fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје од утре со летно работно време

Од утре, 01.06.2022 година, ЈП „Градски паркинг“ започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д, информираат денеска од Град Скопје. Паркирањето во зоните А,Б,Ц и Д ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07:00 до 23:00 часот, односно подолго во споредба со зимското работно време кое се применуваше до денешниот ден.

Да се биде велосипедист во Скопје значи да си учесник во сообраќајот од втор ред

Исечени столпчиња за заштита на велосипедските патеки, паркирани автомобили на просторот каде што треба да се движат велосипедистите, необележани или несоодветно обележани велосипедски патеки, неискастрени гранки од дрва што висат над патеките, контејнери за отпад на патеките и бројни шајки, стакло, песок и други опасни материи за гумите на велосипедите. Ова е грдата слика од велосипедската инфраструктура во Скопје,...

Град Скопје на превозниците ќе им исплати 60 отсто од долгот за март, 19-ка и 20-ка ќе возат нормално

Приватните автобуски превозници што ги одржуваат градско-приградските линии во Скопје денеска со Градот Скопје постигнаа договор, со што од утре приватните превозници ќе продолжат нормално да сообраќаат на линиите „19“ и „20“. Градот Скопје и приватниот превозник „Макекспрес“ за Порталб.мк потврдија дека е постигнат договор откако вчера граѓаните беа приморани да користат други автобуски линии за да се возат...

По исклучувањето од сообраќај на линијата број 19, ЈСП Скопје денеска доби нов в.д. директор

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) доби нов директор, една седмица откако на претходниот в.д. директор Иван Илиевски, кој на функцијата беше само пет месеци, му беше прекинат мандатот. Назначувањето доаѓа во време кога јавниот автобуски превоз во Скопје е нарушен и линиите 19 и 20 речиси не функционираат бидејќи приватните превозници се револтирани од тоа што Град Скопје...

Загубите на вода за пиење и лани над 60 отсто, во некои општини достигнува и до 92 отсто [инфографик]

Проблемот со загубите на вода за пиење во Македонија и понатаму е горливо прашање за општинските власти. Процентот на неприходувана вода и во 2021 година изнесувал над 60 отсто, во услови на сè поголемо влијание на климатските промени во земјава. Иако се бележи намалување на национално ниво од 1,48 отсто на процентот на неприходувана вода, сепак и лани имало...

Директорот на ЈСП си заминува пет месеци по назначувањето, Град Скопје вели му истекол мандатот

По помалку од пет месеци од назначувањето од страна на градоначалничката Данела Арсовска, в.д. директорот на ЈСП-Скопје, Иван Илиевски заминува од директорското место на најзначајното јавно претпријатие во главниот град. Веста ја објави порталот СДК.МК, од каде наведуваат дека директорот Илиевски вчера ја доставил оставката до градоначалничката Арсовска. Од СДСМ, пак, соопштија дека наместо да воведе нови автобуси и бесплатен...

По 240 одиграни натпревари, познати победниците од средношколската лига на Град Скопје

Во спортската сала на СУГС „Кочо Рацин“ во скопската населба Ѓорче Петров вчера се одиграа финалните натпревари од завршниот градски ФАЈНЛ ФОР на средноучилишната лига на Град Скопје – скопски регион, за учебната 2021/2022 година, информираат од Град Скопје. Победниците во футсал, ракомет, кошарка и одбојка се избраа по над 240 одиграни натпревари во изминатиов период. Во машкото финале во...

Наесен Скопје ќе може да почне со реорганизација на автобуските линии од јавниот превоз

Првата фаза од изработката на Студијата за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз во Скопје е завршена, а до крајот на септември треба да биде целосно готов стратешкиот документ со кој треба да се реорганизира скопскиот јавен превоз, информираат за Мета.мк од Градот Скопје. „Во изминатиов период се започна со анализа на постоечката состојба на јавниот превоз...

„Шанса за Центар“ бара да се утврди дали пожарот во „Треска“ е подметнат и какви материи се чуваат во фабриката

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ реагираа по пожарите што вчера и денеска ја зафатија поранешната фабрика за мебел „Треска“ во центарот на Скопје. Тие бараат да се утврди дали пожарот во „Треска“ е подметнат и какви материи се чуваат на оваа локација. „Старите хали повторно горат кога е во ек јавна дискусија за тоа што ќе се случува понатаму...

Арсовска се сретна со продавачите на стари книги, Град Скопје не одговара кој ширел дезинформации

Скопската градоначалничка Данела Арсовска се сретна со претставници на закупците на дрвените куќарки на Кејот „13 Ноември“, кои продаваат стари книги и други антикварни предмети. Таа им објаснила дека новата постапка за издавање на дрвените куќарки од Градот Скопје ќе се води со крајна цел заштита на закупците кои продаваат книги на кејот. Арсовска со закупците разговараше за затекнатата...

