fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Од симбол на солидарноста до универзална негрижа – хроника на Универзалната сала

Утрово изби застрашувачки пожар во Универзалната сала во центарот на Скопје. Полицијата се обидуваше да ги престрои луѓето додека пожарникарите се бореа против пламенот, а веќе полураспаднатата Универзална сала за помалку од еден час си го запечати своето место како објект од историјата. Од ова историско здание остана само новата метална конструкција која, исто така, беше делумно опожарена. Универзалната сала...

Недоизграден половина од „Мега-паркот“ што го ветија општина Чаир и Град Скопје [галерија]

Состојбата на терен на „Мега-паркот“ е далеку поразлична од дигитализираните фотографии од проектот за овој парк што го промовираа општина Чаир и Град Скопје во март минатата година. Овој простор и претходно беше парк, но со новиот проект е реконструиран и додадени се некои патеки и реквизити. Во паркот нема ниту корпи за отпадоци, а ги нема и фонтаните,...

Пропадна проширувањето на улицата „Цветан Димов“, Град Скопје пренаменил 2,3 милиони евра за исплата на долгови

2,3 милиони евра за проектот за проширување на улицата „Цветан Димов“, или поинаку позната како улицата кај „Јахја Паша“, Градот Скопје ги повлекол и ги пренаменил за покривање на обврските на Град Скопје кон Министерството за финансии, велат од Општина Чаир еден месец откако градоначалникот на оваа општина,  Висар Ганиу, изјави дека со Данела Арсовска немаат ни комуникација, ни соработка...

Наредната недела ќе продолжи изградбата на Универзална сала

Следната недела ќе продолжи реконструкцијата на Универзална сала во Скопје, рече на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Владата ја презема концертната сала од Град Скопје по двeгодишен застој при промената на градоначалници. Костадиновска-Стојчевска рече дека одложувањето на работата на салата се должи на тоа што градоначалничката Данела Арсовска не ја предавала документацијата за салата на министерството. „Поминавме еден многу интересен...

Скопје се подготвува да се кандидира и за Европска престолнина на млади

На иницијатива на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и бројни младински организации, Град Скопје отпочна со подготовки за престижната титула за град на млади, која ја доделува Европскиот младински форум со цел да ги охрабри младите да го зголемат младинското учество во градовите кои конкурираат за оваа титула. „По големиот успех со изборот на Град Скопје за Европска престолнина...

Аеродром се дави во ѓубре, општината бара Град Скопје итно да преземе мерки

По десетина ургенции, упатени апели и писмени барања до градот Скопје, деновиве повторно Аеродром е пренатрупан со отпад. За жал, главните улици и контејнери кои се во надлежност на Градот Скопје повторно се неисчистени и во лоша состојба, реагираат од Општина Аеродром. Фотографии од ѓубрето расфрлано околу контејнерите во Општина Аеродром, кое не е исчистено со денови, се споделуваат и...

Неплатени сметки вчера ја оставија библиотеката „Браќа Миладиновци“ без струја – трет пат за помалку од две години

Без струја вчера останала Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Причина за исклучувањето биле неплатени сметки за електрична енергија и за дистрибуција на истата. Исклучувањето на струјата во библиотеката, во рамки на која функционира и најпосетуваната читалница во главниот град, се случува среде испитна сесија на најголемиот универзитет, „Св. Кирил и Методиј“. Струјата во објектите на оваа јавна установа утрово повторно...

Бени Шаќири е нов директор на МКЦ

Музичарот Арбен Шаќири од денеска е назначен за директор на Младинскиот културен центар, а од утрово веќе дошол во МКЦ. Тој ја поднесе својата кандидатура за директорското место изминатата година. Другите кандидати за оваа позиција беа продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, како и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер...

Јавен превоз во Скопје утре ќе има до 9 часот, вработените во ЈСП одат на протест

Автобусите на ЈСП утре ќе вршат превоз на патници од 4.30 до 9 часот изутрина, а од 10.30 часот вработените ќе заминат на протест пред Град Скопје, додека се одржува вонредната седница на Советот на Град Скопје каде што треба да се одлучува дали претпријатието ќе добие субвенции. Автобусите на ЈСП ќе бидат паркирани во базите на претпријатието во Автокоманда...

Од понеделник ќе нема јавен превоз ако не се изгласаат субвенции за ЈСП

Скопјани од понеделник може да останат без јавен превоз доколку Советот на Град Скопје не свика итна седница на која ќе ги изгласа субвенциите за ЈСП за 2024 година, се заканија трите репрезентативни синдикати на Јавното сообраќајно претпријатие. „Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со...

