fbpx
Таг: Голема Албанија

таг: Голема Албанија

Контраспин: Богојески манипулира со стара вест и подбуцнува етнички тензии

Петар Богојески, во неуморната мисија со секојдневни „анализи“ на Фејсбук, го разгорува предизборниот пламен. Во неговата објава на социјалната мрежа споделува вест за планираното поврзување на Тетово и Призрен со тунел. Тој алудира дека ова е првиот чекор кон обединување на Голема Албанија, а трошокот ќе биде врз нас, „ѓаурите“. Во вистинското отсуство на транспарентност околу проектот вреден двесте...

МВР му поднесе кривична пријава на лицето кое вееше знаме со Голема Албанија во Тетово

Германски државјанин на возраст од 21 година е лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ на тетовскиот плоштад за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти на 11 август година. Министерството за внатрешни работи (МВР) го открил идентитетот и на лицето му поднело кривична пријава за сторено кривично дело по членот 319 од Кривичниот законик. „Одделот за криминалистичка...

Со изменета фотографија лажно се тврди дека филмот „Барби“ е забранет во Србија

Никаде не може да се најде информација дека филмот „Барби“ е забранет во Србија, а во овој филм воопшто не постои мапа на голема Албанија. Ниту, пак, има некаква мапа на која не е прикажана Северна Македонија, за, како што се сугерира во постот, филмот да биде забранет и во нашата држава. Сцената во која Барби стои пред наводна...

„Албанизација на Балканот“ е еден од руските пропагандни наративи, таков проект не постои

Преку сензационален наслов на порталот „Liveportal24hr“, читателите се дезинформираат и се манипулира со нив на национална основа, имајќи ја предвид чувствителноста на темата „Етничка Албанија“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: „Силна изјава се дава од Русија: Почна ерата на Албанците, Србите ги чекаат црни денови“ е насловот на веста што ја рецензираме. Оваа изјава ја даде...

Вистиномер: Нема никакво „распаѓање на Македонија“, ниту „создавање на Етничка Албанија“

Иако двата најголеми државни извори на информации, кои се финансирани и ги промовираат официјалните политики на Кремљ низ светот, „Русија денес“ и „Спутник“ немаат директно присуство во земјава, некои од наративите преку кои Русија низ годините се обидуваше да влијае и да ги вметне во медиумската реторика на Западен Балкан сè уште кружат. Еден од нив е оној за...

Порталб: Охридското Езеро не е грабнато од никого

Текстот што го рецензираме како основа ја искористил објавата на една небитна личност и ја претворил истата во наводно информативна вест. Темата што ја третира овој медиум е исклучително чувствителна и националистичка, при што се споменува Етничка Албанија, како средство за будење емоции и реакции во албанската јавност, пишува Порталб.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објавата на еден адвокат на...

„Тајните планови“ на големата ЦИА за голема Србија и голема Албанија се распослаа низ балканските сајтови

На 7 јули 2019 година, српскиот информативен веб-сајт „Телеграф.рс“ објави интервју со поранешниот помошник директор на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) за Балканот Стивен Мејер. Мејер во интервјуто ја коментира сегашната ситуација во регионот  на Западен Балкан и нуди свои идеи за стабилизирање на состојбите. Информативните медиуми во регионот побрзаа да ги цитираат неговите коментари во согласност со...

„Србија Данас“ виде Голема Албанија и во средбата Заев – Рама

Практиката на некои српски веб-страници што претендираат да се нарекуваат медиуми да пласираат коментари во форма на вест, српската „Србија Данас“ вчера ја поттурна уште едно ниво надолу. Имено, пренесувајќи ја интегрално веста на српската државна новинска агенција „Танјуг“ за посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Тирана и за разговараното со неговиот албански колега Еди Рама, „Србија Данас“ одозгора...

Ахмети: Концептот на поделби е штетен за Албанците

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети порача дека нема да има национално обединување на Албанците во една држава, туку дека тие треба да ги јакнат државите во кои живеат и заедно да се интегрираат во Европската унија, јавува дописникот на МИА од Приштина. Ахмети синоќа во емисијата „Пресинг“ на приштинската телевизија „Т7“ рече дека „нема Албанец кој...

Лавров: ЕУ е пасивна околу тиранската платформа и кршењето на Охридскиот договор

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на заедничка прес-конференција со српскиот претседател, Александар Вучиќ во Белград вчера повторно ја спомена Македонија, истакнувајќи дека Москва не може „а да не биде загрижена за пасивноста на Европската Унија во врска со иницијативата што се појави од Тирана за т.н. тиранска платформа“, која, како што кажа, е „нескриен повик за...

