fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Иницијативата Владата да ја преземе реконструкцијата на Универзална не се најде на советнички дневен ред

Советниците во Советот на Град Скопје денеска не прифатија да се најде на дневен ред иницијативата Владата да ја преземе реконструкцијата на Универзална сала од Град Скопје. „Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи“, изјави вчера координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот...

Градските советници го одбија предлогот милениците да се возат во автобусите на ЈСП

Во автобусите на ЈСП нема да можат да се возат миленици. Советот на Град Скопје не ја прифати иницијативата на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), домашни миленици да можат да се возат во јавниот превоз. Во своето образложение на иницијативата, Драгана Велковска од ЗХГ рече дека милениците, додека се возат во јавниот превоз, би биле затворени во транспортер. „Самата иницијатива не ја...

Град Скопје сепак не може без приватните превозници, распишан нов јавен повик за 16 автобуски линии

Град Скопје распиша нов повик за приватни превозници во јавниот превоз. Иако градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека јавниот превоз во главниот град може да функционира и без нив, Градот по трет пат објавува оглас, откако претходните два поминаа неуспешно. Новиот јавен повик се однесува за вкупно 16 линии, односно за линиите со број 9, 11, 11А, 12, 19, 20, 22,...

Автомобилски делови и гуми украдени од гаражите на Град Скопје

Крадци влегле во гаражите на Град Скопје и украле автомобилски делови и гуми, соопшти МВР. Кражбата се случила вчера, а во полициската станица во Центар ја пријавил еден од вработените во Град Скопје. „Вработен пријавил на записник дека од гаражи сопственост на Град Скопје на подрачјето на Центар со употреба на сила и тврд предмет било влезено и биле...

Катастрофален пад на бројот на патници во скопскиот јавен превоз [инфографик]

На градско-приградските линии од скопскиот јавен превоз лани биле превезени нешто помалку од 28,5 милиони патници, што е за фрапантни 15 милиони патници помалку во споредба со бројот на превезени патници што ЈСП-Скопје го имал пред почетокот на ковид-19 пандемијата. За експертите ова се катастрофални резултати во работењето и бараат час поскоро да се вратат приватните превозници во сообраќај...

Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор

По неколку месеци натегања, приватните превозници и Град Скопје постигнале усмен договор околу исплатата на долгот од 1,5 милиони евра, а до петок очекуваат три јавни повици на кои ќе можат да се пријават. „Конечно имаме договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавните повици“, изјави...

„Сите за МКЦ“ со барања до Град Скопје – регуларен конкурс за избор на директор и зголемување на буџетот

„Кратењето на програмскиот буџет на МКЦ за 92% е крајно неприфатливо и сериозно ја загрозува способноста на МКЦ да ги одржува мноштвото културни настани кои редовно ги одржува години наназад. Дополнително, поставувањето в.д. директор кој не е од сферата на културата и не е од редот на вработените на МКЦ е крајно нерегуларно и повторно ја загрозува способноста на МКЦ да функционира со полна пареа како што функционирало со години“, се вели во писмото на „Сите за МКЦ“

Скопскиот воздух во јануари: Центар опасно му се приближува на рекордерот Лисиче во аерозагадувањето [инфографик]

Чистиот воздух бил мислена именка за Скопје и во изминатиов јануари. Измерените податоци за квалитетот на воздухот покажуваат голем број на денови во кои се надминати дозволените среднодневни вредности на ПМ-2.5 и ПМ-10 честички во воздухот. Споредено со јануари 2022 година, годинава имало нешто помал број на денови кога било надминато максималното дозволено загадување од 50 микрограми ПМ-10 на...

Мета факт: Нема абер од чистење на дивите депонии во Скопје, кому му текне фрла ѓубре кај ќе стигне [фото]

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна „Програма за модерно Скопје“ пред одржувањето на локалните избори во 2021 година како едно од клучните ветувања што ги даде пред граѓаните беше чистењето на сите диви депонии во првите 82 дена од нејзиното доаѓање на власт. Екипа на Мета.мк во текот на јануари 2023 година беше на неколку локации низ Скопје,...

Вработените во МКЦ одговараат на Арсовска: Не ни го уништувајте ќејфот и љубовта кон работата

Вработените - се членови на Програмскиот колегиум на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, денеска одржаа прес-конференција, на која одговорија на вчерашните обвинувања изнесени од скопската градоначалничка Данела Арсовска. На денешниот настан тие не можеа во целост да одговорат на обвинувањата изнесени кон претходниот директор Ванчо Богоев, но потенцираа дека тој е отсутен од пресот од оправдани причини и...

