fbpx
Таг: грабеж

таг: грабеж

Патарината „Глумово“ ограбена откако илјадници возила се вратија во Скопје од продолжен викенд

Наплатната рампа „Глумово“ на автопатот Скопје - Тетово рано утрово била ограбена од засега непознати разбојници. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), во 4:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патарината „Глумово“ две лица со закана со оружје извршиле разбојништво, при што го одзеле дневниот промет. Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на...

Ограбена бензинска во Виница

Непознато маскирано лице вчера, околу околу 03.00 часот ја ограбил бензиската пумпа „ЕЛ-ГО“, на место викано „Липечко поле“, во Виница. Како што соопшти полицијата, маскираниот крадец му се заканил со пиштол на вработениот и одзел засега неутврдена сума на пари од дневниот промет, по што побегнал од местото на настанот. СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за...

Ограбен малолетник под закана со пиштол

Четиринаесетгодишник од Скопје вчера во 17:45 часот пријавил дека непознато лице извршило разбојништво врз него, соопшти Министерството за внатрешни работи. Малолетникот кога влегол во влезот на зградата, сторителот со закана со пиштол му одзел мобилен телефон, по што побегнал во непознат правец. Се преземат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Фатен еден од разбојниците што ја ограбија „Халк банка“

Осомничениот Е.М. (29) од Скопје е приведен и доби кривична пријава поради грабежот во експозитура на „Халк банка“ на 3 ноември годинава. Пријавениот заедно со уште две, засега непознати лица, на улицата Александар Урдаревски во експозитура на „Халк банка“ извршил грабеж, при што одзел околу 1.200.000 денари. „Е.М. и едно од двете лица извадиле пиштоли, заканувајќи им се на вработените и...

Украдени пари и накит од куќа во Тетово

Непознати сторители ограбиле куќа во сопственост на Џ.К. во Тетово вчера откако со употреба на сила и тврд предмет ја отвориле пластичната шибер балконска врата од приземјето. Крадците одзеле 700 евра, два црни ковчега во кои имало златен накит и бижутерија и кутија со златен ѓердан со што предизвикале вкупна материјална штета од околу 600.000 денари.

Ограбени двајца малолетници во Скопје под закана со нож

Две непознати лица вчера извршиле разбојништво врз двајца малолетници од Скопје во центарот на градот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 18.00 часот во Скопје на ул.“Димитрија Чуповски“, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз двајца малолетници М.Т. и Н. М. од Скопје, одземајќи им околу 1200 денари, а потоа со трчање се...

Нападнати и ограбени тројца малолетници на Партизанска

На булеварот „Партизански одреди“ синоќа се извршени две разбојнишва врз малолетници, откако непознати лица нападнале две малолетни лица од Ресен и Другово и едно лице од Скопје. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во првиот случај во 18.05 часот во Скопје кај автобуската постојка извршено е разбојништво врз две малолетни лица А.М. од Ресен и М.Б. од село Другово кичевско,...

Кривична пријава за скопјанец кој се обидел да ограби две менувачници

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Н. (45) од Скопје, поради сомнение дека се обидел да ограби две менувачници, во Карпош и во Центар. Како што соопшти МВР, Б.Н. првото од двете дела го извршил на 2-ри овој месец, околу 13,35 часот, на ул. Московска, на подрачјето на општина Карпош, во менувачницата...

Девет години и два месеци казна затвор за Бобан Смилевски за грабежот во НЛБ

Бобан Смилевски доби девет години и два месеци затвор за милионскиот грабеж што го изврши во НЛБ. Неговиот брат Горан Смилевски, второобвинет во случајот, е осуден на шест години и шест месеци затвор. Третообвинетиот Борис Минчевски доби пет години и два месеца, а Мирослав Каевски беше условно осуден на две години и судот му изрече забрана за отуѓување и за давање...

Првообвинетиот за грабежот во НЛБ тврди дека парите ги украл поради долгови

Бобан Смилевски, првообвинетиот за грабежот во НЛБ, во завршните зборови ја призна вината и рече дека парите ги украл бидејќи имал долгови, а тој и семејство живееле под закани, пренесува „Фокус“. - Делото не е од лукративна причина и не е за да се оствари имот за себе или за кој било друг. Бев во долгови и во последните два...