Вучиќ и Иванов размениле „тешки и остри зборови“ со Тачи и со Нишани во Брдо кај Крањ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Брдо кај Крањ изјави дека заедно со македонскиот претседател Ѓорге Иванов размениле „тешки и остри зборов со албанските претставници“ на состанокот, додавајќи дека е така подобро отколку работите да се пренесат на улица, пренесува „Б92“. Вучиќ рекол дека не памети толку остра и тешка дискусија со косовскиот претседател Хашим Тачи, но дека заедно со...

Дачиќ: Кризата во Македонија ескалира поради проектот „Голема Албанија“

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска оцени дека бебедносно-политичката ситуација во светот, но и во регионот е влошена. Тој наведе дека во многу земји од регионот се зајакнал национализмот, а политичката сцена се радикализирала. - Тоа особено беше видливо во Хрватска и во БИХ во текот на 2016 година. На почетокот од 2017 година дојде до ескалација на кризата во Македонија, во...

Нимиц чека формирање влада за да се реактивираат преговорите за името

Медијаторот Метју Нимиц чека да се формира нова влада во Скопје за да започне со нови сериозни разговори за решавање на спорот за името. Нимиц во интервју за грчкиот весник „Реал њуз“ вели дека решавањето на спорот за името треба да биде високо на агендата на новата македонска влада и потенцира дека решавањето на овој проблем може да помогне...

Србија ќе се обрати во ОН поради изјавите на Вокер за Голема Албанија

Србија ќе се обрати во Обединети нации поради изјавите на поранешниот шеф на верификационата комисија на ОБСЕ на Косово, Вилијам Вокер, дека работи на проектот за создавање на „голема Албанија“. Ставовите на Србија ќе ги пренесе министерката за правда, Нела Кубуровиќ, која на 16 мај ќе учествува на седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе биде разгледан редовниот...

Белград инсистира кај ЕУ за мирно решение на кризата во Македонија

Јавниот дискурс кој повикува на насилство, во отсуство на суштински дијалог меѓу Белград и Приштина, и нестабилноста во Македонија претставуваат сериозна и отворена закана за мирот во Југоисточна Европа, е главната порака на неофицијалниот документ што српската министерка за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, и директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, им го предале на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во...

Вучиќ: Во приказните за „голема Албанија“ е вмешана странска служба

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека секојдневните изјави на албанските политичари за создавање на „голема Албанија“ е последица на добро координирана акција и дека српските служби за безбедност „нашле траги“ на заедничко дејствување на најмалку една странска служба со разузнавачките служби од Тирана и од Приштина. Вучиќ во Лесковац изјави дека само се поставува прашањето дали Албанците дејствуваат...

ВМРО-ДПМНЕ: Летањето дронови со мапа на „голема Албанија“ е дел од платформата

Летањето дронови со знамиња од мапата на голема Албанија е дел од тиранската платформа, чии творци се надеваат дека на тој начин ќе му порачаат на македонскиот народ што го очекува, стои во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму повторно го обвинија лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека е „еден од реализаторите на тиранската платформа“, кој нема „храброст да ги...

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Заев за плакатот со „голема Албанија“ во Чаир

Откако медиумите пренесоа дека на мечот помеѓу фудбалските клубови „Шкупи“ и „Вардар“ на стадионот во Чаир со дрон беше развејуван плакат со карта на „голема Албанија“, ВМРО-ДПМНЕ вината за тоа, како поттикнувач, ја префрли на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Изјавите и дејствата на Заев со кои ги храни големоалбанските апетити, од ден на ден го зголемуваат албанскиот иредентизам во регионот....

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на дебарскиот градоначалник го поткопува темелот на државноста

ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува изјавата на градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, која го уништува духот на соживотот и длабоко го поткопува темелот на државноста и уставното уредување, порача на партиска прес-конференција денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Тој ја обвини СДСМ дека е главниот поттикнувач на големоалбанските тенденции. - Ваквите националистички и ретроградни изјави, кои зачестија во последниот период, се предизвикани...

Дачиќ одговори на амбасадорите на САД: Дали ќе реагиравте вака ако го споменаа Скопје?

Како опасни, а не „невнимателни“ ги оквалификува денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на Косово, Хашим Тачи, и на Јонуз Муслиу, градоначалникот на општина Бујановац, за обединување на сите Албанци и за создавање на „голема Албанија“. Со тоа тој одговори на амбасадорите на САД во Белград, Приштина и во...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...