fbpx
Таг: Гордана Силјановска – Давкова

таг: Гордана Силјановска – Давкова

Пендаровски беше и во посета, но и го посетија светски лидери

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, д-р. Ѓорѓија Сајкоски, пред партискиот митинг изјави дека Стево Пендаровски во својата функција како претседател не бил на официјални гостувања, ниту пак примил светски државници со што ги покажува „својот капацитет и безличноста“. Со оглед дека информациите на претседателот се редовно документирани и јавно достапни, лесно може да се утврди дека ова е далеку од...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на пензионерите, туку на влијателни, квалитетни луѓе надвор од партиските табори – аналитичари, експерти, колумнисти… Токму нив ги повика Силјановска да не гледаат сеир отстрана, туку да се вклучат во политичката...

ДИК ги потврди седуммината кандидати за претседател

Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно ги усвои кандидатурите на Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски, Арбен Таравари, Билјана Ванковска-Цветковска и Бујар Османи за претстојните претседателски избори, во рамки на кои, првиот изборен круг ќе се одржи на 24 април, а вториот, на 8 мај. Таравари и Јакимовски во рок од 48 часа треба да ја комплетираат својата...

Пендаровски и Силјановска ги собраа потписите за претседателска кандидатура

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова ги собраа потребните 10.000 потписи за кандидатура за претседател на претстојните избори. „Во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот Стево Пендаровски“, изјавија од кабинетот на Пендаровски. Оттаму велат дека собирањето на потписите започнало денеска, 3 март во 08.00 часот на територијата...

Гордана Силјановска-Давкова официјално е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска-Давкова и официјално ќе влезе во трката за претседател на државата, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Таа денеска со мнозинство гласови беше избрана на Kонвенцијата која се одржа во Скопје. Силјановска- Давкова по изборот посочи дека претседателот треба да се однесува натпартиски, да едуцира, да обединува, да биде проактивен и да почитува соработка и мирно решавање на споровите. „Претседателот мора да...

ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ќе го промовира својот кандидат за претседател на државата

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на конвенција денеска официјално ќе го промовира својот кандидат за претседател на државата. На конвенцијата се очекува поддршка да добие единствениот кандидат кој се пријави на партискиот повик, професорката Гордана Силјановска Давкова. Таа е актуелен пратеник во Собранието, а беше и претседателски канадидат на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2019 година. Силјановска Давкова била професорка по...

Пендаровски, Силјановска-Давкова и Османи влегуваат во претседателската трка

Најголемите политички партии ги обзнанија кандидатите за претседателските избори на ден пред почетокот на рокот за собирање потписи. Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски ќе биде претседателски кандидат на СДСМ и на овие избори, јавија неколку медиуми повикувајќи се на извори од партијата. Ова е трет настап на Пендаровски на изборите за претседател на државата, а неговата кандидатура се очекува да...

ВМРО-ДПМНЕ не го открива претседателскиот кандидат, ќе го бираат на конвенција

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не го открива името на претседателскиот кандидат со којшто ќе настапат на претстојните претседателски избори, што треба да се одржат наредната пролет. Партискиот претседател Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Ресен, на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе биде маж или жена кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговори дека партијата има сериозна внатрешна...

Александар Николоски од ВМРО – ДПМНЕ ќе му парира на Заев во четворката

Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната прес - конференција ги објави кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори на 12 април. Тој како претседател на најголемата опозициска партија во земјава нема да се најде на кандидатските листи. Носител на листата во првата изборна единица е Гордана Силјановска Давкова, додека кандидатската листа во двојката ќе ја предводи...

Анкета: Пендаровски го зголемил водството на 3,7 отсто пред Сиљановска

Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, е во благо водство (27,2%) пред Гордана Сиљановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ (23,5%), односно разликата е 3,7 процентни поени. Со ова се потврдува ставот дека се работи за изедначена трка, иако Пендаровски во меѓувреме, од претходната анкета, го зголемил водството од 2,6 на 3,7 процентни поени. Ова го покажаа резултатите од истражувањето...

