fbpx
Таг: годишнина

таг: годишнина

Државниот врв ќе ја одбележи 20-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Со државнички активности, Владата и Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ја одбележат 20-годишнината од авионската несреќа кај Мостар, во која животот го загуби тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. На градските гробишта Бутел, со почеток во 12 часот, на гробот на поранешниот претседател Трајковски ќе положат свежо цвеќе неговата сопруга Вилма...

Одбележани 82 години од формирањето на Скопскиот партизански одред

Во Скопје денеска се одбележаа 82 години од формирањето на првиот Скопски партизански одред, пред спомен-обележјето лоцирано во скопската населба Карпош. Пред спомен-обележјето се поклонија и претставници на Сојузот на Борци на Македонија, како и од Градскиот одбор на Сојузот на борци, претставници на Здружението на жени и пензионери од општина Карпош, делегација на Форумот за човекови права на Македонците...

Со дводневен настан „Скопје во пет и седумнаесет“ ќе бидат одбележани 60 години од катастрофалниот земјотрес

Со низа културни настани во рамките на проектот „Скопје во пет и седумнаесет“, Министерството за култура се вклучува во одбележувањето на 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје. Официјалната програма на „Скопје во пет и седумнаесет“ започнува со вечерен концерт на 25 јули (вторник), од 21 часот, во паркот „Ибни Пајко“, на кој ќе настапат оркестарот на Здружението...

Лекторатот на македонски јазик во Риека одбележува 15 години постоење

На 10 и 11 мај со низа свечени активности ќе се одбележат 15 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска. Од 2008 година до крајот на академската 2021/2022 година, низ Лекторатот поминале над 2.000 студенти, така што во текот на првите децении на XXI век, ова е лекторатот со најголем број студенти...

Со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев одбележана 120 годишнината од неговата смрт

Владина делегација од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 120 годишнината од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода. Пред саркофагот на великанот...

Поминаа 22 години од масакрот кај Вејце, Петровска бара да се подигне спомен-обележје

Денеска се навршуваат 22 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници на армиската единица „Волци“, додека се движеа меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат. Шестмина преживеаја, бидејќи биле во последното возило од колоната....

Украинска амбасада: Да се прошират санкциите против рускиот нуклеарен енергетски сектор

На годишнината од несреќата во АЕЦ Чeрнобил, се сеќаваме на страшните последици од најголемата вештачка катастрофа од 20. век и го почитуваме споменот на сите загинати лица и хероите спасувачи кои по цена на сопствениот живот и здравје учествуваа во отстранувањето на последиците од несреќата, се вели во соопштението од Украинската амбасада. Во него стои дека трагедијата во АЕЦ...

Порталб: Единаесет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро, случајот пред Врховен суд

Денеска се навршуваат 11 години од убиството на четирите млади момчиња и еден рибар кај Смилковското езеро, еден од најстрашните настани што се случиле во државата. По првата донесена правосилна пресуда, Врховен суд го врати предметот на повторно одлучување, а сега, по завршеното второ судење, процесот е повторно пред Врховен, пишува Порталб.мк.  За разлика од првото судење, во вториот судски...

Украина одбележува годишнина од рускиот масакр врз жителите на Буча

За 33 дена окупација, повеќе од 175 луѓе беа пронајдени во масовни гробници и во комори за мачење во Буча, а беа извршени 9.000 руски воени злосторства. Ова е денешната порака која украинскиот претседател Володимир Зеленски преку Телеграм ја испрати по повод одбележувањето на годишнината од откривањето на рускиот масакр врз жителите на овој град во околината на Кијив,...

Одбележана тригодишнината од приемот во НАТО: Го славиме членството, трасираме пат кон ЕУ

Во скопската касарна „Илинден“ денеска се одржа централна свеченост за одбележување на тригодишнината од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата. На свеченоста се обратија претседателот на Владата Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. „27-ми март е денот кога Северна Македонија ја запечати својата безбедносна иднина....

