fbpx
Таг: градење

таг: градење

Лани изградени 3.844 станови – повеќе од половината се во Скопје, а третина во Аеродром

Во текот на 2022 година завршена била изградбата на 3.844 станови, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика. Повеќе од половината од становите се во Скопскиот регион (2.107), додека во одредени градови и региони речиси и воопшто да не се градело. Во Полошкиот регион за една година, лани, биле изградени само 87 станови, од кои...

Општина Центар го затрупа градилиштето на „9 Мај“, инвеститорот не градел според одобрение

Градежен инспектор, припадници на МВР, претставници од Општина Центар, со градежна механизација, утринава интервенирале на спорното градилиште на улицата „9 Мај“ и започнале со затрупување на градежната јама и враќање на локацијата во првобитна состојба, каде инвеститорот градел надвор од издаденото одобрение за градење, информираа од Општина Центар. Градежната инспекција претходно го затворила градилиштето, а во март годинава одговорните биле...

Дрвјата во Расадник родија згради (герила-акција)

Во интересна герила акција група граѓански активисти денеска искажаа протест против градењето без контрола во општина Кисела Вода, односно најавата за изградба на згради на просторот на Расадникот. „Дрвјата во Расадник родија згради. Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во...

Општина Охрид ќе ги послуша препораките од владата за мораториум за градење

Откако владата на вчерашната седница упати препорака на општините од Охридскиот регион да прогласат мораториум на градежните активности сè до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство, како и во рок од 10 дена да изготват акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО, Општина Охрид денеска преку соопштение објави дека ќе ги почитува...

„О2“: Новиот закон за просторно планирање скроен по мерка на бизнисот, а не на граѓаните

Новиот Предлог-Закон за просторно и урбанистичко планирање не нуди решенија за постојниот урбанистички хаос, туку токму спротивното, сметаат од Иницијативата „О2“. „Во ситуација кога Уставниот суд го укина членот 50 од сегашниот закон за просторно и урбанистичко планирање со кој се утврдуваше кои се градбите од државен интерес и како ќе се градат, подалеку од очите на јавноста и кога...

Екологистите бараат од владата мораториум за градење на брегот на Охридското Езеро

Еколошките здруженија, „Фронт 21/42“, „ОхридSOS“ и „Еко-свест“ преку отворено писмо побараа од премиерот Зоран Заев итно воведување мораториум на сите крајбрежни и и урбани трансформации во Охридскиот регион, според препораките на УНЕСКО. Во дописот, здруженијата укажуваат на активности на терен кои веќе значат непочитување на препораката од УНЕСКО – како продолжување на изградбата на спорниот хотел во Лагадин, тампонирање, уништување...

Во Софија забранети градби повисоки од 75 метри

Бугарскиот парламент вчера ги прифати конечните промени во Законот за градење и урбанизам на Софија, со кои се ограничува височината на новите градби во Софија на 75 метри, а во центарот на најмногу 50 метри. Законот беше на иницијатива на софиската градоначалничка Софија Фандкова, и според него, во центарот на главниот град на Бугарија максималната височина ќе изнесува 50 метри,...

Делегации на македонското и на грчкото МНР ќе одржат состанок утре во Скопје

Седмата рунда на консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција, како дел од мерките за градење на доверба помеѓу двете земји, ќе се одржи утре во зградата на министерството за надворешни работи во Скопје, со почеток во 09.55 часот, информираа од таму. „Се очекува во двете делегации учество да земат и претставници на повеќе ресорни институции“, се...

Еколозите загрижени дека туристичко Банско ќе го проголта паркот Пирин

Од Лондон преку Софија до Сиднеј, на 4, 11 и 18 јануари годинава во 20 бугарски градови и во 8 светски метрополи, илјадници луѓе маршираа на протести против најновите законски измени донесени во Бугарија со кој значително ќе се намали територијата на националниот парк „Пирин“ за сметка на зимскиот центар „Банско“, инаку многу популарна дестинација и меѓу македонските граѓани....