Град Скопје ќе распишува оглас за куќарките на кеј, велат продавачите на стари книги го оштетиле буџетот

Град Скопје преку јавен оглас ќе бара субјекти коишто ќе ги користат дрвените куќарки на Кејот „13 Ноември“. Продавачите на стари книги и други антикварни предмети кои ги користат дрвените куќички на Кејот „13 ноември“ добиле наредба од Градот Скопје да се иселат, заедно со своите залихи, најдоцна до 21 април, објави вчера Мета.мк. Градските власти во соопштение до медиумите...

Град Скопје ги брка продавачите на антикварни книги, стрипови и плочи од кејот на Вардар

Продавачите на стари книги и други антикварни предмети кои ги користат дрвените куќички на Кејот „13 ноември“ добиле наредба од Градот Скопје да се иселат, заедно со своите залихи, најдоцна до 21 април. Според изјавите на упатените лица кои сакаа да останат анонимни, градот на овие лица, од кои дел се претставници на социјално ранливи категории, не им понудил алтернатива...

Линијата „4“ од денеска поминува крај пазарот и црквата во Ѓорче Петров, сменети возни редови на пет линии

ЈСП-Скопје соопшти дека од денеска, линијата „4“ ќе изменета траса на движење, заедно со усвоените уште четири други измени на линиите од градско-приградскиот превоз. Од денеска линијата „4“ вози по малку изменета траса, односно во правец кон Хром наместо да врти лево на кружниот тек кај Порта Влае, продолжува право покрај пазарот и потоа на кружниот тек кај црквата „Свети...

Град Скопје не го поддржа единствениот фестивал за феминизам ПРВО ПА ЖЕНСКО

Единствениот фестивал за феминизам и феминистичка култура во Северна Македонија, ПРВО ПА ЖЕНСКО годинава остана без средствата од Град Скопје. Градските власти одлучија да не ја поддржат овогодинешната музичка програма на фестивалот којшто годинава го слави јубилејното десетто издание, информираат организаторите Тиииит! Инк. „Оваа година ППЖ го слави своето јубилејно десетто издание, па затоа се потрудивме и програмата на фестивалот...

Молк од градските власти за идејата за воведување на градска железница во Скопје

Четиридецениската идеја за воведување на градско-приградска железница како надополнување на јавниот превоз во Скопје не наидува на воодушевување кај новата градска власт. Скопскиот регион располага со 95 километри железничка пруга која што е недоволно искористена во моментов, наспроти преоптовареноста на патната инфраструктура. Уште во 1982 година, скопските градски власти пробале да го воведат јавниот превоз со возови на релациите...

Град Скопје во акција за сечење и кастрење дрвја во Кисела Вода, жителите негодуваат [фото]

Утрово жителите на населбата Кисела Вода се разбудија од звукот на моторните пили. Качени на дигалката од камиончето, работници на ЈП „Паркови и зеленило“ беа ангажирани од Град Скопје да ги сечат и кастрат дрвјата во парковите околу станбените згради на улица Христо Татарчев. Иако имаат решение да ги сечат и кастрат дрвјата коишто се обележани со симболи „С“ и...

Загубите на вода за пиење во Скопје лани достигнале над 60 отсто [инфографик]

На 22 март се одбележува Светскиот ден на водите, на којшто меѓу другото, секое општество покажува колку ја вреднува и цени водата за пиење која како ограничен ресурс ја користи. Во Скопје, со години наназад процентот на неприходувана вода во водоводниот систем се движи околу 60 проценти, што е исклучително негативен процент во однос на прифатливите загуби на вода...

По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња [Фото]

По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња, соопшти прес-службата на Град Скопје. „Лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште“, истакна директорот на Зоолошката градина – Скопје, Кристијан Стаменов. Градот Скопје ги известува сите љубители на животни...

Зелениот катастар е само замислена алатка, дрвјата ја губат битката со бетонот

Градското зеленило не се зголемува. Четири години по донесувањето, законот за урбано зеленило кој превиде 25 квадратни метри зелени површини за секој жител, не донесе сериозна промена. Останува впечатокот дека во градовите никнуваат само нови згради, а не и дрвја. Граѓаните и понатаму поголемиот дел од годината се борат за капка чист воздух, а не ретко мораат и самите...

Скопски средношколци и наставници ќе бидат дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“

Во 23 средни училишта на Град Скопје деновиве започа реализацијата на четвртиот циклус тримесечна бесплатна онлајн настава за изучување на македонскиот, албанскиот и турскиот јазик. Наставата е наменета за ученици и наставници, а истите се дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ предвиден во Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост и во Програмата за...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...