fbpx
Таг: Гостивар

таг: Гостивар

Филмска кражба во казино во Гостивар

Еден милион и седумстотини педесет илјади денари се украдени вчеравечер во казино лоцирано на улицата Борче Јовановски во Гостивар. Кражбата, која ја пријавил во полицијата вработен во казиното, ја извршиле три непознати маскирани лица, од кои две со качулки на главите и со ракавици на рацете, најпрво се искачиле на покривот од постар објект во непосредна близина и преку...

Тодоров: Имаме докази дека одлуката на ДИК за приговорот на Беса е незаконска

Шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна едница, Никола Тодоров, попладнево на прес-конференција ја образложи тужбата што партијата ја поднесе до Управниот суд во врска со приговорот на Беса и посoчи дека имаат докази кои покажуваат дека одлуката на Државната изборна комисија (ДИК), која го прифати приговорот, е незаконска и е „невиден преседан“. Според...

„Доста молчевме“, порачаа демонстрантите на протестот во Гостивар против аболицијата

Под мотото „Доста молчевме“, во Гостивар се одржа мирен протестен марш против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на функционери. Протестот го организираше неформална група граѓани од повеќе националности, а на него граѓаните ја искажаа и својата поддршка за Специјалното јавно обвинителство. Маршот почна пред зградата на Основниот суд, каде што беа запалени свеќи како симболично погребување на независното судство...

Загина жена откако на автомобил на автопатот Тетово – Гостивар налетале коњи

Триесет и осум годишна жена од Мала Речица загина во сообраќајна несреќа откако повеќе коњи налетале на автомобилот со кој се превезувала на автопатот Тетово - Гостивар. Сообраќајката се случила синоќа, околу 21.30 часот, во близина на клучката за село Тумчевиште. Од удирањето во животните, жената која била на предното совозачко седиште, и нејзината малолетната ќерка, која седела на задното седиште,...

До Општина Гостивар поднесени 4.027 барања за легализација на дивоградби

До Општина Гостивар поднесени се 4.027 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Сопствениците на дивоградбите, за кои продолжениот рок за легализација истече на 31 март годинава, треба за објектите да ја комплетираат документацијата со геодетски елаборат најдоцна до крајот на 2017 година. Од секторот за урбанизам при Општина Гостивар велат дека бројката на барањата за легализација е очекувана. - Бројката...

Пожар на трафостаница го остави Гостивар без струја

Експлозија на трафостаница во Гостивар, која предизвика пожар на овој објект го остави поголемиот дел од градот без струја. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија настанал околу 2.30 часот по полноќ, кога настанала експлозијата. - Се случил дефект на главната трафостаница Гостивар 1. Дефектот набргу е саниран. Во поголемиот дел од Гостивар каде имаше прекини во снабдувањето со струја, состојбата...

Старите автентични градби во Гостивар ќе бидат заштитени

Старите автентични градби во центарот на Гостивар ќе бидат заштитени. Од Конзерваторскиот центар од Гостивар велат дека моментално се работи на елаборат за заштитно-конзерваторски работи, во кој ќе бидат категоризирани сите објекти со културно-историска вредност, лоцирани во централното градско јадро. Објектите ќе добијат статус на заштитени објекти и на споменци на културата. Тие ќе влезат во генералниот урбанистички план на Гостивар...

Бројката на заболени од грип во Гостивар забрзано се зголемува

Рапидно се зголемува бројката на заболени од грип во Гостиварско. За споредба, на почетокот од годинава, имаше регистрирано само неколку случаи, а сега нивната бројка изнесува околу 280 лица. Лекарите очекуваат вирусот да се шири интензивно и во периодот што следува. - Вакцината е најдобра заштита од грипот. Во Гостивар сезонава против вирусот се вакцинирани 1.100 граѓани. Тие што не примиле вакцина во периодот...

Гостиварци не знаат каков воздух дишат

Во Гостивар сè уште нема поставено мерна станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. По неколкуте реакции на граѓаните и на здруженијата дека чуствуваат непријатна миризба и пецкање на очите од аерозагадувањето, кое, според нив, е присутно во градот, гостиварската локална самоуправа има поднесено барање до Министерството за животна средина за поставување мерен инструмент во нивниот град, но...

Гостиварец олеснат за 29.000 евра

Непознато лице вчера ограбило куќа во гостиварската населба Осма Зона, соопшти МВР. Крадецот упаднал во домот на 32-годишниот А.З., при што од метален сеф одзел сума на пари од околу 13,500 евра во разни апоени и златен накит во вредност од околу 15.400 евра. Како што соопшти полицијата, крадецот влегол во куќата низ незаклучената врата, а по извршеното пребарување и пронаоѓање...

