извршуваат своите воспитно-образовни и згрижувачки дејности, соопшти на прес-конференција Јаким Неделков, претседател на...

СОНК најавува штрајк од 11 април, нема да има настава и згрижување деца

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) донел одлука за организирање на генерален штрајк во образованието и градинките кој ќе започне од 11 април, затоа што не постигнале договор со надлежните за зголемување на платите. Како што соопштија оттаму, во изминатиот период оствариле повеќе средби во Владата, но и со социјалните партнери - министерствата за образование и наука...

Идните воспитувачи мора да знаат да работат со деца уште во текот на студиите

„Голем број на неуспеси што се случуваат во градинките и образованието се адресирани токму во факултетите кои го продуцираат овој кадар. Затоа интензивно работиме веќе две години, со поддршка од Светска банка, на зајакнување на системот на иницијално образование на воспитувачите во нашата земја“, соопшти на денешната панел дискусија денеска професорката Лена Дамовска од Филозофскиот факултет. Настанот е дел од...

Се чека ред за во градинка, а запишани деца не одат заради страв од ковид

Градинките во државата веќе година и пол се отворени за згрижување деца под посебни протоколи во време на пандемија. Директорките на неколку градинки со кои поразговаравме велат дека во некои од нив нема доволно место за да се примат сите деца, па поради тоа листите за чекање се полни, а од друга страна, родители кои си ги запишале децата,...

Паштетите, кечапот, мајонезот, маргаринот и вештачките засладувачи ќе се исфрлат од исхраната во градинките

Работната група за ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките денеска во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) одржала работен состанок, на кој се предложени промени во исхраната на децата во градинките и стандардите за неа. Работната група препорачува зголемен внес на свежо овошје и зеленчук, но и конзервираната храна да биде заменета со замрзната....

Апел до вработените во градинките да се имунизираат, речиси 60 проценти од нив примиле вакцина

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирани да го сторат тоа, со цел непречено одвивање на воспитно-образовниот процес во време на пандемија. „Како ресорно Министерство упатуваме на општествена одговорност на сите вклучени во процесот на воспитување и образование на децата од предучилишна возраст, имунизацијата да продолжи со несмалено темпо...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...