fbpx
Таг: градинка

таг: градинка

Овчи сипаници ги испразнија училиштата и градинките, регистрирани 3.025 случаи

Во училиштата и во градинките е забележан зголемен број на деца со овчи сипаници, па така во некои одделенија речиси половина од учениците отсуствуваат од настава поради појавата на овој вирус. Информацијата дека во овој период е регистрирано релативно зголемување на бројот на лица заболени со овчи сипаници, за „Мета“ ја потврдија и од Институтот за јавно здравје. „Во 2017 година регистрирани се 3.025...

Илијовски: Градинката што ја изгради Жерновски покажува знаци на неквалитет

И кога првпат во својот мандат се осмели да изгради градинка, Андреј Жерновски ја изгради фушерски, изјави на денеска на прес-конференција Илија Илијовски од ВМРО-ДПМНЕ. Илијовски вели дека градинката која чини 2 милиони евра уште веднаш почнала да покажува знаци на неквалитет. - Плочникот во дворот веќе е целосно руиниран и уништен. Автомобили поминуваат и се паркираат врз него секој ден....

Депонија во центарот на Охрид, помеѓу училиште и детска градинка

Освен што не направи ништо за образованието во Охрид, локалната самоуправа го става на ризик и здравјето на учениците, обвинија од СДСМ. Од охридскиот разгранок на партијата побараа градоначалникот Никола Бакрачески и раководството на основното училиште „Григор Прличев“ итно да ја исчистат депонијата што се создава среде најголемото основно училиште и веднаш до централната детска градинка, во центарот на Охрид. - Покрај депонијата,...

Паниката ги проретчи училиштата, МОН чека инструкции од кризниот комитет

Официјален став од Министерство за образование за затворање на училиштата нема, но и покрај тоа, голем дел од родителите самоиницијативно одлучуваат да не ги носат децата на училиште и во градинка. Според информациите на „Мета“ од терен, во некои од одделенијата во училиштата во повеќе скопски општини на настава се присутни половина или една третина од децата. Од Министерството за образование...

Жерновски: 100 деца од градинката „Кочо Рацин” на улица ако МТСП не ги продолжи договорите

„Денеска упатив уште еден апел до Министерството за труд и социјална политика да ги продолжи договорите за 11 вработени за да не се случи близу 100 деца од новата градинка „Кочо Рацин“ да не можат да бидат згрижени“, напиша градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, на својот профил на „Фејсбук“. Тој додава дека на 11 вработени во новата градинка на...

Груевски: Штом нешто влезе во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тоа е завршена работа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска со неколку партиски функционери ги посети селата Бразда, Чучер, Сандево, Мирковци и Кучевиште. Жителите на селата му се пожалиле на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат проблеми со локалниот пат, немаат градинка, ниту, пак, фискултурна сала. Како што пишуваат некои медиуми, жителите на овие села побарале од Груевски нивните барања да бидат запишани во програмата...

Градинката „Корчагин“ го прослави патронатот

Градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ вчера го прослави патрониот празник. Децата пред присутните, меѓу кои беше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, изведоа пригодна програма. Градинката „Корчагин“ прослави 68 години постоење.

СДСМ: Додека децата смрзнуваат, директорката се шета во странство

„Два дена јавната детска установа „Јасна Ристеска“ од Охрид нема централно греење во својот објект „Развигорче“. Таму каде што цел ден престојуваат нашите деца, недозволиво е во зимски услови да нема греење“, обвинуваат од СДСМ. „Дали воопшто директорката реагирала да се надмине таа состојба или сè уште е под импресии од службеното патување како дел од официјалната делегација на Општината...

Општина Центар: Министерството за финансии ја блокира работата на новата градинка

Министерството за финансии го блокира комплетното и нормално работење на новата градинка „Кочо Рацин“, обвинуваат од Oпштина Центар. - Поради недостиг од персонал, во објектот не функционира ниедна група јасли. Најмодерните јасли во Македонија, со подно греење, со кујна по европски стандарди, со посебен влез и лифт, не можат да примат деца бидејќи Министерството за финансии и по 10 барања и...

