fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Арсовска го именуваше Александар Трајановски од партијата ГРОМ за заменик градоначалник на Скопје

Скопската градоначалничка Данела Арсовска на позицијата заменик градоначалник на Град Скопје го именуваше Александар Трајановски, информираат од Град Скопје. Александар Трајановски е член на Советот во Град Скопје од партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски, која што на минатогодишните локални избори настапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Трајановски кажа дека во Советот ќе дејствува надвор од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. „Имајќи во предвид дека...

И заменичката на Арсовска поднесе оставка

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска ги загуби својата заменичка и поддршката од Алијанса за Албанците. Заменик градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази на прес-конференција пред бараките на Град Скопје поднесе оставка, порачувајќи дека партијата Алијанса за Албанците повеќе не ѝ дава поддршка на скопската градоначалничка. Оставката на Абази уследи по оставките на неколку в.д. директори на јавни претпријатија основани...

Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки

Скопската градоначалничка Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки. Градот Скопје соопшти дека денеска се назначени нови в.д. директори на јавните претпријатија под капата на градската администрација, а чии директори си дадоа оставки во изминативе десетина дена. Како што стои во соопштението од Град Скопје, со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева,...

Оставка си поднесе и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“

Директорот на „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски денес поднесе оставка на функцијата директор на јавното претпријатие. „Ценам дека новиот политички амбиент во Град Скопје нема да ми дозволи максимално да се фокусирам на најважното а тоа е успешно менаџирање на претпријатието. Токму поради тоа, се повлекувам од должноста в.д. директор. Зад себе оставам и добиени налози за работа од кои...

Контраспин: Штетите од спиновите за пречистителната станица може да станат многу поскапи од 136 милиони евра

Сè додека за тоа што навистина се случувало не се произнесе официјално овластен орган, со добро поткрепени докази кои во транспарентна постапка би биле на увид на јавноста, секое натамошно обвинување во една или друга насока од двете главни партии во земјава, плус од Арсовска, може да се оцени како извртување на вистината. Од ова силно спинување, освен вистината,...

Директорите на ЈП „Улици и патишта“, „Лајка“ и „ЈСП Турс“ си поднесоа оставки

Директорот на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов, директорот на „Лајка“ Воислав Димитровски и директорот на „ЈСП Турс“ Филип Василевски си поднесоа оставки со образожение дека немале комуникација со скопската градоначалничка Данела Арсовска. „Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП Улици и патишта. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката...

ЗНМ ја поздрави одлуката на Елемент ПР да го прекине договорот со Град Скопје

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на агенцијата Елемент ПР за спогодбено прекинување на договорот со Град Скопје како општествено одговорен потег. „Како агенција што секојдневно соработува со медиумите и новинарите, целосно го почитуваме новинарството, кодексот и принципите на работа. Дел од тимот на агенцијата се поранешни новинари што е дополнителна причина за почитување на новинарскиот етички...

Контраспин: Ако Арсовска се однесува „како четиригодишно дете“, кабаетот, сепак, е кај ВМРО-ДПМНЕ

Проблемите кои сега се на површина меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу подлабоки, а на самата партија одамна ѝ се познати. Тие требало да се воочат и да се надминат уште пред локалните избори, кога ѝ понудиле, а Арсовска прифатила (или обратно), партијата да не истакнува свој кандидат на локалните избори, туку да ја поддржат нејзе....

Градоначалничката Арсовска го разреши директорот на Водовод, Златко Перински и секретарот Ѓоко Велковски поради Пречистителната станица

Раководството од Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради „самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер“. Во прашање  е тендерот вреден 136 милиони евра за големата пречистителна станица за Скопје, за што „Мета“ пишуваше неколку пати во изминативе две и пол години. Од истата причина, разрешен е и секретарот...

ЗНМ реагира на постапката на град Скопје: Рекламирање со јавни пари е забрането

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) алармира за постапката на градот Скопје, кој преку јавна набавка планира да инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни телевизии и онлајн медиуми за промоција на активности на градот. Kaко што се наведува во соопштението од ЗНМ, според огласот за јавна набавка, достапна на електронскиот систем за јавни набавки, градот Скопје предвидува...

