!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Поради ниската температура, можна е појава на голомразица по патиштата


Скопје, 28 јануари, 2017 - 11:49 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по на места влажни коловози. Поради ниската температура, можна е појава на голомразица, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколницата кај Битола, е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Намалена видливост на Плетвар поради магла


Скопје, 20 јануари, 2017 - 14:38 (META) 

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Плетвар е намалена на 100 до 120 метри, се вели во последниот извештај на АМСМ за состојбата на патиштата.

Во него се додава дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег. Врнежи од слаб снег има на планинскиот премин Буково.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Забранет влез за камиони и за автобуси во Грција, поради лошите временски услови


Скопје, 11 јануари, 2017 - 18:55 (META) 

Сообраќајот по државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Од АМСМ велат дека поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не се дозволува влез на товарни возила и на автобуси во Грција.

Забранa за сообраќај за тешки товарни возила има и на патниот правец Маврово – Дебар.

Снег со слаб интензитет провејува во Делчево, Крива Паланка и во Маврово. Поради ниската температура, на места е можна појава на голомразица.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Службите на Град Скопје фрлиле 250 тони сол


Скопје, 10 јануари, 2017 - 9:56 (META) 

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатава ноќ, до утрово фрлиле 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица, соопштија од градската администрација.

Оттаму информираат дека индустриската сол има ефект до минус 6 Целзиусови степени и поради ниската температура можно е појавување на голомразица на коловозот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Градската администрација потестува дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.


Сообраќајот се одвива отежнато поради снежните врнежи


Скопје, 10 јануари, 2017 - 9:39 (META) 

Сообраќајот по државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозите, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија, а поради ниската температура на места е можна појава на голомразица.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека, како и на кракот Маврово – Дебар.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.


Град Скопје фрли 103 тони сол на градските булевари и улици


Скопје, 4 јануари, 2017 - 10:24 (META) 

Екипите на Град Скопје во текот на изминатата ноќ фрлиле 103 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување на голомразица, информира градската администрација.

Екипите на зимската служба со 10 возила интервенирале низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и во високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се прилагодуваат на условите на коловозите.

Оттаму до граѓаните апелираат куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.


АМСМ: Возете внимателно можна е појава на голомразица


Скопје, 3 јануари, 2017 - 9:46 (META) 

Сообраќајот по патиштата се одвива по претежно суви коловози освен на повисоките планински осојничави места, информираат од Автомото-сјузот на Македонија.

Поради ниската утринска температура, можна е појава на голомразица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и во засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.


АМСМ: На планинските премини можна е голомразица


Скопје, 2 јануари, 2017 - 10:50 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места. Влажни коловози се бележат на планинските премини, повисоките и осојничави места, каде поради ниска температура можна е појава на голомразица, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.


Голомразица на патиштата


Скопје, 16 февруари, 2015 - 9:55 (META) 

Сообраќајот на сите патишта во земјава е прооден, на повеќе места со голомразица.

На патниот правец Катланово – Велес, по наплатната станица Сопот, поради можен одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец кон Крива Паланка, поради свлечиште, зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот е сè уште во целосен прекин за секаков вид моторни возила. Сообраќајот се пренасочува преку Виница – Пехчево – Делчево.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште, и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

На локалниот пат за селото Покрајчево, кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку селото Подареш кон Радовиш.

Според информациите добиени од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите други државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. Поради ниската температура, на некои места можна е појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.