fbpx
Таг: Ѓорге Иванов

таг: Ѓорге Иванов

Иванов до Столтенберг: Заслужуваме членство во НАТО без дополнителни услови

Претседателот Ѓорге Иванов и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг разговарале за актуелната политичка состојба во Македонија, за евроатлантските интеграции на земјата и за напредокот на реформите во одбраната и безбедноста во согласност со НАТО стандардите, информираат од кабинетот на претседателот. Иванов истакнал дека Македонија е силно посветена на промовирањето на мирот и стабилноста и придонесува за безбедноста во и надвор...

Столтенберг денеска доаѓа во дводневна посета на Македонија

Денеска, во дводневна официјална посета на Македонија, доаѓа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери и други високи официјални претставници. Столтенберг ќе слета вечерва, а ќе го пречека министерката Шекеринска. Средбата со Заев ќе се одржи утре во Клубот...

Иванов: Со Договорот со Грција правно се укинува македонскиот народ

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање по повод 2 Август – Илинден од Мечкин камен од Крушево, голем дел од својот говор го посвети на Договорот со Грција, за кој рече дека е „резултат на славољубие“. „Заслепени од рефлекторите, на некои наши политичари како личната слава да им е помила од достоинството и судбината на цел еден народ. Се зборува...

Иванов: Македонија заслужува членство во НАТО без дополнителни услови

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со Метју Палмер, вршител на должноста заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија, потенцирал дека не го прифаќа Договорот постигнат помеѓу Македонија и Грција бидејќи со него се крши Уставот, законите и се рушат државните институциите и претставува договор кој е на штета на македонските национални...

Иванов утре Илинден ќе го одбележи на Мечкин камен

По повод Ден на Републиката (2 август), претседателот Ѓорге Иванов ќе присуствува на одбележувањето на државниот празник Илинден во Крушево, информираат од кабинетот на претседателот. Иванов ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, на хероите на споменикот Слива, а ќе присуствива на панихида во храмот „Свети Никола“. Во 12 часот ќе се одржи свеченоста и народен собир на Мечкин...

Прославата на Илинден под мотото „Наша Македонија“

Прославата на Денот на Републиката - Илинден, ќе се одржи под мотото „Наша Македонија“, соопшти Владата. „Темата на Денот на Републиката  е ,Наша Македонија - без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо - прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот', која е инспирирана од...

Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Обединетото Кралство и Саудиска Арабија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во вила Билјана во Охрид ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија. Како што соопшти кабинетот на претседателот, на предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот британски амбасадор Рејчел Галовеј, претседателот Иванов оценил дека постои...

Иванов ќе ги прими акредитивите од амбасадорите на Велика Британија и Саудиска Арабија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана“ во Охрид ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија. Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, акредитивните писма ќе ги прими од Рејчел Галовеј, новоименуван амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во...

Зекири: Кривични пријави за Милошоски и за вработен кај Иванов за издавање државна тајна

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири на прес-конференција во Собранието рече дека ќе бидат поднесени кривични пријави за оддавање државна тајна за претседателот на собраниската Комисија за надворешни прашања, Антонио Милошоски, и за лице од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, поради изнесување класифицираните материјали од лидерски средби кај претседателот, на кои посочил денеска Милошоски. Тој истакна дека Милошовски не поседува безбедносен...

Иванов во дводневна официјална посета на Молдавија

Претседателот Ѓорге Иванов придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија, информираат од кабинетот на претседателот. „Претседателот Иванов во Кишињев со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Молдавија, Игор Додон. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок....

Иванов присуствуваше на инаугурацијата на Ердоган

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов заедно со сопругата Маја Иванова присуствуваше на инаугурацијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Од Кабинетот на Иванов соопштуваат дека тој му ја честитал на Ердоган победата и постигнатиот успех на предвремените претседателски и парламентарни избори и му посакал успешно извршување на претседателската функција. Иванов му се заблагодарил на Ердоган за досегашната поддршка од Турција и...

Мијалков и во „Тортура“ се повика на амнестијата од Иванов

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, првообвинет во предметот на СЈО „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, како и останатите пет обвинети полициски „алфи“, се повикаа денеска на амнестијата што им ја даде претседателот Ѓорге Иванов. Со амнестијата не е опфатен само обвинетиот Јован Боцевски, кого Иванов не го ставил списокот за спасување на осомничени за криминал од тогашната владејачка...

СДСМ: Иванов да не се става над Уставот и да не се противставува на волјата на граѓаните

Ѓорге Иванов работи спротивно на интересите на државата, нема чувство за реалноста ниту за значајноста на моментот во кој се наоѓа Македонија, велат од СДСМ како реакција на соопштението од кабинетот на Иванов во кое се вели дека тој нема да го поддржи Договорот со Грција. „Ако на Иванов не му е јасно дека Договорот е за членство на Македонија...

Иванов: Заев ја лаже јавноста, нема да го поддржам Договорот со Грција

Претседателот Ѓорге Иванов преку соопштение од неговиот кабинет вели дека најостро ги демантира лагите изнесени од премиерот Зоран Заев во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ“ дека тој ќе го поддржи Договорот со Грција. „Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Македонија...

Костадинов: Договорот е патриотски чин, Иванов е должен да потпише

Пратеникот од СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, на прес-конференција во Собранието, откако пратениците вторпат го ратификуваа Договорот со Грција, порача дека станува збор за патриотски чин и договор што го обезбедува и зајакнува македонскиот идентитет, носи членство на Македонија во ЕУ и НАТО и ја обезбедува македонската иднина. Тој рече дека претседателот Ѓорге Иванов е должен да го потпише, бидејќи...

Заев апелира до Иванов да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција

Претседателот Ѓорге Иванов да го потпише законот за ратификација на Договорот со Грција, а референдумот тоа само ќе го потврди, апелираше денеска премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на првиот фотоволтаичен систем на приватен објект, Заев напомена дека првпат по 27 години граѓаните добиваат шанса да одлучуваат за иднината на Македонија. – Верувам во нашиот народ...

Пратениците денеска повторно ќе гласаат за Договорот со Грција по ветото на Иванов

Собранието денеска во 11 часот ќе одржи пленарна седница на која единствена точка на дневен ред е законот за ратификација на Договорот со Грција кој на 17 јуни во Преспа го потпишаа македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕиас. Законот по втор пат се наоѓа пред пратениците откако претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише...

Камбовски: Претседателот е должен да потпишува закони, а не да изнесува ставови

Уставна должност на претседателот на државата е да ги потпише законите и договорите што ги усвојува и ратификува Собранието, а не да изнесува лични ставови и толкувања, порача академик Владо Камбовски, пензиониран професор на Правниот факултет во Скопје, одговарајќи на прашања на новинарите во Охрид, каде учествува во работата на Летната школа по природно право. Настанот е организиран од...

Тачи: Договорот со Грција е историски и многу значаен

Договорот меѓу Македонија и Грција за спорот со името е историски и многу значаен за иднината на земјата, оцени лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи во интервју за Новинската агенција „Журнал“ и „ЖурналТв“. – Договорот е историски и многу важен за иднината на земјата. Без овој договор иднината на Македонија ќе продолжеше да биде под знак прашалник....

Џафери: Собранието мора да ја прекине лошата пракса на Иванов да не потпишува закони

Доколку не го потпише и законот за ратификација на Договорот со Грција откако и по втор пат ќе биде изгласан со Собранието, претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе воведе лоша пракса на мешање на надлежностите на властите односно преземање на надлежностите кои му припаѓаат на Собранието. Ова го истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинари. -...

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...