fbpx
Таг: Ѓорге Иванов

таг: Ѓорге Иванов

Годишно обраќање на Иванов на пладне во Собранието

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во 12 часот, ќе има годишно обраќање во Собранието на Република Македонија. Ова ќе биде последно годишно обраќање на Иванов како претседател на државата. Неговиот мандат истекува на 2 мај наредната година, а претседателските избори ќе бидат распишани најверојатно на почетокот на февруари. Иванов 10 години е претседател на државата. Тој прв пат стапи на...

Последни пратенички прашања годинава, утре обраќање на Иванов

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 72 седница на која пратениците ќе поставуваат прашања. Собранието вчера по скратена постапка ги донесе Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за лековите и медицинските средства. Претседателот на Собранието Талат Џафери потоа ја прекина 77. седница, а продолжението го најави за в петок. Во петок...

Иванов го потпишал Законот за амнестија

Законот за амнестија кој го изготви Координативно тело за помирување, вчера е објавен во Службен весник. Тоа значи дека Указот за прогласување за овој закон го потпишал претседателот Ѓорге Иванов и оти веќе тече рокот од 5 дена за пријавување на сите обвинети за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. Според овој закон, секој обвинет треба да поднесе...

Последното годишно обраќање на Иванов во Собранието на 28 декември

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, в петок на 28 декември во 12 часот ќе му се обрати на Собранието. Иванов го испратил барањето до претседателот на Собранието, Талат Џафери на 5 декември, неколку дена откако Џафери на брифинг со новинарите рече дека истекува време за поднесување барање доколку претседателот Иванов сака да го оствари своето право. – Претходните години, порано добивавме...

Заев не ја губи надежта дека Груевски ќе биде испорачан

„Не знам во кој свет одредени луѓе се’ уште живеат, а така ќе го прашам и претседателот Иванов. Каде во светот извршната власт апси, власта извршна истражува, власта извршна прави обвинителни акти...?! Тоа е работа на обвинителството и судството - праша премиерот Зоран Заев на прашањето да ја искоментира констатацијата на претседателот Ѓорѓе Иванов дека „ништо чудно и да биде...

Иванов сè уште не побарал термин за годишното обраќање во Собранието

Нема најава од претседателот на државата, Ѓорге Иванов дека сака има годишно обраќање во Собранието, рече собранискиот спикер, Талат Џафери на брифинг за новинарите. - Претходните години, порано добивавме барање од Иванов, оваа година сè уште не е пристигнато. Доколку сака да се обрати тој мора да побрза со доставување барање за да може да му се обезбеди термин. Ова...

Иванов, „згрозен и злоупотребен“, негира сè и бара одговор од УБК зошто е прислушуван

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги негираше и наводите од службената белешка на УБК од објавеното решение за притвор за Кирил Божиновски, исто како и во случајот со Миле Јанакиески. Од кабинетот на претседателот велат дека се „згрозени“, дека ниту е побарана, ниту одржана средба со Божиновски, ниту со негов посредник и негираат дека е остварена средба со посредник на Јанакиески. „На...

Иванов: Лага е дека се одржала средба со посредник на Јанакиески

Ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана „строго доверливо“, а која е основ за определување на мерката притвор, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, по објавата на решението на Основниот суд Скопје 1 за определување на мерка притвор за Јанакиески. „Миле Јанакиески телефонски побара средба...

Обвинителството отвори предистражна постапка за Иванов за кршење на Уставот

Скопското јавно обвинителство отвори предмет за претседателот Ѓорге Иванов во кој ќе постапува по две кривични пријави во врска со непотпишување на Законот за јазици и Договорот од Преспа. Предметот е во предистражна постапка и во моментов се преземаат дејствија за проверка на наводите од пријавата. Побарани биле податоци и информации од Собранието на Македонија и од Кабинетот на претседателот...

