fbpx
Таг: Гордана Јанкулоска

таг: Гордана Јанкулоска

Јанкулоска по три години во затвор, пуштена е на слобода

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од денеска е на слобода. Таа го напушти затворот Идризово, каде што отслужуваше затворска казна на четири години за случајот „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот мерцедес на Владата. Таа доби условен отпуст и казната ѝ беше скратена за една година. Пробациска канцеларија ќе го следи условниот отпуст кој ќе трае до 28...

Контраспин: Со измените на КЗ, асистирани и од опозицијата, се амнестирани многу поранешни и сегашни членови на ВМРО-ДПМНЕ

По пропаѓањето на крунскиот случај од поранешниот СЈО Таргет-Тврдина и де факто амнестијата од кривична одговорност за Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и други инволвирани во овој случај, да се тврди ако Пендаровски не ги потпишеше измените, ќе се спречела аболиција на идни случаи на функционери на СДСМ и на ДУИ, во најмала рака е лицемерно. Зашто, прво, ВМРО-ДПМНЕ не...

Апелација: Условни казни за Јанкулоска, Протуѓер и Пепиќ, а за Јанакиески 3,5 години затвор за „Титаник“

Апелациониот суд Скопје ги намали казните за дел од осудените за случајот „Титаник“. Според објавата на Апелациониот суд, останува условната казна за поранешниот шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, на условна казна се осудува и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, а поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на единствена казна затвор од...

Сашо Мијалков повторно во обвинителна клупа за масовното прислушување

Во Основниот кривичен суд во Скопје почнува повтореното судење за најголемиот предмет за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“. Од затворот во Струга во судот ќе биде донесен поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Пред два месеца беше укината пресудата во која Мијалков беше осуден на 12 години затвор, а новото судење започнува денеска и продолжува утре, кога обвинетите...

Јанкуловска, Јанакиески и Протоѓер признаа вина во случајот „Титаник“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинетот на на пребеганиот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, како и пет други обвинети лица, признаа вина на денешното судско рочиште за случајот „Титаник“. Судскиот процес почнува по трет пат од почеток поради смена на поротник. Обвинетите се дел од поранешното раководство...

Протоѓер, Јанкулоска и Чинговски сведочеа за случајот „Плацови на Водно“

Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска и Влатко Чинговски денеска се појавија во Основниот кривичен суд во Скопје како сведоци на обвинителството во случајот „Плацови на Водно“. Тие одговараа на прашањата за финансирањето на партијата, од чии донации според тезата на обвинителката Лиле Стефанова, поранешниот премиер Никола Груевски купувал атрактивни плацови. Поранешниот шеф на кабинетот на Никола Груевски, Мартин Протоѓер потврди дека Груевски...

„Таргет-Тврдина“: Јанкулоска се брани претставувајќи се како жртва, а не соучесник во прислушувањето

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во завршните зборови на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ се брани претставувајќи се како жртва, тврдејќи дека не била вмешана во уништувањето на опремата со која од 2008 до 2015 година се вршело незаконско прислушување на десетици илјади граѓани за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешната министерка е обвинета дека помогнала во уништувањето...

Јанкулоска и Мијалков денеска сведочеа во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушкување

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков денеска сведочеа на судското рочиште во случајот „Таргет-Тврдина“. Јанкулоска денеска во Кривичниот суд-Скопје изјави дека не знаела оти ќе се уништува опремата со која е извршено масовното прислушкување, иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисијата во УБК. Таа тврди дека од...

Јанкулоска нападите во Собранието ги гледала на телевизија, тврди ВМРО-ДПМНЕ не е организатор

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска сведочеше за нападот во Собранието, којшто се случи на 27 април 2017 година. Таа во исказот пред судот изјавила дека дента кога се случиле нападите, била во партиското седиште до 17 часот и потоа заминала дома, од каде што на телевизија го следела нападот во Собранието. Јанкулоска во сведочењето исто така изјави дека...

Процес „Таргет-Тврдина“- прислушуваните сведоци бараат милиони евра отштета

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ за незаконското прислушување во периодот од 2008 до 2015 година. За нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, избеганите Горан Грујевски и Никола Бошковски, Тони Јакимовски, како и неколку вработени во...