Богоев ветува ревидирање на урбанистички планови во Карпош

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефан Богоев, денеска вети дека ќе се ревидираат сите урбанистички планови во општина Карпош. Тој не кажа дека ќе се прави ревизија на досегашнтие. - Вчера со граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4 се договоривме веднаш по преземањето на локалната власт во Општина Карпош, целосно и темелно да го ревидираме носењето на детални...

Изградбата на џамијата на Попова Шапка продолжува, иако нема дозвола за градба

На Попова Шапка деновиве повторно продолжија градежни активности за изградба на џамија која нема дозвола за градба. Инвеститорот не се откажува од изградбата на џамијата дивоградба, иако тетовскиот општински инспекторат во изминативе две недели, двапати бил на местото каде што се гради и му наложил да го запре градење. Иако и двете забрани беа испочитувани неколку дена, ископите за поставување на...

ВМРО-ДПМНЕ: Секој кој ќе излезе на улица, може да види во чие време се градело

Македонија денес е една од најмалку задолжените земји во Европа и покрај европската должничка и светската економска криза, што е резултат на успешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, во кое се повикува министерот за финансии, Кирил Миноски да каже за што ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра месечно. - Лагите на СДСМ...

„Да ја спасиме Попова Шапка“: Наместо да го градат, институциите го уништуваат центарот

Попова Шапка е оставена без никаква инфраструктура, одржување и без конкретен проект за модернизирање на туристичките капацитети. Ова денеска на прес-конференција го истакнаа граѓаните што ја поведоа иницијативата под мотото „Да ја спасиме Попова Шапка“. Тие се загрижени што центарот наместо да се гради, се уништува за овие 15 години. - Попова Шапка е претворена во трпеза на која не се знае кој јаде...

Градел хотел на диво, на земјиште на МПЦ

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (56) од струшкото село Биџево, за кого, според полицијата, постои основан сомнеж дека бесправно градел. Пријавениот, без одобрение за градење, продолжил со градба на туристичко-угостителски објект во местото Еленско, во близина на хотелот „Макпетрол“ на струшкото крајбрежје. Се работи за доградба на 11 единични објекти, исто така бесправно почнати со градба во 1993 година....

Во јули издадени 256 одобренија за градење

Во јули се издадени 256 одобренија за градење, што е за 28,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.462.458.000 денари, што е за 37,9 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181...

Во јуни се издадени 274 одобренија за градење

Во јуни се издадени 274 одобренија за градење што е за 47,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.405 372.000 денари што е за 52,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење,...

Македонија и Грција одржаа нова рунда разговори за мерките за градење доверба

Во Атина се одржа нова рунда разговори за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција. Со оваа средба меѓу претставниците на грчкото и на македонското министерство за надворешни работи во Атина, се продолжува дијалогот за зајакнување на меѓусебната соработка во повеќе различни сектори за приближување на двете општества. Според информациите од грчкото МНР, на оваа рунда разговори се разговарало за...

Лани 1.061 објект биле бесправно изградени

Во земјава во текот на минатата година, бесправно биле изградени 1. 061 објект, објави Државниот завод за статистика. Според видот на објектите, бесправно се изградени 232 објекти за домување, 163 доградби, надградби и адаптации, 104 деловни објекти и 82 гаражи. Според податоците на ДЗС, најголем дел од дивоградбите, односно 98,4 проценти, се приватна сопственост.

Во февруари се издадени 335 одобренија за градење

Во февруари годинава се издадени 335 одобренија за градење, што е за 48,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.872.239.000 денари, што е за 228,3 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 197...

Зголемен бројот на одобренија за градба во ноември во однос на истиот месец од 2014 година

Во ноември 2015 година се издадени 318 одобренија за градење, што е за 13,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.981.924.000 денари, што е за 66,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење,...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...