fbpx
Таг: градба

таг: градба

Министерството за транспорт и врски потврди дека нема да се градат „Шпанските скали“ на плоштад

Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“, со што на сила останува решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, информираат од општина Центар. Инаку, општина Центар, на 12.5.2020 година, донесе решение со кое го огласи за ништовно одобрението...

Инженерите може да понудат решенија за загадениот воздух

Градовите може да станат одржливи и да бидат подобро место за живеење доколку се искористи креативноста на инженерите, беше констатирано на денешното одбележување на Светскиот инженерски ден во Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ). „Како што инженерите проектираат и градат објекти и сообраќајници, треба и да понудат решенија за намалување на загадувањето како најголем предизвик во урбаното живеење,...

Во Охрид воведен мораториум на градба и усвоен Акциски план за препораките на УНЕСКО

Советот на општина Охрид на денешната седница ја усвои одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови, со што се воведува мораториум за градба во оваа општина. Воедно, советниците одлучија времено да се прекинат и постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти во Охрид, а го усвоија и Извештајот и Акцискиот план на владата...

Гасоводот на Водно и натаму се гради надвор од прописите

Досега не е пристигнато барање од Јавното претпријатие „Македонски eнергетски ресурси“ (МЕР) до Министерството за транспорт и врски за измена во тек на градба за делот од гасоводот преку парк-шумата Водно, изјави за „Мета“ Кире Коцевски, портпаролот на ова министерство во одговор на прашањето дали МЕР, како инвеститор, има добиено дозвола за работа на изменетата траса на гасоводот, на делницата ЛОТ5. Спред...

Непродадени стојат 5.000 станови, а се градат над 10.000 нови (инфографик)

Не стивнуваат реакциите во јавноста по најавата дека висококатници ќе се градат на паркингот спроти Градскиот трговски центар во Скопје кои ќе уриваат нови рекорди во височина по објектите на „Џеваир“ во општина Аеродром. Кој ќе ги купува овие станови и дали на пазарот воопшто има потреба од толкава станбена експанзија ако сега зад трговскиот центар „Рамстор“ исто така...

Владата не планира да ја стопира прекумерната изградба за да го спасува зеленилото во Скопје

Дел од мерките кои Владата ги предвидела во Програмата за намалување на аерозагадувањето за ревитализација на зеленилото во Скопје се и подигнување на зеленило со средствата добиени од изградбата на гасоводот на Водно, редизајнирањето на јавните запуштени површини, посебно локациите покрај Kејот на реката Вардар и покрај Лепенец, стимулирањето на изградбата на зелените покриви како и трансформација на други...

ССК бара да не се укинуваат веќе донесените ДУП-ови, бидејќи компаниите трпат штети

Да не се укинуваат веќе донесените детални урбанистички планови (ДУП), бидејќи на тој начин се доведува во прашање правната сигурност на инвеститорите во градежниот сектор кои трпат големи финансиски штети. Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори (ССК), Ивица Јаќимовски. Тој додаде дека „самиот процес на прекин на градба значи финански...

Автопатот Демир Капија – Смоквица денеска ќе биде пуштен во употреба

По неколку одложувања, автопатот Демир Капија - Смоквица, денеска и официјално ќе биде отворен во 12 часот од страна на премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. На автопатот, наместо три, како што беше предвидено, ќе има две патарини - eдната кај Гевгелија, другата кај Демир Капија. Како што претходно информираше директорот на...

Општина Охрид: Наскоро ќе донесеме соодветна правна одлука за хотелот во Лагадин

Општина Охрид донесе решение за поништување на правосилноста на одобрението за градба на хотелот во Лагадин, на што инвеститорот со жалба го обжали предметното решение до соодветната второстепена комисија при Министерството за транспорт и врски, од каде жалбата на инвеститорот е уважена, а предметот е вратен на повторно одлучување на Општина Охрид, се вели во реакцијата на Општината на соопштението...

„Охрид СОС“: Продолжува изградбата на хотелот во Лагадин без одобрение за градба

Инвеститорот Никола Толевски ја воскресна изградбата на хотелот во Лагадин со кој се прекршуваат 13 закони, еден подзаконски акт и Уставот, и тој се гради без никакво одобрение за градба, велат од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“. По претставката што иницијативата ја доставила до Инспекцискиот совет, оттаму добиле одговор дека „градбата на објектот е повторно почната без никакво одобрение за градба“. „Ги испративме истите...

