fbpx
Таг: Гостивар

таг: Гостивар

Општина Гостивар и „Метаморфозис“ потпишаа Меморандум за соработка за Проектот за зајакнување на иновативен туризам

Општина Гостивар и Фондацијата за интернет о и општество „Метаморфозис“, денеска потпишаа Меморандум за соработка за Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП). Меморандумот го потпишаа градоначалникот Арбен Таравари и извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари. На свеченоста на потпишувањето присуствуваше и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар. Целта на проектот е да се промовира енергичен туристички...

Во Врапчиште протест против спортските обложувалници

Жители на гостиварско Врапчиште денеска по петочната молитва протестираа против спортските обложувалници, јави телевизијата 21. Тие го блокираа патот што минува покрај зградата на општина Врапчиште, и потпишаа петиција на која собраа 800 потписи. Жителите на Врапчиште реагираат што во објекти наменети за домување се отвораат обложувалници и ја повикаа и централната власт да реагира. На протестот, во знак на поддршка излезе...

Села: Концептот на Заев „живот за сите“ е голема лага

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, денеска од Гостивар рече дека гостиварчани се исклучени од концептот „едно општество за сите“ и додаде дека тоа е само една голема лага. -Блокадата е видлива и преку примерот со неставањето на предлог-буџетот на дневен ред на седницата на советот. Граѓаните на Гостивар се пример дека големите изјави на премиерот за едно опшество...

Нухиу: Ќе се гони секој прекршител на законот дури и ако е полицаец или функционер

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска при работната посета на Полициската станица Гостивар порача дека годинава ќе се води остра борба со криминалот и со корупцијата и притоа нема да бидат поштедени ниту полицајците ниту луѓето од државната управа. - Сакам да го повторам ставот дека ќе имаме нов и поагресивен пристап во борбата против кримималот и корупцијата и...

Во Битола првите новороденчиња се машки близначиња, во Куманово и Струга момчиња

Во Битола ноќеска точно на полноќ се родиле две машки близначиња, и тие се првите бебиња родени во новата година. Како што информираат од Клиничкиот центар – Битола, по нив на свет биле донесени уште 10 новороденчиња. Четири бебиња се родиле на првиот ден од новата 2018 година во Куманово, а првото е машко, родено 45 минути по полноќ на...

Таравари побара од командирот на полицијата во Гостивар да не ги казнува иселениците

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, со службен допис се обратил до командирот на полициска станица Гостивар, Гази Абдурахмани, барајќи тој и полицајците да бидат потолерантни и покоректни кон иселениците што се вратени во родниот крај за време на новогодишните празници. „Од позиција на градоначалник на Гостивар и како граѓанин на овој град, барам вашите полицајци да бидат што покоректни...

Деветмина повредени во верижна сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Во верижен судир на три возила што се случил вчера на патот Гостивар - Кичево во близина на отворените сепарации над Гостивар, биле повредени девет лица, информираше СВР Гостивар. Трите автомобили - голф, лупо и киа, биле со гостиварски регистарски таблички. Судирот се случил околу 17.30 часот, а во него тешки телесни повреди задобил возачот на автомобилот „фолксваген лупо“, 58-годишниот...

Малолетник греел куршум со леткум, детонацијата му го повредила показалецот

Малолетник во гостиварското село Зубовце вчеравечер добил повреди на показалецот, откако експлодирал куршумот што го загревал со леткум. Како што соопшти полицијата, вчера, околу 21 часот, во куќата на неговиот дедо во Зубовце, 10-годишниот малолетник, додека бил сам во една од собите, со леткум загревал куршум од гасен пиштол во пределот на капислата, при што куршумотт пукнал и му нанел...

Таравари на три јазици вети дека во Гостивар нема да има поделби

Новиот градоначалник на општина Гостивар, поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, денеска на новите членови на Советот на Општината им го честиташе назначувањето на албански, македонски и на турски јазик и повика на соработка. И тој и советниците денеска ги добија уверенијата од општинската изборна комисија и ги почнаа своите мандати. - Кампањата и изборите завршија, од денеска нема да...

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, тврди Институтот за јавно здравје

Институтот за јавно здравје информираше дека водата од водоводот во Гостивар е исправна и безбедна за пиење. Тоа го покажале физичко-хемиските анализи, при што е утврдено дека нема присуство на пестициди, а исто така водата е бактериолошки исправна. Проблемот со водата во Гостивар се случи кон крајот на минатата седмица и во текот на викендот, кога 360 гостиварци побараа лекарска...