Населбата Серава цела ноќ „будна“ поради поплавите: Ај што не доаѓаат да нѝ помогнат, туку ни на телефон не одговараат

Поројните врнежи завчера попладне ја поплавија населбата Серава во општина Чаир, која што се наоѓа на само 2,5 километри од центарот на Скопје. Екипата на Порталб.мк посети дел од куќите кои настрадаа од поплавите. Жителите чистеа цела ноќ, но и преку ден, бидејќи подрумите и другите простории им беа полни со вода. Бараат од општинските или централните власти да им...

Повторно пропадна камион во фонтаната од 2,5 милиони евра на плоштад „Македонија“

Површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е магнет за камиони. По неколку месеци, денеска повторно пропадна камион во фонтаната од проектот „Скопје 2014“, за чија изградба се потрошија над 2,5 милиони евра. На централниот скопски плоштад во моментов течат подготовките за организација на годинешното издание на „Пиволенд“. Од Градот Скопје најавуваат санкции против субјектот чиј камион влегол на плоштадот „Македонија“. „Приватен субјект со...

Град Скопје ќе ја возобновува професијата оџачар, нуди бесплатни обуки

Во рамки на проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe“, Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за избор на кандидати за бесплатна настава и обука за оџачари, информираат градските власти. „Проектот има за цел да обезбеди контрола на загадувањето на воздухот во Скопје на начин на кој ќе обезбеди услови за одржување на бесплатна настава и...

Општините претворени во паркиралишта и се дават во ѓубре, никој не работи на Законот за комунална полиција

Ќе добијат ли Скопје и другите македонски градови комунална полиција? Дали законите за чистота, комунален ред, зеленило, паркирање и многу други, кои се одамна усогласени со европските и го уредуваат речиси секој аспект од урбаното живеење, конечно ќе добијат и вистинска примена во праксата. Долгогодишни се барањата на граѓаните на улиците да се вратат маалските полицајци. Редот и чистотата...

Град Скопје ги објави повиците за субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети

Градот Скопје денеска ги објави јавните повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди и за електрични тротинети во 2022 година, информираат градските власти. „Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето преку стимулирање на граѓаните на...

Матка ќе се репрогласи како споменик на природата до крајот на годината

Кањонот Матка сè уште чека репрогласување како споменик на природата и вистинска заштита на реткостите кои можат да се најдат на овој локалитет. Министерството за животна средина во моментов работи на додефинирање на текстот на Нацрт-законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата, откако ги доби писмените забелешки од Градот Скопје, Општината Сарај и другите засегнати институции....

Руски, азербејџански гас или мазут – на што Скопје ќе се грее претстојнава грејна сезона?

Пазарот на природен гас во Северна Македонија е либерализиран, па затоа трговците на големо самите можат да се договараат од каде ќе набават гас. Вака отприлика би звучел поедноставено одговорот од Министерството за економија на прашањето на Новинската агенција Мета за тоа дали земјата планира увоз на руски гас за претстојната грејна сезона од што зависи загревањето на домовите...

Град Скопје одби да гради брз автобуски транспорт, со ребалансот повлечени парите за нов јавен превоз

Скопјани нема да добијат брз автобуски транспорт (БРТ) во Скопје оти градските власти одбиваат да го реализираат проектот вреден 70 милиони евра, за кој веќе се обезбедени средства преку заемот од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Инаку, претходното градско раководство во октомври лани го распиша меѓународниот тендер за изведба на првата БРТ линија од Ново Лисиче до...

Драган Илиевски е нов в.д. директор на Зоолошката градина во Скопје

Драган Илиевски е новиот вршител на должност директор на Зоолошката градина во  Скопје назначен од скопската градоначалничка Данела Арсовска, информираат од Град Скопје. Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а има завршено магистерски студии по економија, се...

Град Скопје во петок ќе прска против комарци

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во петок (5 август) ќе започне дезинсекцијата против ларви од комарци, а на 8 август (понеделник), дезинсекцијата против возрасни форми на комарци. „Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на Градот Скопје ќе се реализира на 5 август во текот на денот. Авионската дезинсекција, против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје...

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...