На „НАТО појадок“ се одбележаа три години од членството на С. Македонија во Алијансата

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи беше домаќин на традиционалниот „НАТО појадок“ на почетокот на НАТО деновите во Северна Македонија, кога се одбележуваат три години од членството на земјава во Алијансата. Станува збор за традиционален НАТО појадок со амбасадорите на земји членки на НАТО што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје. На настанот присуствуваа високи владини функционери, претставници на...

Одбележани 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија

Денеска се одбележаа 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија во Тетово. Настанот се одржа во организација на Општинската организација на Сојузот на Борци од Тетово во соработка со Национална Установа „Музеј на тетовскиот крај”, во спомен куќата на семејството Јовановци, која е денешен Меморијален музеј на ЦК на КПМ. На него присуствуваа и претседателот на Сојузот на...

Путин ги користи „традиционалните и семејни вредности“ како оправдување за војната во Украина

Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во неодамнешниот говор на Путин, кој уште еднаш нагласи дека ова е „војна за заштита на нашите деца од деградација и дегенерација“. Наративот за „загрозените вредности“ обично се користи за да ги оспори западните ставови...

Руски раце натопени во крв: Една година од почетокот на воената инвазија врз Украина

Како последица на руската агресија врз Украина, повеќе од 8 милиони Украинци биле приморани да ја напуштат својата земја, додека дополнителни 5,3 милиони жители на Украина се водат како внатрешно раселени лица во земјата. Дополнително, Украина веќе подолг период ја обвинува Русија за присилно раселување на украински жители во Русија од териториите окупирани од нејзина страна

Годишнината од војната во Украина доаѓа со силна дипломатска активност на светските сили

Непосредно пред одбележувањето на годишнината од почетокот на руската воена агресија врз Украина, лидерите на најголемите светски сили изминативе денови се во силна дипломатска активност. Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја продолжува официјалната посета на Полска, каде што ќе се сретне со лидерите на деветте земји-членки што го формираат источното крило на НАТО. За време на посетата на Полска, американскиот...

Одбележана 81. годишнината од формирањето на Скопскиот партизански одред

Со поклонување и положување свежо цвеќе пред споменикот на Скопскиот партизански одред во Карпош 3 денеска беше одбележана 81. годишнина од формирањето на овој одред, кој е првата партизанска формација на територијата на денешна Македонија. Почест на младите партизани, кој пред 81 година се одѕвале на повикот на КПЈ за подигнување востание против фашистичкиот окупатор оддаде делегација од Општина Карпош.

Економскиот институт – Скопје одбележува 70 години од своето постоење

Економскиот институт - Скопје, како единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, одбележува 70 години од своето постоење. По тој повод, на 18.05.2022 година, Институтот организира пригодна свеченост. На свеченоста, покрај директорот на Економскиот институт, проф. д-р Зоран Јаневски, ќе се обрати и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, д-р...

Седум години од вооружениот настан во „Диво Насеље“, вистинските организатори останаа непознати

Вчера се навршија седум години од вооружениот настан во кумановското „Диво Насеље“, кога вооружена група се судри со државните сили на Северна Македонија. Како резултат на тоа, животот го загубија осум полицајци, а 37 други беа повредени, додека од вооружената група загинаа 10 лица. Дополнително, во текот на борбите беа уништени десетици домови, со оглед на тоа што конфликтот...

Ковачевски на Денот на македонскиот јазик: Иднината на нашиот јазик е иднината на нашата татковина

„Јазикот е нашата татковина“ - со овој цитат од Блаже Конески, денеска, по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, премиерот Димитар Ковачевски им се обрати на присутните на свечениот настан во Клубот на пратениците. На церемонијата присуствуваа и министри, претставници на дипломатскиот кор, професори и други видни личности од јавниот и од политичкиот живот во земјава, a премиерот Димитар...

Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Државниот врв денеска ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател на државата Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа, како и екипажот на авионот, кој се урна кај Мостар, Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година. Делегација на Република Северна Македонија, составена од претставници на Владата, Кабинетот на претседателот и на Собранието положи венци свежо...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...