fbpx
Таг: горан свилановиќ

таг: горан свилановиќ

Мајлинда Брегу e новата генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка

Мајлинда Брегу од денеска е на функцијата генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), на местото на досегашниот секретар Горан Свилановиќ, официјално е соопштено во Сараево. РСС е извршно тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија. Во својата писмена изјава Брегу ја подвлече мислата на Жан Моне за обединување на...

Свилановиќ: Кибернетичкиот простор, безбедносно жариште на Западен Балкан

Новото безбедносно жариште и сериозен предизвик на глобално, регионално и локално ниво е кибернетичката сигурност, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ на Третата регионална конференција за координација во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам во Истанбул. Тој додаде дека показател за тоа е и податокот дека само во 2017 година во шесте земји од Западен...

Свилановиќ: Ромките се најранлива група во регионот

Најранилва група во регионот на Западен Балкан се Ромките, беше истакнато на регионалната конференција што започна денеска во Белград, Србија, во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС), а под покровителство на Владата на Србија и CARE Интеренешнл Балканс. „Девет од десет млади Ромки на возраст од 18 до 24 години во целиот регион не се школуваат, не проаѓаат никакви...

РСС: Во Македонија во последните осум години отворени 103.000 нови работни места

Западен Балкан се враќа на патеките на порастот, бидејќи во земјите во регионот од 2010 досега се создадени 600.000 работни места,  (од кои дури 103.000 во Македонија!), а во работната сила во регионот се влезени дополнителни половина милион високообразувани луѓе, велат од Регионалниот совет за соработка (РСС). Во Македонија во последните осум години се отворени 103.000 нови работни места, односно...

Свилановиќ: ЕУ и НАТО треба да бидат решителни како што беа Заев и Ципрас

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Горан Свилановиќ изрази надеж дека ЕУ и НАТО ќе бидат подеднакво решителни како што беа решителни премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. „Овој историски договор дава нов ветар во грб не само на меѓусебната соработка туку и на натамошниот економски развој и процесот на европската интеграција на регионот. Искрено...

Свилановиќ: РСС ја продлабочи регионалната соработка во сите сектори

Регионалниот совет за соработка  (РСС) успеа со своите активности и со напорите на земјите од Западен Балкан да ја продлабочи регионалната соработка во речиси сите сектори, изјави денеска генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ во Софија. Говорејќи на Самитот на Европската унија и Западен Балкан во име на Советот, која што е единствена меѓувладина организација на земјите членки на Процесот...

Владите од региoнот ќе работат на дигитална трансформација за квалитетен живот

Во рамките на  Дигиталниот самит за Западен Балкан имаше и работен ручек на премиерот Зоран Заев, еврокомесарите Јоханес Хан и Марија Габриел, претседавачот на министерскиот совет на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, заменик-претседателката во Владата на Албанија, Сенида Меси, државниот секретар во министерството за економија и енергетика во Владата на Германија, Томас Берејс, претставници...

Фестивалот „Егзит“ прогласен за шампион на регионалната соработка

Светски познатиот музички фестивал „Егзит“ (EXIT) е прогласен за шампион на регионалната соработка на Западен Балкан за 2017 година. Признанието вчеравечер во Сараево му го врачи Регионалниот совет за соработка (РСС). Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, врачувајќи ја наградата на основачот на „Егзит“, Душан Ковачевиќ, истакна дека „фестивалот со универзални музички содржини ги надминува културолошките, политичките и сите други...

Донаторите и земјите од Западен Балкан се координираат во Брисел

Координација на донаторите за Западен Балкан се одржува денеска во Брисел под покривителство на Регионалниот совет за соработка (РСС), на која се собрани сите поважни учесници во економскиот развој на регионот, вклучувајќи ги и претставниците на земјите, меѓу кои и Македонија. „Состанокот претставува одлична можност земјите приматели на помош и донаторите да разменат информации за актуелните потреби, за недостатоците и...

Свилановиќ: Западен Балкан веднаш да го искористи поттикот од ЕУ

Стратегијата на Европската Унија за Западен Балкан уште еднаш ја подвлече важноста на регионалната соработка и добрососедските односи како главен елемент за напредокот на земјите кон нивниот европски пат и мора да се направат клучни промени и да се искористи моментот, порача денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. - Клучните промени мораат да дојдат од...