Обвинителство бара 10 години затвор за обвинетите за грабежот во НЛБ

Основното јавно обвинителство Скопје, во завршните зборови за милионскиот грабеж во НЛБ, денеска побара од судот на обвинетите да им одреди највисока казна, која според Кривичниот законик изнесува 10 години затвор. Четворицата обвинети, Бобан Смилевски, неговиот брат Горан Смилевски, Борис Минчевски и Мирослав Каевски, на претходното рочиште ја признаа вината, но не открија каде се парите и што сториле со нив....

Четворицата обвинети го признаа грабежот во НЛБ, но не открија каде се парите

Четворицата обвинети за милионскиот грабеж во НЛБ, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 го признале кривичното дело, но не откриле што сториле со украдените пари, соопшти Јавното обвинителство. „Тие се изјаснија за виновни, односно дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејства, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле...

На битолчанец му украле 500.000 денари

Непознат сторител синоќа во Битола украл разновиден накит и пари, стекнувајќи противправна имотна корист од 500.000 денари, соопшти МВР. Крадецот, вчера околу полноќ, од станот 57-годишниот В.Ј., на улица Питу Гули, одзел 225.000 денари, 1.300 евра, 800 американски долари, 450 швајцарски франци и разновиден златен и сребрен накит. Сторителот ја отклучил влезната врата, влегол во станот, извршил пребарување во спалната соба и...

Ограбена аптека во Скопје

Непознато лице со закана со нож ограбило аптека синоќа во 21 часот на улица Бутелска во Скопје. Напаѓачот со нож им се заканил на вработените и ги украл парите од дневниот промет. Екипа на полицијата извршила увид на местото на настанот, а во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Грабеж во Сарај – од сеф украдени 5.000 евра

Ноќеска во околу 1.30 по полноќ, на улица Борис Сарафов во Скопје, непознат сторител извршил кражба во фирма сопственост на Џ.М. од село Сарај. Крадецот ја скршил влезната врата и од метален сеф одзел околу 5.000 евра. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

Ограбени три момчиња под закана со пиштол

Тројца тинејџери околу 1.30 часот синоќа биле ограбени во центарот на Скопје од три непознати лица, информираа од МВР. Според полицијата, непознатите машки лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над Н.С. (17) , Б.Д. (18) и Д.И. (18), сите од Скопје, при што им одзеле 1.240 денари.

Момче нападнато и ограбено во Жена-парк

Дваесет и едногодишниот скопјанец Д.П. вчера, околу 19:50 часот, бил физички нападнат и ограбен во паркот Жена-борец. Како што соопшти МВР, десетина непознати лица извршиле насилство над момчето, при што физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и со клоци, по што побегнале, а Д.П. забележал дека му го нема и рачниот часовник. За настанот известени се инспектори од Единицата за...

Две лица ранети во Сарај

МВР соопшти дека во два инцидента во селото Сарај вчера биле ранети две лица. Еден од ранетите е сопственик на менувачница, а добил куршуми во двете нозе при грабеж на менувачницата во трговскиот центар „Сарај“. Еден од разбојниците носел автоматска пушка, а другиот пиштол кога влегле во менувачницата во 20.20 часот вчера. Сопственикот на менувачницата поради повредите е однесен во Ургентен центар. Во...

Украдени златници, девизи и накит од куќа во Кичевско

Две непознати маскирани лица вчера наутро ограбиле куќа во кичевското село Мамудовци, при што одзеле 63 златни пари (даблони), 360 швајцарски франци и друг разновиден златен накит, со што причиниле материјална штета од околу 30.000 евра, соопшти полицијата. Напаѓачите околу 10 часот влегле во куќата и со спреј-солзавец ја испрскале Р.А. (75) по очите, а потоа физички ја нападнале. Откако...

За милионскиот грабеж во НЛБ, поднесени обвиненија против осум лица

Основното јавно обвинителство - Скопје до Основен суд Скопје 1 поднело обвиненија против осум лица, вработени во НЛБ, за кражбата на околу три милиони евра од трезорот на банката. Со обвиненијата се побарани и мерки за обезбедување присуство, односно за првите тројца обвинети е побарано продолжување на притворот, а за едно лице е определена мерка за претпазливост. Обвинителството утврдило дека во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...