Гостивар утре ќе остане без вода

Утре, Гостивар ќе остане без вода за пиење. Прекинот во водоснабдувањето се прави поради зафати за приклучување на филтер-станицата. Како што соопштуваат од Јавното претпријатие „Комуналец“, вода в понеделник ќе немаат градот и околните населени места, кои се снабдуваат преку главниот водоводен систем. „Водата ќе се прекине поради извршување градежни работи и технички интервенции за приклучување на изворот со пречистителната станица...

Двајца повредени од невремето во Гостивар

Двајца повредени, десетина оштетени возила и паднати покриви од домови предизвика синоќешното невреме во гостиварскиот регион. Поради силниот ветер, повеќе села од мавровско-ростушкиот крај сè уште се без електрична енергија. Се работи на отстранување на дефектите. Двете лица кои се повредени, на возраст од 19 и од 22 години, по укажаната лекарска помош во гостиварската болница се пуштени на домашно...

Стипе Месиќ стана почесен граѓанин на Гостивар

Денеска во Гостивар, поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ,  го доби признанието почесен граѓанин. На свечената седница на Советот на Општината, клучот на градот му го врачи градоначалникот, Невзат Бејта. Месиќ се заблагодари на честа што му ја укажана. – Имам многу признанија, но ова ми е особено драго, бидејќи е донесено со едногласна одлука во Советот и преставува голема чест за...

Ја убил сопругата со секира

Синоќа, 49-годишен жител на село Врапчиште, Гостиварско, нанесувајќи ѝ удар со секира во вратот, ја убил својата 44-годишна сопруга. Убиството го извршил во спалната соба од семејната куќа. Според првичните информации, сторителот и жртвата подолго време биле во лоши брачни односи, а имаат две полнолетни деца. По убиството, осомничениот самиот се пријавил во полициска станица во Гостивар. На местото на настанот извршен е увид...

Гостивар со нови туристички понуди

Пешачка патека од Гостивар до Вруток во должина од 10 километри и патека за планински и за рекреативен туризам на Сува Гора и на Шар Планина, во должина од 75 километри, денеска беа промовирани во Гостивар. Двата проекти се реализирани преку Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, а во соработка со косовската општина Драгаш и со албанската Корча. - Овие...

Две гостиварки се затруле со печурки

Две гостиварки на возраст од 30 и од 67 години се затруле откако јаделе отровни печурки. Затруените жени од населбата Циглана 2, во гостиварската болница биле донесени со видливи знаци на труење, вчера околу 18.30 часот. Во текот на денот и двете собирале печурки, кои ги консумирале неколку часа пред да побараат лекарска помош. Поради лошата здравствена состојба, тие веднаш...

Се степале ученици во гимназијата во Гостивар

Вчера, околу 18.30 часот, во Гостивар, на улицата Живко Брајковски, пред градската гимназија, поголема група ученици физички нападнале 16-годишен ученик од училиштето и Љ.С. (22), кој бил заедно со него. Двајцата нападнати добиле телесни повреди, по што им е укажана лекарска помош во болницата во Гостивар, од каде биле пуштени на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поштар ја присвојувал социјалната помош

Кривична пријава е поднесена против П.Ѓ. (46) од Гостивар, поради постоење основи за сомнеж дека сторил злоупотреба на службената положба и овластување и дека фалсификувал исправа. Пријавениот, како вработен во АД „Македонска пошта“ – Гостивар, на работно место поштар, во текот на 2013 и на 2014 година, ги фалсификувал потписите на 12 лица - примачи на социјална помош и туѓа нега, стекнувајќи противправна имотна...

За две години само 500 туристи ја посетиле реставрираната Саат-кула во Гостивар

Саат-кулата во Гостивар, откако пред две години беше реставрирана, ја посетиле околу 500 туристи, од кои поголемиот број биле странски посетители. Од Конзерваторскиот центар од Гостивар велат дека е потребно преку разни проекти да се промовираат културните добра за да се побуди интересот на туристите. - Конзерваторскиот центар работи на промоција на културните вредности на градот. Неодамна, преку посебен проект, беше изработена и...

Гостиварци ќе пијат филтрирана вода

Од чешмите на гостиварци ќе протече филтрирана вода. Проектот за пречистителната станица во Вруток е доведен до завршна фаза. Од понеделник (7 септември) до петок (12 септември) ќе се вршат градежни работи за поврзување на водоводната мрежа со станицата, информираат од локалната самоуправа на Гостивар. Во текот на теренските работи се очекува периодично намалување на притисокот на водата во повисоките делови...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...