Светскиот ден на здравата храна одбележан во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“

По повод Светскиот ден на здравата храна, децата од клонот „Пепелашка“ на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, денеска имаа практична едукација. Имено, учителките од градинката им покажуваа на децата како и колку треба да се јаде здрава храна. Министерството за труд и социјална политика, под чија надлежност се градинките, последните години практикува проект за здрава храна во градинките. Преку програмата за едукација на...

СДСМ Центар бара наместо комерцијален објект да се изгради градинка

Советничката група на СДСМ и коалициските партнери остро се спротивставува на злоупотребата на државно земјиште за бизнис-цели, каков што е случајот со комерцијално-деловниот објект на 15 ката, кој треба да се изгради на местото на бараките на јавното претпријатие за станбен и деловен простор. „Бидејки власта сè прави во функција на бизнис-интерес, ова земјиште го обележа како простор од особен државен интерес. Но, тука...

Груевски постави камен темелник на нова градинка во Петровец

Премиерот Никола Груевски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски поставија камен темелник на нова детска градинка во општината која ќе биде со капацитет за 80 деца. Градинката која треба да биде готова за два до три месеци, чини 15 милиони денари, од кои 10 се од буџетот на Општина Петровец, а...

Во Капиштец се гради модерна градинка

Старата, дотраена и нефункционална градинка „Кочо Рацин“ замина во историјата, а првпат по цели 40 години, во општина Центар се гради нова. Во неа се вградени најсовремени материјали, а објектот ќе има енергетски ефикасна фасада, со тројна термичка заштита. - Првпат во Македонија во образовна институција се поставува ваков кровен противпожарен панел кој издржува до 180 минути. Подовите се антиалергени,...

Велигденски појадок – нова традиција во градинките „Корчагин“

Децата и родителите од градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје денеска почнаа традицијата наречена Велигденски појадок. Како што нè информираа од клон-градинката „Пепелашка“, целта е да се создаде традиција во која заеднички ќе учествуваат и децата и родителите. Децата и родителите појадуваа заедно, а негувателките и учителките атмосферата ја направија празнична.

Пуштена во употреба нова градинка во Ѓорче Петров

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, денеска го пуштија во употреба новиот објект за згрижување и за воспитување на деца од предучилишна возраст во состав на ЈОУДГ „Росица“ . - Владата на Република Македонија е насочена кон создавање нови капацитети, нови детски градинки во сите општини во Македонија, а особено...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески си поиграа со 20 вработени во градинка во Охрид

Со судбината на околу 20 вработени во детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид си поиграа ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески. Иако во буџетот беа предвидени 6,56 милиони денари за да бидат исплатени како привремено вработени, сега луѓето се оставени во неизвесност да работат како волонтери, обвинија од општинската организација на СДСМ во Охрид. - Со новиот ребаланс, оваа ставка ја намалија...

Децата од градинката „Срничка“ градеа град од коцки

Дечињата од градинката „Срничка“, по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на градот Скопје, беа во посета на Детскиот културен центар – Карпош,  каде под мотото „Да го изградиме нашиот град“, се приклучија во изградбата на импровизиран град од коцки.  

Отворена првата градинка во Дојран

Првата градинка во Дојран е со капацитет за згрижување на 50 деца
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалнкот на Дојран, Борче Стамов, ја отворија првата градинка во Дојран која ќе згрижува деца од целата општина. Градинката „Кокиче“ има можност за згрижување до 50 деца, а моментално половина од капцитетот е веќе исполнет. Засега градинката ќе работи само по три часа во денот, но надлежните велат дека за два...

Хигиеничарка од градинка во Блатец заболена од менингит, три деца на антибиотска терапија

54-годишна хигиеничарка од детската градинка во виничко Блатец заболела од тешка форма на заразен менингит. По земањето примероци, кај три од вкупно 13 деца што престојуваат во градинката е утврдено присуство на предизвикувачот на болеста. - Заболената жена е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести во Скопје и е во карантин. Стабилизирана ѝ е состојбата и засега не може да се зборува...

Отворена градинка во Кривогаштани

Капацитетот на градинката е за 50 деца
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во Кривогаштани, заедно со градоначалникот Тони Заткоски, ја пушти во употреба новата и прва градинка во општината. Спасов нагласи дека се работи за комплетно нов, современ објект со најнова и најсовремена опрема за оваа прва детска градинка во Кривогаштани. - Ова е заеднички успех зашто изнајдовме начин и средства со заедничка инвестиција од...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...