fbpx
Таг: годишно обраќање

таг: годишно обраќање

Пендаровски: Не смееме да дозволиме негативни кампањи и теории на заговор против вакцинација од ковид-19

Пред почетокот на денешното, годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието на РСМ, сите присутни во салата со едноминутен молк им оддадоа почит на 2.169 граѓани кои ја загубија битката со корона вирусот. Пендаровски им се заблагодари и на лекарите, на медицинскиот персонал и на сите граѓани кои беа и сѐ уште се на првата линија на фронтот...

Годишно обраќање на Иванов на пладне во Собранието

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во 12 часот, ќе има годишно обраќање во Собранието на Република Македонија. Ова ќе биде последно годишно обраќање на Иванов како претседател на државата. Неговиот мандат истекува на 2 мај наредната година, а претседателските избори ќе бидат распишани најверојатно на почетокот на февруари. Иванов 10 години е претседател на државата. Тој прв пат стапи на...

Последното годишно обраќање на Иванов во Собранието на 28 декември

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, в петок на 28 декември во 12 часот ќе му се обрати на Собранието. Иванов го испратил барањето до претседателот на Собранието, Талат Џафери на 5 декември, неколку дена откако Џафери на брифинг со новинарите рече дека истекува време за поднесување барање доколку претседателот Иванов сака да го оствари своето право. – Претходните години, порано добивавме...

Јункер: ЕУ да се обедини во поглед на Западен Балкан

Мора да постигнеме единство кога станува збор за Западен Балкан - еднаш засекогаш. Ако не го сториме тоа, нашето непосредно соседство ќе биде обликувано од други, порача претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, во своето последно годишно обраќање во мандатот, „Состојбата на Унијата 2018“, со поднаслов „Мигот на европскиот суверенитет“. Обраќајќи се во Стразбур пред пратениците во Европскиот парламент,...

Наместо во Собрание, Иванов утре ќе има годишно обраќање во својот кабинет

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре во 11 часот ќе го одржи своето годишно обраќање, соопштија од кабинетот на претседателот. Иванов годинава, бидејќи Собранието сè уште не е конституирано, обраќањето ќе го има во својот кабинет. Минатата година Иванов годишното обраќање го одржа пред полупразен парламент, односно во отсуство на пратениците на СДСМ и на ДУИ. Тогаш тој повика на...

Иванов: Политичкиот воздух стана загаден и почна да нè задушува

Претседателот Ѓорге Иванов денешното годишно обраќање во Собранието го посвети на политичката криза во Македонија, предизвиците со кои се соочува светот, тероризмот, екстремизмот, бегалската и мигрантската криза. Иванов рече дека оставаме година во која Македонија се соочи со огромни предизвици, како на глобален, така и на домашен план. Претседателот рече дека Македонија изминатата година се соочила со три закани, политичката...