fbpx
Таг: Ѓоко Поповски

таг: Ѓоко Поповски

Судења за „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“

Во Основен суд Скопје 1, денеска треба да се одржат судења за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“. Претходното рочиште за „Титаник 3“ на 27 април не се одржа, поради неприсуството на Еленко Миланов. Во овој случај на СЈО, покрај првообвинетиот Ејуп Аљими, координатор на пратеничката група на ДУИ, обвинет и Исмет Гури, член на Општинската...

Продолжуваат судењата за насилството во Центар и за „Триста“

Во Основен суд Скопје 1 за денеска се закажани две рочишта за судските случаи што се водат по обвиненија од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 9.30 часот би требало да почне рочиштето за „Насилство во општина Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште...

Груевски повторно на суд – денеска рочиште за блиндираниот „мерцедес“

Во Основен суд Скопје 1, познат како Кривичен суд, денеска со почеток во 10.30 часот ќе се одржи ново рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден повеќе од 550.000 евра. Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски. На претходното...

Судења за „Траекторија“ и „Триста“ во скопскиот Кривичен суд денеска

Во Основен суд Скопје 1 (Кривичен суд) денеска треба да се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречени „Траекторија“ и „Триста“. На рочиштето за „Траекторија“, за договорот со кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт...

„Тенк“: Груевски и Јанкулоски не ги признаваат „бомбите“, вештачењата и надлежноста на СЈО

Адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешното рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, побараа од судот веќе објавените прислушувани разговори за случајот „Тенк“, да не бидат доказ во судскиот процес. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, покрај Груевски, беа присутни и другите двајца обвинети – екс министерката за внатрешни работи,...

Груевски задоцни на судењето за „мерцедесот“, адвокатот приговараше за „свадбарските“ камери

Обвинетиот Никола Груевски, поранешен премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пак доцнеше на денешното рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“. На Груевски во Основниот суд Скопје 1 му се суди за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“. Во овој случај првообвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР задолжен...

Судењето за „Триста“ ќе продолжи на 19 февруари со нов судија

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, се одложи за 19 февруари бидејќи поради новиот распоред на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев ќе се менува судијата и членовите на советот што го водат предметот. Судијката Лидија Петровска, која досега го водеше предметот со новиот...

Ново рочиште за случајот „Триста“

Во Основниот суд Скопје 1 - Скопје денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Триста“ во кој, поранешниот помошник-министер Ѓоко Поповски е обвинет за нелегална набавка на 300 возила за потребите на МВР. Попоски, како што се наведува во обвинението на СЈО, тендерот за купување на возила го доделил на фирма која немала најевтина понуда, со што го...

Психијатар ќе проценува дали обвинетиот во „Триста“ може да го следи судењето

Поранешниот помошник на министерот за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, обвинет во случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска се појави на рочиште во Кривичниот суд, но тоа повторно беше одложено, на барање на неговите адвокати. Тие пред судот рекоа дека Поповски се лекува од депресија и дека е под лекарства, поради што сметаат дека не е во состојба да...

Судењето за „Триста“ повторно одложено, Поповски отворил боледување

Поради отсуство на обвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, во Основниот суд Скопје 1 денеска повторно беше одложено рочиштето за предметот „Триста“ на СЈО, за набавката на 300 возила за МВР, со која буџетот бил оштетен за 453.570 евра. Рочиштето беше одложено откако одбраната на Поповски достави медицинска документација дека обвинетиот е на боледување и е спречен...

Судењето за „Триста“ се одложи, обвинетиот Ѓоко Поповски бил болен

Почетокот на судењето за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство се одложи, бидејќи на денешното прво рочиште во судницата не беше присутен обвинетиот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски кој бил болен. Адвокатите на Поповски до судот доставија медицинска документација со која на Поповски му се препорачува да мирува, но, не и дека е на боледување. Адвокатката, Сања Алексиќ рече дека...

„Бомбите“ ќе бидат доказ и во случајот „Триста“ на СЈО, пресече Апелација

Прислушуваните разговори ќе се користат како доказ во судската постапка за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинет е помошникот-министер во МВР, Ѓоко Поповски, одлучил Апелацискиот суд. Оттаму денеска соопштија дека Кривичниот совет на судот во понеделникот оваа недела одржал седница, по која донел одлука да ја уважи жалбата на СЈО и да го преиначи решението на Основниот...

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...