Свилановиќ: За пет години 1.000 борци од Западен Балкан заминале во Сирија и во Ирак

Околу 1.000 лица од земјите од Западен Балкан заминале да се борат во Сирија и во Ирак од 2012 до 2017 година, од кои 300 се вратени, околу 200 се убиени, а околу 400 сè уште се на боиштата, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Тој, како што соопшти РСС, изјави дека темпото на...

Пари за проблемите на Ромите на Балканот ќе се бараат и во државните буџети и од донатори

Министрите кои ја покриваат социјалната сфера во повеќе балкански држави, вклучително и на Турција, на конференција во Тирана денеска се договорија за решавање на проблемите на Ромите да се издвојуваат дополнителни средства од националните буџети, но и од други донатори. На регионалната министерска конференција во организација на Регионалниот совет за соработка (РCC) и албанските власти, се зборуваше пред се за...

Македонија и Западен Балкан ќе бидат приоритет на бугарското претседавање со ЕУ

Главен приоритет на Бугарија за време на претседавањето со Европската Унија (ЕУ) ќе биде Западен Балкан и поддршка на европската перспектива на регионот, изјавила бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, на средбата во Софија со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Бугарија ќе продолжи со поддршка на зајакнување на соработката меѓу ЕУ и регионот низ...

Самит на СЕЕЦП во Дубровник – големи очекувања за Балканот од самитот во Трст

Годишен состанок на министрите за надворешни работи и на шефовите на држави и на влади се одржува денеска во Дубровник, со што завршува хрватското претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), а на кој беа искажани и големи очекувања за Балканот од претстојниот самит во Трст. СЕЕЦП е формиран во Софија во 1996 година, а нејзини членови се Албанија,...

Свилановиќ: Прогресот на соработката на Балканот е видлив и покрај осцилациите

Прогресот во регионалната соработка на Балканот и во Југоисточна Европа е видлив и покрај пречките и осцилациите што се создаваа повремено на националните и на политичките сцени, оцени денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Оценката доаѓа само еден ден пред состанокот на шефовите на дипломатиите и самитот на шефовите на држави или влади на Процесот...

Свилановиќ: Борбата против екстремизмот да се вгради во образованието

„Спречувањето на екстремизмот треба да биде вграден во наставните планови и програми на општиот образовен систем, но и надвор од наставните активности“, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. - Младите се примарна цел на пропагандата на насилните екстремисти и за да станат поотпорни треба да се направат посебни координирани програми - појасни Свилановиќ, зборувајќи...

Шест земји од Западен Балкан во Сараево разговараат за економско поврзување

Агендата за регионалната економска интеграција е тема на состанок на претставници на шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, како една од последните подоготовки пред самитот планиран за јули годинава во Трст, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС). Средбата на која учествуваат претставници од повеќе министерства и претставници на премиерите на земјите од Западен Балкан е организарана од...

Свилановиќ: Потребно е регионално економско здружување на Балканот

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РСС), Горан Свилановиќ, смета дека политиката „еден регион - една економија“ е добра за Западен Балкан, ако е проследена со честа интеракција помеѓу ресорните министри од регионот и нивните колеги и институции од Европска Унија. - Очекувам дека премиерите на состанокот во Сараево ќе потпишат план за целосна економска интеграција на регионот. Овој...

Свилановиќ: Крајно време е Балканот да ги препознае пораките од ЕУ

„Крајно време е Западен Балкан да ги препознае пораките од ЕУ и да тргне напред преку регионалната соработка“, изјави Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка (РСС), меѓувладино тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, од кој дел е и Македонија. Тој ја модерираше панел-дискусијата што се одржа првиот ден од познатиот бизнис-форум „Копаоник 2017“, на кој, како...

Свилановиќ: Застојот на реформите во Западен Балкан може да се надмине преку интеграција во економијата

„Еден регион - една економија“, може да биде добредојдена новина за земјите од Западен Балкан, но само ако е следена со почеста интеракција од ресорните министри од регионот и нивните колеги од институциите од Европската унија. Ова денеска во Минхен го изјави Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ, зборувајќи на сесија посветена на глобалниот дијалог,...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...