fbpx
Таг: Горан Сугарески

таг: Горан Сугарески

Започнува проектот за изградба и реконструкција на над 400 километри локални патишта

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска од Прилеп го најави почетокот на реализацијата на проектот за изградба и реконструкција на над 400 километри локални патишта и улици во сите 80 општини и Градот Скопје. Вредноста на проектот е 70 милиони евра, кои се обезбедени од Светската банка. Министерството за транспорт и врски веќе го објави првиот тендер за...

Китанов и Сугарески: Кризата не влијае на динамиката на изградба на патиштата

Со цел да ги демантираат, како што рекоа лажните вести, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, дојдоа пред Штип, на местото каде се привршува градбата на патот Штип – Крупиште. Делницата од 19,5 километри претставува прва фаза од изградбата на експресниот пат Штип – Кочани и се очекува...

Сугарески: Демократско право е протестот на транспортерите, но е без аргументи

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, коментирајќи го денешниот протест на транспортерите поради зголемување на акцизата на горивата, рече дека протестот е неспорно демократско право на сите, но три клучни аргументи се против оправданоста на тој протест. „Прво, зголемувањето на акцизата е поради солидарност со граѓаните. Не е никаков товар за никого. Второ, цената на нафтата во моментов е...

Втора жртва од корона вирусот во Прилеп, војниците воведуваат ред пред маркетите и банките

Денеска почина маж на 69-годишна возраст, втора жртва на корона вирусот во Прилеп, а тројца се новозаразени. Како силна поддршка на мерките на локално и централно ниво, од денеска е вклучена и армијата. Во центарот на градот од изутрината има војници. Пред маркетите и банките има ставено налепници, со порака „Стој овде“, на пропишаното растојание од 2 метра, со...

Во вонредна состојба камионџиите ќе возат подолго и нема да се либерализира железничкиот транспорт

Владата донесе уредба за зголемување на времетраењето на управување со возила во патниот сообраќај за да се овозможи непречен проток на стоки во периодот на корона кризата. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес - конференција информираше дека дневното време на управување со возило се зголемува од 9 на 11 часа, додека на неделно ниво се...

Покрај камионите, компаниите можат да ги користат и возовите за транспорт на стоки

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес - конференција потенцираше дека Железници на РСМ - Транспорт ги става на располагање капацитетите за превоз на стоки во товарниот сообраќај. Сите товарни вагони од различен тип им се ставаат на располагање на компаниите за увоз и извоз на стоки во нашата земја, информираше министерот Сугарески. Тој посочи дека товарниот...

Годинава целосно ќе се реконструира оштетениот дел од патот Градско – Прилеп

До крајот на месецов треба да заврши реконструкцијата на магистралниот пат Дреново - Фариш во должина од 9,1 километри. Проектот вреден 1,5 милиони евра ќе обезбеди зголемување на безбедноста во сообраќајот и побрза патна врска на Пелагонискиот регион со останатиот дел од земјава, информираат од Министерството за транспорт и врски. Увид во градежните работи на терен денес извршија министерот...

Започна реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка – Деве Баир

Најдоцна до почетокот на 2022 година ќе биде завршена реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка - Деве Баир. Денеска започна изведбата на градежните работи на оваа делница со должина од 13 километри. Проектот вреден 12,4 милиони евра ќе овозможи изградба на трета коловозна лента долж целата траса, изведба на 4 нови моста и реконструкција на постојниот коловоз. - Овој...

Договор за првата фаза од автопатот кон Косово, експропријацијата допрва ќе се решава

Околу 12,2 милиони евра, без вклучен ДДВ, ќе чини изградбата на првите два километра од автопатот Скопје - Блаце. Во просториите на владата денеска беше потпишан договорот со „Гранит“ за изведба на првата фаза од проектот, којшто ќе овозможи наредното лето да се стави во функција оваа секција од автопатот. Првите два километра се градат со средства од буџетот на...

Сугарески оптимист дека гасот до општините ќе стигне догодина

Сите експропријации и службени процедури се комплетно завршени и гасодовот напредува со силна динамика, а наредната година веќе може и општините да се приклучат, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески од Теарце, каде заедно со општината се работи на реконструкција на секундарна водоводна мрежа. „Извонредната динамика на реализација, за која очекуваме краците преку Тетово до Гостивар и...

