fbpx
Таг: Горјан Тозија

таг: Горјан Тозија

„Големата ѕвезда на македонскиот филм“ на Браќа Манаки постхумно ќе биде доделена на Горјан Тозија

Наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, која се доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија во рамките на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, оваа година ќе биде постхумно доделена на филмскиот продуцент Горјан Тозија. „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ е награда на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Од организацијата на фестивалот велат дека во богатата професионална биографија...

Почина поранешниот директор на Агенцијата за филм, Горјан Тозија

На 68-годишна возраст утрово почина Горјан Тозија, поранешен директор на Агенцијата за филм. Тој беше координатор на Координативното тело за поддршка и одржлив развој на Преспанскиот регион, претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија, како и директор на Вардар филм. Горјан Тозија беше директор на Агенцијата за филм од 2017 до 2020 година, додека во периодот на неговото раководење...

ЗНМ: Осуда за дисквалификациите упатени кон новинарката Марина Костова од Агенцијата за филм

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги осудува грубите дисквалификации кон новинарката Марина Костова и онлајн медиумот СДК.мк искажани во вчерашното соопштение за медиуми, од страна на Агенцијата за филм, насловено како: „Дали во новата милионска драма на Милчо Манчевски главните улоги ги толкуваат Марина Костова, Тања Пепељуговска и Слаѓана Тасев?“, велат од ЗНМ. „Агенцијата за филм, вчера преку непотпишано...

Кривична пријава за ексдиректорката на Агенцијата за филм за серијата „Македонија“

До Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денеска Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава за поранешната директорка на Агенцијата за филм, Мими Ѓорѓоска-Илиевска. Ја товари за злоупотреба на службената положба и овластување преку исплаќање повеќе од 1,1 милион евра на „Јадран филм“ за снимањето на серијата „Македонија“. „Лицето како раководен субјект на Агенцијата за филм во...

Агенција за филм: Вратени 300.000 евра од „Јадран филм“ за неснимената „Македонија“

Со правосилно извршно решение, Агенцијата за филм успеала да врати 300.000 евра државни пари од хрватската продукција „Јадран филм“, како последица на неисполнувањето на договорот за производство на играната серија „Македонија“. Како што извести директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, сумата од 19 милиони денари, односно околу 300.000 евра, не е целосната сума што државата му ја исплатила на хрватскиот...

Обвинителството отвори истрага за случајот со „Јадран филм“ и серијата „Македонија“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека отворило предистражна постапка во врска со договорот меѓу Агенцијата за филм и продуцентската куќа „Јадран филм“ за снимањето на серијата „Македонија“. Од Обвинителството велат дека предистражната постапка е отворена по известување од Управата за финансиска полиција. „Надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на фактите....

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...