fbpx
Таг: Ѓорге Иванов

таг: Ѓорге Иванов

Уставниот суд не поведе постапка за Преспанскиот договор

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска на прес-конференција соопшти дека судот решил да не поведе постапка за иницијативата од Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов, Стив Ангеловски, Солза Грчева и Томе Тодоровски за поништување на Указот за Преспанскиот договор и самиот Преспански договор. Одлуката била донесена едногласно од сите уставни судии. Уставниот суд не навлегувал во содржината на...

Судот во Стразбур ги одби жалбите на помилуваните ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ

Европскиот суд за човекови права во Стразбур едногласно одлучи дека апликацијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои во 2016 година беа помилувани од тогашниот претседател Ѓорге Иванов се недопустливи, односно дека обвинетите не ги исцрпиле сите домашни правни лекови. Владимир Талески, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Тони Трајковски и Едмонд Темелко се жалеа во Стразбур...

Иванов за насилствата на 27 април: Небулоза и дел од сценарио е дека сум сакал да прогласам воена состојба

Информациите дека на 27 април 2017 година планирал да прогласи воена состојба, поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов на денешното сведочење во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека се небулози и дека оваа теза е за негова дискредитација, пишува порталот 360 степени. „Сѐ што е поврзано со воена состојба произлезе од текст објавен во еден неделник, една недела пред...

Вистиномер: Не е точно дека Судот во Стразбур одлучил оти важи аболицијата на Иванов

Пост на Фејсбук дезинформира дека Eвропскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донел одлука според која важи аболицијата на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов. Всушност, се работи за тоа дека се започнати постапки пред ЕСЧП по поднесени апликации на 10 поранешни функционери, обвинети во случаите на СЈО, а не дека е донесена одлука, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа. Објава на социјалната...

Отворено писмо: Земјите од Г20 итно да обезбедат 8 милијарди долари за борбата против КОВИД19

Итно да се доделат 8 милијарди долари за справување со новиот корона вирус во целиот свет, за да се спречи крах на здравствените системи, но и на економиите. Дополнително, за земјите со послаби здравствени системи и ранливо население, да се обезбедат уште 35 милијарди долари во блиска иднина, побараа речиси стотина поранешни претседатели, премиери, министри, нобеловци, професори, експерти и...

Уставен суд ги избрка новинарите и не дозволи проследување на средбата Жбогар-Мурати

Уставниот суд не им дозволи на новинарите да ја проследат средбата помеѓу претседателот на судот, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар. И покрај инсистирањето да се присуствува и да се земат изјави по завршување на средбата, службите од судот сугерираа изјавите да се земаат само надвор од објектот. Не е позната темата на средбата, а Мурати по неговото назначување...

Иванов е уште претседател – на официјалната веб-страница

Довчерашниот претседател на државата, Ѓорге Иванов иако вчера му ја предаде  функцијата на Стево Пендаровски, кој победи на последните претседателски избори, и од денеска е „во пензија“, уште фигурира како претседател на Македонија, на официјалната веб-страница на шефот на државата - http://pretsedatel.mk/. Иако кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, од вчера почна да испраќа соопштенија до медиумите за вчерашните...

Продолжете по вашиот пат за земјата да биде светилник на мирот, порача папата Франциск

Ве охрабрувам да продолжите на вашиот пат со цел вашата земја да претставува светилник на мирот, прифаќањето и плодна интеграција на култури, религии и народи. Преку отсликување на нивните посебни идентитети и виталноста на нивниот културен и граѓански живот, тие ќе бидат во можност да ја изградат заедничката судбина преку посебното богатство што го нудат. Господ нека ја заштити...

Плоштадот полн, се чека 20 минути за влез за мисата на папата (Галерија)

На час и половина пред почетокот на мисата на папата Франциск, плоштадот Македонија речиси е полн со верници, бискупи, надбискупи, гости од регионот, но и од светот. Во масата граѓани, речиси исто толку се слуша хрватскиот јазик колку и македонскиот, оти е голем бројот на Хрвати од Хрватска и од БиХ. Приодите кон плоштадот беа отворени пет часа пред почетокот...

Кабинетот на Иванов до Антикорупциска: Указите се донесени согласно Уставот

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов најостро реагира за, како што велат оттаму, „политичката“ одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да поднесе прекршочни пријави против претседателот и целосно ги отфрла тврдењата дека со донесувањето на указите, кои се предмет на ваквата одлука, претседателот постапил спротивно на законите и ги пречекорил овластувањата. „Разочарува фактот што, и покрај тоа што...