Инспектор на Општина Центар побарал да запре иградбата на улица на кејот, изведувачот одбил

Овластен инспектор за градежни работи на Општина Центар побарал да запрат градежните работи за изградба на улица на Кејот 13 Ноември, кои почнале рано утринава, но изведувачот одбил да запре со работа и продолжил со градење, информираат од Општината. „Овластениот инспектор на Општина Центар, по налог на градоначалникот Андреј Жерновски, утринава пристигна на градилиштето на кејот, на кое повторно, во...

Нов обид за изградба на улица на Кејот 13 Ноември

На кејот на Вардар од утрово има нов обид да се продолжи со изградба на бесмислената улица, а овластениот градежен инспектор на Општина Центар веќе се упати на местото, соопшти утринава преку својот фејсбук-профил, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. „По веќе добро познатото сценарио, избран е ден - недела, пред празник, продолжен викенд, рано наутро, кога сите спијат. Убеден сум...

Битола ќе добие парно греење следната година, вели Мицкоски

Tендерот за избор на градежна компанија што ќе ја гради топлификациската мрежа во Битола ќе биде објавен до крајот на мај, информираше генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, при посетата на РЕК Битола. Следната година се очекуваат и првите приклучоци на централно греење во Битола, кое ќе биде од РЕК Битола. - До крајот на годината се очекува да почне изградбата на...

Шест загинати при уривање градба во Мексико

Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени при уривање на дел од објект во изградба во Мексико Сити каде работниците останале заробени под бетонска плоча. Несреќата се случила синоќа по локално време во дел од градбата, која требало да биде повеќекатна гаража за трговски центар во квартот Оливар де Лод Падрес. Шефот на цивилна заштита на градот Мексико, Фаусто Луго,...

„Охрид СОС“ повторно бара Општина Охрид да го поништи одобрението за градба во Лагадин

Активисти на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ велат дека се згрозени од последните изјави на Општина Охрид, во врска со одобрението за градба на хотел во Лагадин. „Општина Охрид упорно го продолжува своето безочно противзаконско дејствување, но не можеме да кажеме дека очекувавме да постапат законски имајќи го предвид импресивниот обем на прекршени закони и подзаконски акти, како и Уставот на...

Општина Охрид не се откажува од контроверзниот хотел во Лагадин

Постапката за издавање одобрение за градење хотелски комплекс во Лагадин се води според законски пропишана процедура, се вели во реакцијата на Општина Охрид на соопштението од „Охрид СОС“ во кое невладината организација известува дека Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам бара од Општина Охрид да го поништи незаконски издаденото одобрение за градба. „Уште еднаш повторуваме дека целокупната постапка за донесување на...

Во ноември лани биле издадени 363 одобренија за градење

Во ноември 2016 се издадени 363 одобренија за градење, односно 14,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6,03 милијарди денари, што е за 0,8 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 219 (60,3...

Kвалитетната градба e услов за стабилни објекти при силен земјотрес

Во Македонија постои традиција и техничка регулатива за проектирање, изведба и за контрола на градби отпорни на силни земјотреси. Но, регулативата треба да се почитува во целост за да може објектите што се проектираат и се градат да се сметаат за сеизмички отпорни. Ова е еден од заклучоците на домашните експерти кои учествуваа во дискусијата на стручниот форум посветен на сеизмичката...

Во септември издадени 297 одобренија за градење

Во септември се издадени 297 одобренија за градење, односно за 6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.088.315.000 денари, што е за 21,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 196 (66 проценти) се наменети...

Пораст на побарувачката и на понудата на станови

Понудата и побарувачката на станови и на деловни објекти е голема, а банкарските услови за земање станбени кредити се релаксирани. Ова е генералниот заклучок на учесниците на денешната прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија. „Континуираниот пораст на расположивиот доход на населението, паралелно со стагнацијата на цените на пазарот на недвижности во посткризниот период, води кон заклучок дека моќта за...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...