fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

ЈП „Паркови и зеленило“ ги покри палмите од „Скопје 2014“ за да не измрзнат

Палмите коишто беа поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ деновиве добија заштитни вреќи за да не измрзнат. ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека палмите покрај Кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје превентивно ги заштитиле поради ниските температури на воздухот. „Деновиве нашите екипи превентивно ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар“, се пофалија на Фејсбук од ова...

Обезбеден е организиран превоз за учениците и студентите со попреченост

За ученици и студенти со попреченост е обезбеден организиран превоз од нивното место на живеење до средните училишта и факултетите во Скопје каде што учат и студираат и назад со адаптирани возила, информираат од Град Скопје. Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје ќе се реализира со адаптиран автобус и минибус комбе. Од...

Снег во Скопје: Улиците проодни, велосипедските и пешачките патеки останаа неисчистени [фото]

Снегот којшто ноќва започна да паѓа во Скопје утрово им предизвика проблеми во движењето на граѓаните кои се движеа пешки или со велосипед низ главните улици во градот. Снегот од околу 5 сантиметри којшто падна во главниот град се чисти од главните булевари и улици, но службите на Градот Скопје заборавија на чистењето на велосипедските и пешачките патеки. Мета.мк утрово...

Градот Скопје формираше Совет за поддршка на женското претприемништво

Скопските градски власти денеска го формираа Советот за поддршка на женско претприемништво, којшто има за цел посветување на поголема поддршка на жените претприемачи, креирање политики за родово буџетирање, унапредување на родовата рамноправност и програми за финансиска поддршка за жените кои ја почнуваат својата претприемачка приказна. „Важно е да се работи на родово сензитирано буџетирање во Градот Скопје, кое како инструмент...

Градот Скопје почна да чисти депонии на приватни имоти, но и да ги казнува сопствениците

Инспекторите за животна средина на Град Скопје деновиве почнаа акција за чистење и казнување за приватни депонии, односно имот на кој сопствениците дозволиле од негрижа или од лукративни причини да се креира отпад во скопските општини, информираат градските власти. Врз основа на пријава од граѓани или самоиницијативно, инспекторите за животна средина прво вршат инспекциски надзор, ја констатираат состојбата на терен...

Викендов 14 казни за фрлање и за палење на отпад на територијата на Скопје

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје, составени од комунални инспектори и инспектори за животна средина, изминатиов викенд изрекоа казни за палење оган на отворено, како и за недозволено фрлање отпад, информираат градските власти. „Затекнати и санкционирани се лица кои палеле оган на отворено во Шуто Оризари за што се изречени две казни. Во општината Бутел, пак, во близина на последната...

И граѓаните од околните градови го чекаат бесплатниот јавен превоз во Скопје

Патувањето со воз или автобус од околните градови им предизвикува големи трошоци на граѓаните од Куманово, Велес и Тетово, коишто секојдневно патуваат на работа, школо или по други обврски во главниот град. Од градовите коишто гравитираат околу Скопје има дневен прилив на илјадници граѓани, коишто имаат избор да патуваат со автомобили, коишто го зголемуваат сообраќајниот метеж и проблемот со...

Градските власти почнаа да ја чистат депонијата кај железничкиот мост меѓу Трубарево и Лисиче

Градот Скопје денеска започна со чистење на депонијата кај железничкиот мост на реката Вардар на потегот помеѓу Трубарево и Лисиче. На оваа депонија во општина Гази Баба секојдневно се исфрла комунален отпад и градежен шут кој придонесува кон загадување на почвата, подземните води и воздухот, информираат градските власти. „Градот во соработка со јавните претпријатија интензивно ќе работи на целосно чистење...

Град Скопје сè уште нема систем за изнајмување велосипеди како алтернативен превоз

Во услови на рекорден број на регистрирани автомобили на скопските улици и константно намалување на бројот на превезени патници во јавниот превоз, во Скопје веќе четврта година по ред не функционира системот за изнајмување на велосипеди, со којшто раководеше ЈП „Градски паркинг“. Со некогашниот проект „Скопје изнајми велосипед“, на дел од паркинзите во главниот град се изнајмуваа јавните велосипеди со...

Град Скопје: Се чистат депонии во Лисиче и Кисела Вода

Градот Скопје информира дека се исчистени две депонии во Лисиче и во Кисела Вода, како дел од проектот за чистење и средување на над 120 мапирани депонии низ Скопје. На дивата депонија во Лисиче кај Усјански канал подигнати се вкупно 538 метри кубни  на смет, шут и кабаст отпад и вегетација, а исчистена е вкупна површина од 1345 метри...

