fbpx
Таг: ГоСакамГТЦ

таг: ГоСакамГТЦ

ГТЦ да се прогласи за културно наследство, бараат активистите

По неуспешниот референдум, активистите од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ не се откажуваат од борбата. Тие планираат низа активности за зачувување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар. Прва е прогласување на ГТЦ за културно наследство. - За ГТЦ да се прогласи за културно наследство и да добие некаков сптен на заштита, ќе треба да се одвојат финансии од буџетот за да се...

Центарци се собраа да го гушнат ГТЦ пред референдумот в недела

Неколку стотини граѓани вечерва се собраа пред Градски трговски центар(ГТЦ) на концерт и на „големо гушкање“ на ГТЦ, пред референдумот кој ќе се одржи в недела, а на кој граѓаните на општина Центар ќе одлучуваат за изгледот на овој објект. Настанот е организиран во рамките на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ и е последна активност пред референдумскиот молк, кој стапува на...

Молкот за референдумот за ГТЦ почнува денеска на полноќ

Четириесет и осум часа пред почетокот на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар треба да заврши објавувањето на јавната прoпаганда, за разлика од 24 часа кои важат за партиите за време на избори. Новинарите смеат да објавуваат текстови поврзани со ГТЦ, но не и со референдумот или со тезата што ја застапува овластениот предлагач. Во член 12 од Законот...

Советниците на Општина Центар одлучија: Референдум за ГТЦ на 26 април!

Советниците на Општина Центар со 12 гласа „за“, одлучија да распишат референдум за изгледот за Градскиот трговски центар. Советниците од СДСМ гласаа „за“, а единаесетмината советници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано. Прашањето што ќе биде поставено на референдумот ќе гласи „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на ГТЦ?“. Референдумот ќе се случи на 26 април од седум до...

Референдум во Центар на 26 април за изгледот на ГТЦ?

На 26 април, жителите на општина Центар ќе имаат можност да гласаат на референдум за изгледот на Градскиот трговски центар, а резултатите од референдумот ќе бидат обврзувачки и ќе мора да се применат, вели градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. Прашањето на референдумот ќе биде „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар...

Референдум за изгледот на ГТЦ

Референдум кој ќе покаже дали граѓаните сакаат да се менува изгледот на ГТЦ ќе спроведе градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“. Иницијатавата за референдум ќе биде промовирана денеска, во 12 часот, пред влезот на ГТЦ. „Референдумот ќе биде во согласност со Законот за локална самоуправа. За него ќе треба одлука да донесе и...

Предновогодишен собир „Го сакам ГТЦ“

Архитектите под мотото „Го сакам ГТЦ“, денеска, во 19 часот, организираат предновогодишен собир околу Градскиот трговски центар, против иницијативата за менување на изгледот на објектот. Предвидено е јавно говорење, настапи на повеќе музички ѕвезди и формирање жив ѕид од луѓе околу ГТЦ. - Ги повикуваме сите граѓани што сакаат Градскиот трговски центар да остане градски, достоинствено да застанат на „барикадата“ која...

На 28 декември, протестна забава за спас на ГТЦ

Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар во Скопје (ГТЦ) на 28 декември ќе организира голем протестен настан со мотото „Во новата година со стариот ГТЦ“. Претседателката на Асоцијацијата на архитекти, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, вели дека секогаш ќе стојат во одбрана на автентичноста на ГТЦ. - Тој остана симбол на борбата против сè она што му се случува...