Прв круг со најмала разлика во последните пет избори (инфографик)

Фото: Борче Поповски
Првиот круг од претседателските избори што се одржа вчера ја има најмалата разлика во гласови меѓу двајцата кандидати на последните пет круга претседателски избори, односно Стево Пендаровски освои само 4.606 гласови повеќе од Гордана Сиљановска - Давкова. Поради тоа, многу се мали и шансите за успешно предвидување на исходот од вториот круг, ако се обидуваме да правиме споредба со...

Досие: Што направи претседателот Иванов за време на вториот мандат (инфографик)

Во текот на вториот мандат, претседателот Ѓорге Иванов е оценет како партиска алатка на ВМРО-ДПМНЕ. Како шеф на државата немаше добри односи со меѓународната заедница, спроведе анти-албански политики и донесе одлуки против правниот и уставниот поредок. Иванов не “стоеше добро“ ниту со граѓанскиот сектор, кои не ретко беа на нишан на неговите критики, но и со новинарите на кои...

По што ќе биде запаметен Ѓорге Иванов: Како татко на нацијата или на ВМРО-ДПМНЕ?

Милитант на ВМРО-ДПМНЕ, кловн и слуга на поранешниот премиер Никола Груевски. Ова се некои од оценките на познавачите на политичките и правните прилики, претставниците на граѓанскиот сектор, медиумите, како и академската и публицистичката фела, за тоа како Северна Македонија ќе го запамети, Ѓорге Иванов. претседател во два мандати, односно од 2009 до 2019 година, пишува Порталб.мк. Соговорниците на Порталб.мк. оценуваат дека...

Иванов изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајката кај Ласкарци

Претседателот на државата Ѓорге Иванов изрази сочувство по сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци во која загинаа 14 лица. -Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево. Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените...

Влада: Иванов ја злоупотреби функцијата за да ја блокира демократијата

Владата порача дека ја поддржува одлуката Законот за јазиците и Законот за ратификацијата на Преспанскиот договор да бидат објавени во Службен весник со потпис на претседателот на Собранието, Талат Џафери, имајќи го, како што се вели, „предвид прекршувањето на Уставот од страна на претседателот Ѓорге Иванов“. „Донесувањето на Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација е во целосна...

Џафери: Не чувствувам никаква одговорност, Иванов ги помешал лончињата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека не чувствува никаква одговорност затоа што тој, а не претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ги потпиша указите за Законот за јазици и Законот за ратификација на договорот од Преспа и ги испрати на објавување во Службен весник. – Јас не чувствувам никаква одговорност затоа што сум презел сѐ во рамки...

Груби: ВМРО-ДПМНЕ први да постават двојазична табла на своето седиште

Пратеникот на ДУИ и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, на прес-конференција во Собранието порача дека Законот за јазиците денеска стапува на сила и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да биде првиот фактор што ќе постави двојазична табла. Тој рече дека институциите веднаш треба да се придружуваат до законските одредби и да ги применат....

Иванов: Законот за јазиците и ратификацијата се објавени противуставно

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни, порача претседателот на државата, Ѓорге Иванов во писмено обраќање. Тој вели дека постапката да се објават двата закона е основа за кривично гонење. „Со доставувањето на овие два закона во Службен...

Претседателот Ѓорге Иванов стана фуснота на објавениот Закон за јазици

По долгогодишната практика на некои држави и меѓународни организации при користење на името Република Македонија да додаваат и фуснота во која се објаснува дека Македонија има спор со Грција, која не го признава нејзиното име, и дека во Обединетите Нации земјава се води како Поранешна Југословенска Република Македонија, сега и претседателот на државата Ѓорге Иванов стана - фуснота. Имено, по...

Иванов: Пандорината кутија е отворена и сега секој си зема право да го негира она што е наше

Македонскиот јазол не може да се пресече туку треба внимателно да се разврзува. Работев на разврзување на тој јазол. Бев свесен дека има црвени линии преку кои не се преминува. На власт дојде некој кој мислеше дека може да го пресече јазолот и да го реши македонското прашање по секоја цена. Пандорината кутија е отворена и сега секој си...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...