„Златен медал“ од новинарите за Данела Арсовска за нетранспарентност

Колку Владата е подолго на власт толку понетранспарентни стануваат институциите, велат повеќе новинари со кои разговараше Мета.мк, а во однос на тоа колку се задоволни од транспарентноста на владините, јавните и државните институции, локалната самоуправа во годината што измина. Општ впечаток е дека по доаѓањето на Димитар Ковачевски на премиерското место, транспарентноста на Владата е намалена, односно често се...

Арсовска го разреши Зоран Глигоров, ја назначи Наталија Митовска за нов секретар

Преку соопштение Град Скопје денеска информираше дека е разрешен секретарот на град Скопје, Зоран Глигоров, кој беше во фокусот на интересот на јавноста поради наводни пријави за семејно насилство. На негово место ќе биде назначена Наталија Митовска, за која во соопштението се вели дека била на високи раководни функции во Владата. Инаку, Митовска е сопруга на Александар Митовски, сопственик на порталот...

ЈСП: Билетите за бесплатен превоз за 2024 мора да се продолжат

ЈСП-Скопје ги потсетува возрасните лица кои се корисници на бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела, да ги заверат билетите за наредната година, ако сакаат да го користат правото на бесплатно возење во посочените денови и во 2024 година. Од ЈСП информираат дека процедурата се врши во било кој центар за персонализација, со лично присуство и лична карта на...

Градскиот совет Ќосето го постави кај Ист Гејт, други одлуки не можат да донесат

Нова редица од деструктивни одлуки донесоа денеска советниците во Советот на град Скопје. Набавката на еколошки автобуси за ЈСП-Скопје не се изгласа, исто како што не помина ниту одлуката за изградба на брзиот автобуски систем - БРТ во Скопје. Не поминаа ниту предложените измени кај субвенциите што треба да се издвојат за јавните претпријатија во 2024 година, а ретко...

Советот на град Скопје го усвои буџетот за 2024 година

Со 25 гласа „за“, еден „против“ и двајца „воздржани“, Советот на град Скопје попладнево го усвои градскиот буџет за 2024 година. Во салата присуствуваше минимал број на советници неопходен за да се изгласа буџетот на Град Скопје за наредната година, односно присуствуваа само 28 од вкупно 45 советници. Евидентно беше дека во салата недостигаат најголемиот број од советниците на ВМРО-ДПМНЕ,...

Скопскиот буџет за 2024 пред советниците: Политикантство и по некој амандман

Советот на град Скопје денеска расправа за усвојувањето на градскиот буџет за 2024 година. Од ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток укажаа дека на седницата треба да биде присутна градоначалничката Данела Арсовска, генералниот секретар на градот Скопје и претставник на Секторот за финансии при градот Скопје. По кратката пауза што ја даде претседателот на советот Трајко Славески за да дојде претставник...

Новогодишното украсување во Скопје ќе го проверува Финансиската полиција

Управата на финансиската полиција од понеделник ќе го испитува новогодишното украсување спроведено од Град Скопје, за коешто деновиве имаше лавина реакции. Надлежните власти ќе ја проверат постапката за спроведување на набавката за новогодишното украсување во главниот град. Скопската градоначалничка Данела Арсовска тврди дека украсувањето на скопскиот градски плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар биле финансирани преку јавен повик, кој бил...

Слаткар, Дарио и фолк пејачи за дочек на новогодишната ноќ на скопскиот плоштад

Комората на музичка индустрија во соработка со град Скопје, со спонзорство на „Дајмонд Мол“, го подготвиле списокот на музичари кои ќе настапат на дочекот на новогодишната ноќ на плоштадот „Македонија“. Изборот годинава е на македонски музичари, па така предвидено е на 31 декември да настапат „Тринити Стрингс“, Слаткар, Дарио и „Мерак меана“ со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова,...

Скопје не е само номинирано, туку и избрано за европска престолнина на културата во 2028 година

Скопје ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година, заедно со градовите Чешке Будјејовице од Чешката Република и Бурж од Франција. Веста дека Бурж ќе биде европска престолнина на културата е точна, но објавата што ја анализираме, манипулира дека Скопје само било номинирано да биде престолнина на културата. Како што објаснија од Градот, според правилата на Европската комисија, во...

Општина Центар новогодишно украсена, Град Скопје во фаза на украсување

Општина Центар го заврши новогодишното украсување во центарот на Скопје, додека кај Град Скопје оваа обврска е во тек на реализација. На помалку од 20 дена од новогодишната ноќ, локалните власти информираат за текот на реализацијата на новогодишното украсување. „Годинава општината е украсена на повеќе локации каде се поставија новогодишни елки, светлосни фигури, украсни лед сијалици и други новогодишни украси....

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...