Град Скопје: Обврска да ја отстрани галијата кај Холидеј Ин е на оној што ја поставил

И покрај тоа што Градот Скопје го започна рушењето на една од трите галии во строгиот центар, по неколку месеци од почетокот на постапката објектот спроти Холидеј Ин не е отстранет. Новата градска власт вели дека самиот инвеститор којшто ја изградил галијата е оној што треба да ја отстрани од речното корито во Вардар. Мета.мк изминативе денови забележа паднато дрво...

На барање на студентите, читалната во библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе работи нон-стоп

Работното време на читалнaта во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, по барање на студентите, се продолжува на 24 часа, соопштија од Град Скопје. Ова било договорено на вчерашната средба на градоначалничката Данела Арсовска со претставничките на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ), Ева Цветковска и Вера Палевска. Цветковска и Палевска во име на студентите...

Паднато дрво со денови закотвено во коритото на Вардар, на терен „галиите“ не се рушат [фото]

Паднато дрво и друг отпад со денови се закотвени во речното корито на Вардар во центарот на Скопје. Мета.мк на 2 и 9 јануари ја забележа препреката од дрво кај една од „галиите“ спроти Археолошкиот музеј, додека денеска истото дрво беше закачено на една од врбите и повеќе од една недела наназад не е отстрането. Наталожениот отпад кај „галијата“ ја...

Стотина сензори ќе се поставуваат на градски објекти во Скопје, ќе се бараат изворите на аерозагадувањето

Советот на Градот Скопје прифати амандман на советниците на Зелен хуман град и се обврза од градскиот буџет да инвестира 700.000 денари за поставување на хипер-мрежа на сензори за мерење и локациско мапирање на аерозагадувањето во главниот град. Со овие средства ќе треба да се постават стотина сензори за мерење на аерозагадувањето на градски институции и средни училишта, но...

Загадувањето на воздухот повторно алармантно, нема реакција од институциите

Во првите денови од 2022 година, аерозагадувањето во земјава достигнува загрижувачки нивоа, но изостанува реакција на институциите. Веќе втор ден по ред, мерната станица во скопско Лисиче и Струмица е регистрирано присуство на ПМ-10 честички во воздухот над прагот за алармирање, но нема реакција од институциите. Според измерените податоци од мерните станици со кои управува Министерството за животна средина и...

(Фото) Град Скопје не организираше новогодишен огномет, но затоа скопјани не потфрлија

За прв пат по долги години, локалната власт во главниот град Скопје не организираше огномет при дочекот на Новата Година. Сепак, како што може да се види од фотографијата, скопјани не потфрлија во поглед на искористените пиротехнички средства точно на полноќ.

ВМРО-ДПМНЕ повторно сака промена на имиња на улиците: Од „Ленинова“ во „Аминта III“, од „Блаже Конески“ во „ВМРО“

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на град Скопје побара повторно да се променат имињата на улиците, булеварите и мостовите во главниот град. Ваквиот предлог беше ставен на седницата од страна на советничката Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, а советниците со 24 гласови „ЗА“ од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците прифатија оваа точка да се стави на дневен ред...

Дождот и ветерот го намалија аерозагадувањето, од утре јавниот превоз во Скопје не е бесплатен

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање поради загадувањето на воздухот со ПМ-10 честички во Скопје и Струмица. „На ден 28.12.2021, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје - Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и Струмица“, информираат од...

Екологистите бараат построги мерки и координација меѓу институциите против аерозагадувањето

Наместо тесно-партиски ставови и обвинувања, од Еко-свест бараат многу позасилени напори и работење во континуитет за изнаоѓање системски одржливи решенија, со кои аерозагадувањето во Скопје ќе се намали, а со тоа и ризиците по здравјето на неговите жители. Од Еко-свест велат дека голем дел од краткорочните мерки и препораки, како и нивниот ефект, зависи од тоа колку ќе бидат прифатени...

Од денеска повторно ќе сообраќаат ноќните линии на ЈСП-Скопје

Ноќните линии во скопскиот јавен превоз се воведуваат од денеска, информираат од Град Скопје. Во ноќните часови ќе сообраќаат 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Притоа, автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б ќе сообраќаат секојдневно, додека преостанатите линии ќе бидат во функција во деновите од викендот или...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...