Таравари стана градоначалник на Гостивар, Бејта му ја честиташе победата

Кандидатот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, според првичните резултати од ДИК, го победи неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта, и стана нов градоначалник на општина Гостивар. Тој ги критикуваше премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека се мешале во изборите и изјави дека очекува во Владата на неговото место во Mинистерството за здравство да седне...

Петте кандидати за Гостивар ветија транспарентност и решенија за проблемите

На дебатата од карванот „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“, „Вистиномер“ и телевизијата „Арт“, во Гостивар петте кандидати за градоначалник на општината, секој посебно, ветија решавање на сите проблеми на граѓаните. Во дебатата водена од новинарката Јета Џара, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Асаф Адеми од Беса, Невзат Бејта од ДУИ, Себајдин Изири од ДПА и...

Жена загинала во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Во сообраќајка што утрово се случила на патот Гостивар - Кичево, во близина на селото Трапчин Дол, животот го загубила 54-годишна жена од струшкото село Октиси. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила во 7.40 часот, кога автомобил „форд мондео“ со италијански регистарски таблички, управуван од И.И.(54), излетал од патот и удрил во бетонски мост. Од повредите починала И.И. (54) од...

Расчистено убиството на жената во Гостивар, осомничен нејзиниот сопруг

Полицијата од Гостивар го расчистила убиството на 27-годишната скопјанка која вчера претпладнето беше пронајдена мртва на улицата Иво Лола Рибар. За убиството на С.Р. осомничен е 38-годишниот скопјанец  Б.Г., сопруг на убиената, кој го извршил убиството со неколку убоди со нож. Тој веднаш потоа со возило го напуштил местото, а вчера попладне е лишен од слобода во Скопје и потоа е предаден...

Заев би го вратил Таравари на министерската функција ако не стане градоначалник

Премиерот Зоран Заев е подготвен да го врати Арбен Таравари за министер за здравство ако тој изгуби во градоначалничката трка, без оглед што самиот си поднесе оставка. Гостувајќи во емисијата „Топ-тема“, Заев рече дека не е проблем Таравари да се врати ако загуби на изборите, оти демократијата подразбира право за битка за гласовите на граѓаните. Тој нагласи дека, пред сè,...

Таравари: Ако гостиварци не ми веруваат, се враќам на лекарската професија

Министерот за здравство во заминување, Арбен Таравари, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“ зборува за проблемите во ресорот што ги затекна и со кои се справуваше, како и за својата кандидатура за градоначалник на Гостивар. - Сега е моментот да видам колку тежам и вредам во мојот град. Ако тие ми веруваат и ми дадат гласови, ќе знам дека вредам...

Таравари ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе биде кандидат за градоначалник на Алијансата на Албанците за Гостивар, објави порталот „Сакам да кажам“. Според извори од партијата на Зијадин Села, по неуспешните преговори со Беса за заеднички да настапат на претстојните локални избори, тие одлучиле во Гостивар да настапат самостојно, а нивен кандидат да биде Таравари. - Најверојатно, ќе се кандидирам за градоначалник...

Пресудите за лихварите од Гостивар станаа правосилни

Со правосилна пресуда од Апелацискиот суд – Скопје и со ефективни затворски казни, завршен е предметот во јавноста познат како „Чекан“, информираше Јавното обвинителство на Република Македонија. Во предметот што го водеше Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и за корупција им се изречени затворски казни на седум лица за лихварство и за изнуда. Од осудените лица е конфискуван...

Воз удрил во автомобил близу Гостивар, возачот повреден

Во железничка несреќа на патниот премин преку пругата меѓу стојалиштето Тумчевиште и железничката станица во Гостивар, воз вчера удрил во автомобил, при што возачот е повреден, соопшти СВР Тетово. Возот кој сообраќал од Скопје кон Кичево удрил во „сеат леон“ со тетовски таблички, по што возачот со тешки телесни повреди е однесен во медицинскиот центар во Гостивар. Увид извршила екипа...

Гостиварец загина во сообраќајка

Педесетгодишен гостиварец загина во сообраќајна несреќа, откако вчера десетина минути по полноќ со своето возило излетал од локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Куново и Беловиште и паднал во бездна. Како што соопшти полицијата, гостиварецот од излетувањето добил тешки телесни повреди, на кои подоцна им подлегнал. Телото на починатиот го пронашле случајни минувачи вчера, околу 13 часот. Јавен обвинител и...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...