!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Почина славниот актер Љубиша Самарџиќ


Белград, 9 септември, 2017 - 15:28 (META) 

Љубиша Самарџиќ, еден од најславните актери во Србија, но и во поранешна СФРЈ, починал во Белград во 81. година од животот, објавија утрово српските медиуми.

Тој починал по едномесечно лечење од леукемија на одделот за хематологија во клиничкиот центар во Србија. Љубиша Самарџиќ во декември минатата година имаше тешка операција на тумор на мозокот.

Неговото последно појавување во јавноста беше на 30 март годинава во Домот на младите во Белград, на отворањето на 64. Мартовски фестивал на документарниот и краткометражниот филм.

Тој беше ѕвезда на голем број филмови во СФРЈ, а потоа и во Србија, а во последните децении на кариератата работеше и како режисер.

Љубиша Самарџиќ беше оженет со Мирјана Самарџиќ, со која беа во брак повеќе од 50 години. Роден е на 19 ноември 1936 година во Скопје, во рударско семејство.


Почина легендата на српското глумиште Драган Николиќ


Белград, 11 март, 2016 - 10:07 (META) 

Српската актерска легенда Драган Николиќ почина во 73. година од животот, по долга и тешка болест, објавија српските медиуми.

Доајенот на српското глумиште се родил во 1943 година во Белград. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, а филмската кариера jа почнал во 1964 година.

Николиќ оттогаш глумел во многу филмови од различни жанрови и различни карактери, станувајќи еден од најпрепознатливите актери во српското глумиште.

Од сите негови улоги најзапаметен е по улогата на Прле, борец за одбрана во Втората светска војна, кој го прикажал во култните ТВ-серии од 1970-тите, „Отпишани“ и „Враќање на отпишанитте“.