fbpx
Таг: ГП Блаце

таг: ГП Блаце

Почна асфалтирањето на автопатот Скопје-Блаце, догодина ќе се гради втората фаза

Првата фаза од автопатската делница Скопје-Блаце готова до половина, извести Министерството за транспорт. Околу 48 проценти во моментов се завршените градежни работи, на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. На овој автопат веќе започнаа асфалтерските работи на трасата, а се изведуваат и ископи, канали и бетонирање на други објекти, истакнаа министерот за транспорт и врски Благој...

До септември ќе се изработува проектот, есента подготовки на тендерот за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце

Непречено тече изведбата на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце, на потегот од граничниот премин до клучката кај селото Блаце. Со затоплувањето на времето, очекувањата на властите од изведувачот „Гранит“ и надзорот Градежен институт Македонија се да ја забрзаат изведбата на првата фаза од овој проект. Во моментов се изведуваат земјени работи на трасата (ископи на усеци и изведба...

Колку е можен слободен проток на патници и стоки во Западен Балкан без заеднички гранични премини?

Меѓу Скопје и Приштина се патувало за околу еден и пол час не само денес по новиот автопат „Арбен Џафери“, туку и во 80-тите години на минатиот век со воз. Тогашниот експресен воз „Акрополис“ во 1987 година ја минувал оваа дестинација меѓу Косово Поле и Скопје за 1 час и 29 минути, а со сите други возови меѓу главните...

Тендерот за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце ќе се објави догодина, изградбата ќе почне во 2022 година

Во третиот квартал од 2021 година се очекува да се објави меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја гради втората фаза од автопатот Скопје-Блаце, долга околу 10,5 километри. Досега за идната автопатска делница е изработено нацрт идејно решение, со кое треба да се избере најповолната алтернатива за трасата на автопатот, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за...

Завршени 50 отсто од експропријацијата на земјиштето на трасата на автопатот Скопје-Блаце

Поради состојбата со ковид-19, изградбата на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце заглави на експропријацијата на 68 имоти низ кои треба да минува трасата. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека експропријацијата на земјиштето досега е реализирана во над 50 отсто од трасата. - Поради состојбата со ковид-19, Министерството за финансии, односно Управата за имотно-правни работи Чаир, не...

Корона вирусот ја забави изградбата на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

Епидемијата со корона вирусот во земјава ја забави изградбата на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Јавното претпријатие за државни патишта во моментов ја средува експропријацијата на земјиштето низ кое ќе минува идниот автопат, додека на самиот терен се одвиваат подготвителни работи за изведба на трасата долга 2 километри. Од вкупно 68 имоти низ кои минува трасата на првата...

Стопанствениците бараат да се забрза изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Доколку не може да се забрзаат подготовките и процесот на изградба на автопатот Скопје - Блаце, тогаш барем да се испочитува ветениот рок од 2023 година за пуштање во употреба на делницата долга 12,5 километри. Ваков е ставот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во однос на актуелните рокови за изградба на овој автопат до крајот на 2024 година. -...

Автопат Скопје – Блаце: Две децении ветувања за 12,5 километри дупки и нерамнини (видео)

Македонскиот главен град го делат околу 20 километри пат до границата со Косово. Јадранската магистрала денес е преполна со дупки и нерамнини има застарена сообраќајна сигнализација и заштитни огради на патот, како и неосветлен тунел што се наоѓа на трасата. Максималната брзина на движење на возилата е од 60 до 80 километри на час, па требаат 30 минути да...

Договор за првата фаза од автопатот кон Косово, експропријацијата допрва ќе се решава

Околу 12,2 милиони евра, без вклучен ДДВ, ќе чини изградбата на првите два километра од автопатот Скопје - Блаце. Во просториите на владата денеска беше потпишан договорот со „Гранит“ за изведба на првата фаза од проектот, којшто ќе овозможи наредното лето да се стави во функција оваа секција од автопатот. Првите два километра се градат со средства од буџетот на...

„Гранит“ ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

„Гранит“ од Скопје и официјално е избран за најповолен понудувач за изведбата на првите два километри од автопатот Скопје - Блаце. Во просториите на владата утре и официјално ќе се потпише договорот за изведба на првата фаза од проектот, која што ќе се гради на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. Тендерот за автопатот Скопје...

Три понуди на тендерот за автопатот Скопје – Блаце, изградбата ќе почне напролет

„Гранит“ и „Бетон“ од Скопје и бугарската компанија „ИСА 2000“ се заинтересирани да ја градат првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Јавното претпријатие за државни патишта во изјава за „Мета.мк“ потврдува дека на вториот по ред тендер биле доставени три понуди, кои беа отворени на 29 ноември - датум што претставуваше и краен рок за нивното доставување. - Во...

До крајот на ноември ќе се прибираат понуди за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Izvor: Ministerstvo za gradeznistvo, transport i infrastruktura na Srbija
Јавното претпријатие за државни патишта го објави вториот по ред тендер за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. До 29 ноември ќе биде отворен тендерот за доставување на понуди од заинтересираните градежни компании, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач. Финалната цена по која ќе се гради трасата долга два километри ќе биде позната...

Нов тендер за автопатот Скопје – Блаце поради прескапа прва понуда

Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Наредниве денови ќе се објави втор по ред тендер за изградба на првите 2 километри од целокупната траса долга 12,5 километри. - До крајниот рок за доставување на понуди поднесена е една понуда која го надминува буџетот...

Продолжен рокот за 20 дена за понуди за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта за 20 - тина дена го продолжи рокот за доставување понуди за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Поради голем интерес за поднесување на понуди од компаниите, крајниот рок за нивното доставување е продолжен до 23 септември. Од ЈП за државни патишта за „Мета.мк“ потенцираат дека постои интерес од домашни и странски...

Објавен тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта денеска го објави тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Станува збор за првата подделница, од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце, во должина од 2 километри. Краен рок за доставување на понудите од градежните компании е 4 септември, по што ќе се бира најповолен изведувач. Доколку успешно се спроведе...

МВР и Царина запленија стотици килограми марихуана на Блаце

Царинската управа и Министерството за внатрешни работи денеска попладне заплениле поголемо количество дрога на еден од граничните премини, дознава „Мета“ од извори во истрагата. Според нашите информации, запленети се неколку стотици килограми марихуана на граничниот премин Блаце, кои биле откриени во камион. Од МВР и од Царинската управа засега нема официјална потврда за заплената, но според нашите извори, сè уште трае...

Откриени 20 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Царинските инспектори во соработка со Министерството за внатрешни работи вчера на граничниот премин Блаце, пронашле и заплениле 20 килограми марихуана, сокриена во возило што го управувал македонски државјанин. Како што соопшти денеска Царинската управа, возилото вчера околу 10.30 часот се пријавило за влез во земјава. „При прегледот на возилото, во задните врати на комбито помеѓу лимот и тапацирот, поточно...

Царината заплени 29 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Царинските екипи на граничниот премин Блаце вчера во возило во кое се превезувале четворица албански државјани, пронашле и заплениле 29 килограми марихуана, соопшти денеска Царинската управа. Како што информираат оттаму, возачот на автомобилот 26-годишниот Б.Г., и тројцата негови сопатници, синоќа, околу 22.30 часот, се пријавиле за влез во земјава. Цариниците го селектирале возилото за детален перглед и под подот откриле...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...