Иванов: Договорот има за цел од нас да направи фуснота во нечија туѓа верзија на историјата

Со Договорот од Преспа политичари, дипломати и бирократи ќе ги цензурираат учебниците што ги пишувате или од кои вие предавате, рече претседателот Ѓорге Иванов обраќајќи се пред професори и историчари на свеченото отворање на Првата национална конференција за византологија и медиевистика „Самуиловата држава – 1.000 години потоа (1018-2018)“. -Во член 8, точка 5 е предвидено формирање на ‘Заеднички интердисциплинарен комитет...

Иванов: Пратениците не зедоа предвид дека народот не го прифати договорот од Преспа

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Словенија, Миро Церар. Во однос на македонските евроатлантски интеграции, Иванов изразил надеж дека долгогодишната отворена и безрезервна поддршка од Словенија ќе продоложи и во иднина, со цел отварање на пристапните преговори со ЕУ и членство на Македонија во НАТО. „Во однос на политичките случувања во нашата...

Руско МНР: На референдумот беа бојкотирани решенија наметнати од надвор

Резултатот од референдумот во Македонија покажува дека гласачите одлучија да бојкотираат решенија наметнати од надвор, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагандната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не го поддржаа Преспанскиот договор, резултатите...

Иванов: Реалност е дека референдумот не успеа, Македонија остана непоразена

На вчерашниот референдум народот го отфрли Преспанскиот договор. Со негласање, народот јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. Бојкотот е гласот на оние кои се потценети и не се слушнати, рече претседателот на државата Ѓорге Иванов во обраќањето да македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. – Пораката од народот е испратена...

Сите бегства на Ѓорге Иванов (инфографик)

Претседателот Ѓорге Иванов во клучните моменти за Македонија аболицирал или поништувал или непотпишувал или не бил тука, па се враќал или требало да оди, па не одел ама немало да гласа. Иванов на 9 мај 2015 година кога изби вооружената престрелка во Куманово беше во Москва на прославата за 9 Мај – Денот на победата над фашизмот. Следниот ден, кога работите станаа...

СДСМ: Иванов останува сам, заробен во сопствената идеја за изолација

Во клучната недела за иднината на државата и нејзините граѓани, Ѓорге Иванов одлучи да не ја напушта својата идеја за изолација на Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов. Во неа се додава дека „очигледно е дека Иванов е навикнат да им предизвикува проблеми на сопствените граѓани, дури и на оние кои го гласаа.“ „Последниот...

Иванов: Нема да излезам да гласам на референдумот на 30 септември

Претседателот Ѓорге Иванов нема да гласа на референдумот за промена на името. Тој пред Обединетата Македонска Дијаспора во Детроит рече дека пред 27 години гласал за независна држава со достоинство и дека нема да отстапи од ветувањето кое го дал пред граѓаните. – Што се однесува до мене, јас веќе гласав. Гласав пред 27 години, на 8 септември 1991 година....

Иванов во посета на САД, ќе се обрати на 73. сесија на Генералното собрание на ОН

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, информираат од кабинетот на претседателот. Иванов на 27 септември ќе има обраќање на генералната дебата на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации на тема: „Да ги направиме...

Иванов до Матис: Членството во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и приоритети

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска се сретна со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис со кого разменил мислења за тековните политички случувања во Република Македонија, за евроатлантските перспективи на земјата и за билатералната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста, соопшти кабинетот на Иванов. Македонскиот претседател истакнал дека пристапувањето во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и...

Могерини: На 30 септември нема да гласате на избори туку за вашата иднина

Со политичко лидерство и водство, храброст и одговорност можете да одите напред, порача Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија во скопската чаршија и додаде дека решавањето на отворените прашања и спроведување на европските вредности ја носи Македонија кон ЕУ. Могерини истакна дека Македонија има огромни резултати кои биле...

Трамп му честиташе на Иванов: Договорот од Преспа го поплочува патот до НАТО и ЕУ

Договорот од Преспа го поплочува патот на Македонија до членството во НАТО и Европската Унија, му порачува американскиот претседател Доналд Трамп на својот македонски колега Ѓорге Иванов во честитката за Денот на независноста - 8 Септември. Трамп упати честитки и до граѓаните на Македонија. „Македонија има многу причини да биде горда за годинава. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...