Почна претседателската кампања, Силјановска стартуваше по полноќ од родната куќа во Охрид

Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река денеска ја почнуваат кампањата за шестите претседателски избори. Кампањата на Силјановска-Давкова, која е претседателски кандидадат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, почна од Охрид, кратко по полноќ, пред нејзината родна куќа. Претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Пендаровски ќе го стартува своето претставување пред гласачите во Прилеп, а Река, претседателскиот кандидат на Алијанса на Албанците...

Во ДИК доставени и кандидатурите на Пендаровски и Силјановска

Два дена откако во Државната изборна комисија (ДИК), својата претседателска кандидатура, заедно со потписи од над 11.000 подржувачи, ја поднесе Блерим Река, денеска во ДИК беа поднесени и кандидатурите на Стево Пендаровски и на Гордана Силјановска - Давкова. Денеска кандидатурата во ДИК прв ја достави Изборниот штаб на СДСМ и коалицијата. Во името на Пендаровски, материјалите и собраните 32.000 потписи...

Пендаровски и Силјановска – Давкова се подготвени да се соочат на ТВ дуел

Двајцата формално независни кандидати за претседател на државата зад кои застанаа најголемите партии од власта и опозицијата, се подготвени за ТВ дуел. Како што за „Мета“ изјавија и Стево Пендаровски и шефот на Изборниот штаб на Гордана Силјановска - Давкова, тие сметаат дека треба да има ТВ дуел или дуели во кои пред целата јавност ќе може да ги спротивстават...

Анализа: Претседателската трка започна – крајот неизвесен

Тројца кандидати за претседател на Република Северна Македонија беа искристализирани со завршувањето на Конгресот на владејачаката СДСМ на 3 март, кога прв пат во поновата историја на земјата беше потврден т.н. консензуален кандидат. Имињата се познати, датумите исто така, но непознато е, поради повеќе причини, кога земјата ќе го избере новиот претседател. На шестите по ред претседателски избори од независноста...

Како по пет години Пендаровски стана консензуална личност?

Повторното кандидирање на Стево Пендаровски за претседател и поддршката што тој ја доби од Демократската унија за интеграција (ДУИ) предизвикаа бројни реакции во јавноста. „Дали требаше да поминат пет години, за Пендаровски да стане ,консензуален'!? Што се промени кај Пендаровски за да се случи тоа?“, прашува „Порталб.мк“. Во текот на 2014 година, Стево Пендаровски беше кандидат , за претседател на...

Српската РТС се загуби во календарот: ВМРО-ДПМНЕ избра претседателски кандидат

Српскиот јавен радиодифузен сервис РТС вчеравечер на својата веб-страница објави вест за вчерашниот разговор на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на кој се договориле двата партнера од владејачката коалиција на претседателските избори на 21 април да излезат со заеднички кандидат. Оваа информација на РТС jа презедоа повеќе портали, без проверка. Пренесувајќи што пишуваат македонските медиуми...

Гордана Силјановска-Давкова: Противничката на Договорот од Преспа како можен кандидат за претседател

Деновиве доста се дискутира околу можноста Правниот факултет при УКИМ одново да даде кандидат за станар во претседателската вила на Водно, откако актуелниот Ѓорѓе Иванов почнува да си ги пакува своите лични предмети, заради завршување на претседателскиот мандат. Имено, се говори за тоа дека не само локацијата од каде се бира нов носител на највисоката функција во државата е...

Нема договор, само желба за заеднички претседателски кандидат на Села и Касами

Алијансата за Албанците (АА)на Зијадин Села и крилото на Беса предводено од Биљал Касами не разговарале можноста на претседателските избори да настапат со свој кандидат, иако во двете партии има желба за такво нешто, јавува „Порталб“. - За ова прашање не е разговарано со движењето Беса.  Факт е дека има заедничка желба тоа да се случи, но нема договор. Денеска...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...