Јанкулоска со лисици на рацете, од затвор донесена на судското рочиште за „Таргет-Тврдина“

Со лисици на рацете денеска поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, од затворот „Идризово“, каде се наоѓа од пред два дена, беше доведена на судското рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“. Таа е веќе осудена на четири години затворска казна во предметот „Тенк“ за злоупотреба на службена положба поради незаконска набавка на владиниот мерцедес во вредност од 600.000 евра. На денешното...

Контраспин: Јанкулоска е „жртва“ на авторитарниот систем на бегалецот Груевски

Случајот „Тенк“ за кој Јанкулоска и Поповски издржуваат казна затвор, а Никола Груевски „храбро“ побегна од земјата, е чист од правен аспект, барем според пресудата што е потврдена во три степена – Основен, Апелација и Врховен суд. Но, ВМРО-ДПМНЕ спинува дека Јанкулоска е жртва на Заев, без да појасни зошто во чист случај не бара отворено и Груевски да...

Поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е спроведена во затворот во Идризово, каде што треба да ја одлежи четиригодишната казна затвор за случајот „Тенк“, кој се однесува на набавка на „мерцедесот“. „Лицето Г.Ј е спроведено во затворот Идризово,“ потврдија кратко од МВР. Во случајот „Тенк“, кој беше отворен од згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО), предмет на обвинение беше незаконски тендер...

Нееднаквост на Врховниот суд: Граѓаните чекаат со години, бизнисмените и функционерите „вршат работа“

Врховниот суд донесе одлука за случајот „Труст“ на бизнисменот Сеад Кочан една година и седум месеци по одлуката на Апелациониот суд. Но тоа не е случај со граѓанинот Насер Ештрефи, чие семејство пет години чека пред вратите на судот, каде случајот е покриен со прашина, пишува Порталб.мк. Нееднаквиот пристап на судските институции кон граѓаните е секако една од главните причини...

Контраспин: На Мицкоски не му е првпат да става сол врз раната за Никола Младенов

На 27 јуни, обраќајќи им се на граѓаните на Кочани, во рамките на изборната кампања и презентацијата на програмата на ВМРО ДПМНЕ, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, во дел од својот говор се осврна на истрагата за смртта на новинарот и основач на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, недвосмислено користејќи спин преку прашувањето до каде е истрагата за овој случај,...

Јанкулоска: Нема причина за построги мерки за претпазливост

Екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска пред почетокот на рочиштето за „Титаник“, порача дека мерките за претпазливост што ги има ги почитува и дека нема потреба од построги мерки. - Мерките за претпазливост ги почитувам, не постои никаква причина да бидат преиначени – рече Јанкулоска. Јанкулоска која е неправосилно осудена на 6 години затвор во случајот „Тенк“, одземен и е пасошот...

Јанкулоска, покрај 6-те години затвор доби и забрана за напуштање на Скопје

Судечкиот совет го прифати предлогот на СЈО и определи на Гордана Јанкулоска мерка на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиштето и престојувалиштето до извршување на казната од шест години затвор што денеска и беше изречена за набавката на луксузниот „мерцедес С600“, за кој Специјалното јавно обвинителство поведе обвинение познато како „Тенк“. Јанкулоска е прогласена за виновна за злоупотреба на службената положба и овластување....

Јанкулоска осудена на 6 години затвор за набавка на „мерцедесот“

Судијката Добрила Кацарска и досуди шест години затворска казна на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во случајот „Тенк“ на СЈО за набавка на луксузниот „мерцедес“ од речиси 600.000 евра. Судијката Кацарска рече дека обвинетата Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службена должност и овластување. -Неспорно е дека е набавено патничко моторно возило „мерцедес гард“. Обвинетата Јанкулоска знаела дека се...

Денеска пресуда за Јанкулоска за набавката на „мерцедесот“

Во Основен суд Скопје 1, според најавеното, денеска треба да се изрече пресудата за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во судењето за случајот „Тенк“, кој го води Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за одвоено судење, кое почна поради нејзината бременост. Претходно таа беше дел од главната постапка во случајот за блиндираниот мерцедес од околу 580.000 евра, набавен...

СЈО побара Јанкулоска да биде прогласена за виновна

Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство на крајот од своето изнесување на завршните зборови за случајот „Тенк“ побараа обвинетата Гордана Јанкулоска да биде прогласена за виновна со оглед на тоа дека извршила злоупотреба на службената положба за набавка на екстралуксузниот автомобил „мерцедес“. „Обвинетата Гордана Јанкулоска при набавката на возилото ‘мерцедес ес 600 гард’ била свесна за своето дело и сакала извршување...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...