Сите за МКЦ пред Град Скопје, Арсовска со обвинувања за криминал

Триесетина минути пред движењето „Сите за МКЦ“ да одржи протестен собир пред Градот Скопје поради кратењето на буџетот и смената на директорот на јавната установа од областа на културата која е исклучиво посветена на младите, прес-конференција одржа градоначалничката Данела Арсовска. Таа, во свој препознатлив стил на конфронтација, го нападна поранешниот директор и го обвини за криминал најавувајќи кривична пријава. Арсовска...

Буџетот скратен, директорот спастрен: По половина век постоење, МКЦ Скопје е на колена

Помалку од еден месец откако Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ) одбележа половина век од своето основање, култната институција посветена исклучиво на младите се соочува со најтешкиот период во богатата историја. За време на мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, во МКЦ има драстично намален буџет, смени на директори, протести, заклучени врати и многу нејаснотии. Поранешниот директор, а сега раководител на...

И „Зелен хуман град“ со 15 предлози за намалување на аерозагадувањето во Скопје

Од иницијативата „Зелен хуман град“, која што има и советници во Советот на Град Скопје, имаат 15 предлози за намалување на аерозагадувањето во Скопје. Од нив, шест мерки се за итно постапување. Притоа, од „Зелен хуман град“ најпрво бараат Советот на Град Скопје да ѝ препорача на Владата да го задолжи УХМР да започне со прогнозирање на температурните инверзии...

„Титан Усје“: И ние ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината

Обвинувањата против Цементарница УСЈЕ АД Скопје се невистинити, па затоа ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината, реагираа денеска од цементарницата, откако градските власти соопштија дека ја поднеле најавената кривична пријава против нив, во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице, Борис Хрисафов. „При вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена...

Градските власти денеска ја поднесоа најавената кривична пријава против „Титан Усје“

Градот Скопје денеска ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице - Борис Хрисафов, соопштија градските власти. Тој, како што велат оттаму, како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се...

МКЦ, Зоолошката градина и „Водовод и канализација“ добиваат нови директори, Богоев реагира

Градоначалничката Данела Арсовска ги смени в.д. директорите на Младинскиот културен центар (МКЦ), ЈП „Водовод и канализација“ и Зоолошката градина. На директорката на ЈП „Комунална хигиена“ ѝ го продолжи мандатот, информираа од Град Скопје. За нов директор на ЈП „Водовод и канализација“ е назначен Драган Илиевски, а досегашниот директор Марјанчо Митовски, кој на позицијата беше назначен од редот на вработените, продолжува...

Инспекторатот за животна средина ѝ даде задолжение на „Усје“ да користи гас за греење во котларата

По извршените мерења на емисијата на гасови и прашина од оџаците на печките, котларата за парно греење и амбиентниот воздух во кругот на цементарницата „Усје“, при што било утврдено надминување на граничните вредности на азотни оксиди кај котларата за парно греење која користи мазут, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ѝ даде неколку задолженија и рок за извршување на...

Кривична пријава од Град Скопје за цементарницата „Титан Усје“ поради загадување на воздухот

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска иницирала покренување кривична постапка против цементарницата „Титан Усје“ зашто го загадува воздухот, почвата и водата, со што се предизвикува опасност за животот и здравјето на луѓето. Таа денеска на прес-конференција истакна дека на иницијатива на градот и во соработка со Министерството за животна средина, изминатиот месец извршени биле мерења на испустот на гасови...

На ниски температури, со загаден воздух и меѓу вируси, скопјани се соочуваат со метеж во јавниот превоз

Хаосот со јавниот превоз продолжува да владее во Скопје, откако веќе неколку месеци не се наоѓа решение за стабилизирање на состојбата, додека граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на институциите, кои се законски обврзани да обезбедат редовен и ефикасен јавен превоз во Скопје, пишува Порталб.мк.  Автобуските постојки низ Скопје се преполни со граѓани кои на ниски температури се принудени да...

Средношколците разочарани оти не ги добија ветените производи за менструална хигиена

Сојузот на средношколци со жалење констатира дека средношколките во Скопје оваа година не ги добија ветените бесплатни производи за менструална хигиена. Иако оваа мерка беше широко поддржана од целокупната јавност, таа не се спроведе во текот на 2022 година, наведено е во реакцијата од Сојузот. „Многупати се случувало средношколките сами да се организираат за да донесат производи за менструална хигиена...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...