До крајот на ноември ќе биде комплетно реконструиран патот Гостивар – Кичево

Последната нереконструирана делница од патот Гостивар - Кичево ќе биде готова во текот на ноември. Трасата од Здуње до Гостивар е со должина од 4,6 километри, за чија обнова од Јавното претпријатие за државни патишта имаат издвоено 520.000 евра. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, денеска извршија увид во...

Со новиот ГУП за Скопје до 2032 година ќе се развива северниот дел на градот

Акцент при изработката на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на град Скопје за периодот 2022 - 2032 година ќе биде ставен на развојот на северните делови на градот. Ваквата најава ја даде скопскиот градоначалник Петре Шилегов во пресрет на отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот ГУП. На денешната средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, Шилегов посочи...

Почна асфалтирањето на првите пет километри од експресниот пат Штип – Радовиш

Почна асфалтирањето на експресниот пат Штип – Радовиш, а според најавите, патот во должина од 23 километри, се очекува комплетно да биде завршен до април 2021 година. Асфалтирањето почнува по една и пол година од отпочнувањето на првите работи на овој пат. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, при денешниот увид на терен, оцени дека овој пат е пример за...

Државата нема да ги преземе ингеренциите за урбанизмот од Општина Струга

Општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко сè уште чекаат одговор од Министерството за транспорт и врски на писмото со кое Општината бара Министерството да ги преземе ингеренциите во областа на урбанизмот и спроведувањето на забелешките од УНЕСКО. Од кабинетот на Мерко потврдија дека одговор нема, што го толкуваат како неодобрување на барањето. Деновиве при една од теренските посети на патиштата...

Сугарески: Општините да подготват проекти за водоводи и канализации

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески очекува до крајот на годинава општините да ги завршат проектите со кои доцнат за изградба на водоводна и канализациска инфраструктура. Одговарајќи на новинарски прашања, тој изјави дека е жално што во 21 век се уште се зборува за изградба на водоводи и канализации за кои, како што вели, процентот на изградба е многу...

Сугарески: Ресорот транспорт има одлична реализација на капиталните инвестиции

За седум месеци од годинава се реализирани 24,5 отсто од владините средства наменети за капитални инвестиции, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска посочи дека капиталните инвестиции во неговиот ресор имаат одлична реализација во периодот јануари - јули. - Во делот на гасификацијата реализирани се 71 отсто од планираните инвестиции, во делот на...

Се реконструира стариот, ќе се гради нов пат од Струмица до бугарската граница

Државата ќе инвестира во изградба на нов експресен пат од Струмица до македонско - бугарската граница кај граничниот премин Ново Село. Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска беа на увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Струмица - Ново Село. Регионалниот...

Заев на увид во реконструкцијата на патот Битола – Демир Хисар

Увид во реконструкцијата на регионалниот пат Битола - Демир Хисар, која треба да заврши во текот на следниот месец денеска извршија премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Гледајќи до каде се градежните работи, двајцата во еден момент се качија и на асфалтерката. Министерот Сугарески напомена дека во моментов се асфалтираат последните три километри од патниот...

Сугарески: Реализацијата на магистралниот гасовод во тетовскиот регион достигнува 40 отсто

Реализацијата на магистралниот гасовод во реонот на Тетовско достигнува 40 отсто и се очекува брзо напредување поради решените предмети поврзани со експропријацијата, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при увидот на градежните работи на изградбата на патот Тетово - Попова Шапка. Тој додаде дека добро оди динамката на изградба на гасоводната магистрална мрежа од Скопје до Тетово...

Автопатот Кичево – Охрид ќе се гради забрзано – Кинезите дадоа амин и 380 милиони евра

Изградбата на автопатот Кичево - Охрид забрзано ќе продолжи во наредниов период, а половина од делницата во делот меѓу селото Врбјани и Охрид ќе се направи напор да се заврши следната година. Ова денеска го потврди министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој посочи дека кинеската Ексим банка им ставила на располагање на македонските власти вкупно 380 милиони...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...