fbpx
Таг: глоба

таг: глоба

Казна за возачот што залепи српски грб на тетовски регистерски таблички

Полицијата денес му изрече глоба на лицето кое извесно време возеше автомобил низ Тетово, со дел од табличките покриени со грбот на Србија, односно на местото на „знаменцето“ каде стои кратенката за Северна Македонија - НМК, пишува „Порталб“. СВР Тетово за „Порталб“ извести дека денеска околу 12.30 часот на улицата „Илириjа“ во Тетово го запреле автомобилот марка мерцедес со тетовски...

Инспекторите за животна средина за шест месеци напишале 36 казни од 3.000 до 20.000 евра

Инспекторите за животна средина во изминатите шест месеци напишале 36 парични казни, од кои најниската била 3.000, а највисоката 20.000 евра. Во тој период биле направени 1.132 инспекциски надзори, што е за 30 отсто повеќе од планираното, а 20 отсто повеќе од истиот период лани. Инспекторите за животна средина детектирале 363 неправилности, од кои 43 завршиле со прекршочни, а...

Казните за загадување на животната средина се зголемуваат до 20 пати

Се зголемуваат казните за загадување на животната средина. Владата на вчерашната 19-та седница усвои предлог-законско решение за измени во Законот за прекршоци со кое се зголемуваат глобите до 20 пати од сегашните, за прекршоци во областа на животната средина кои се предвидени во законите кои ја регулираат заштитата на природата, водата, воздухот, третманот на отпадот и други области од...

Казнето уште едно кафуле во Центар поради гласна музика

Уште едно кафуле доби казна од Општина Центар поради пуштање гласна музика. Минатата седмица Општина Центар соопшти дека изрекла мандатна глоба од 6.000 евра за кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец, поради пуштање гласна музика во долг период наназад, а сега информира дека казна од 500 евра за пуштање гласна музика, односно надминување на дозволеното ниво за бучава, и изречена на...

Изречени казни од 7.000 евра за бесправни тераси и шанкови во Охрид

Поради зголемениот број на посетители во Охрид, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд, екипи на Инспекторатот при Општина Охрид во координација со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување...

Измамници во Софија се обидуваат да извлечат пари со лажни „решенија“ за казни за паркирање

Градоначалничката на Софија, Јорданка Фандкова, преку својата Фејсбук-страница денеска извести дека засега непознати измамници се обидувааат да извлечат пари од граѓани со лажни „решенија“ за глоби поради неправилно паркирање. „Решенијата“ се мошне квалитетно направени, изгледаат слично како други официјални документи, а на нив стои дека ги издала администрацијата на Град Софија и имаат дури и печат. На на нив е...

МТСП: Верското организирање на децата во градинките е забрането

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека со допис ги предупредило детските градинки дека со закон е забрането верското или политичкото организирање и дејствување на децата во градинките. Според Законот за заштита на децата, доколку се инволвираат деца од овие јавни установи, предвидена е глоба од  1.000 евра во денарска противвредност, велат од Министерството.

Драконски казни од вкупно 8,5 милиони евра за скопската и прилепската пиварница

Високи казни од 5,8 милиони евра за Пивара Скопје АД Скопје и 2,7 милиони евра за Прилепска пиварница, поради диктирање цени, изрекла Антимонополската комисија. Како што соопшти Комисијата за заштита на конкуренцијата, на вчерашната седница нејзината Комисија за одлучување по прекршок, донела решение според кое Пивара Скопје од 17.12.2012 година досега склучувала договори за продажба и дистрибуција на нејзините производи...

Ад хок телото побара нови казни за медиуми поради непочитување на Изборниот законик

Ад хок комисијата за следење на медиумите на денешната седница донела одлука да поднесе барање до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за поведување прекршочни постапки против неколку телевизии и едно радио, поради прекршување на правилата за изборно медиумско претставување на политичките партии. „Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција - глоба, привремената комисија...

МЗШВ воведува ограничување на движењето низ шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) објави дека се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и во шумските појаси од денеска до 15 август, во периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне. Ограничувањето не важи за лица што имаат соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и за субјектите...

Активисти на „Шарената револуција“ од Штип на рапорт во полиција

Тројца учесници во „Шарената револуција“ од Штип се повикани на информативен разговор во полиција. Разговорите со демонстрантите траеле по два часа. Последен бил повикан неформалниот лидер на демонстрантите, Горан Трајков, кој  изјави дека ќе се појави во полициската станица во Штип во посочениот термин за да види за кои објекти го товарат дека ги оштетил. Од СВР Штип ја потврдија информацијата за...

Жерновски казнет со 7.500 евра од Државен управен инспекторат

Државниот управен инспекторат го казни градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, со глоба од 7.500 евра за случајот со катната гаража на „Никофон“, објави „А1 он“ Оваа одлука е донесена по 23. по ред инспекција од Државниот управен инспекторат во Општината за овој предмет. Според  одредбите од Законот за управна инспекција, глобата се движи од 7.500 до 15.000 евра, но по...

Фирми од Охрид кои продавале фалсификувана стока добиле глоба од 35.000 евра

Со асистенција на СВР Охрид, денеска во Охрид и во Струга беше спроведена акциска контрола од Координативното тело на Република Македонија за заштита на интелектуалната сопственост, на авторските права и права од индустриска сопственост. Акцијата беше реализирана во координација со пазарната инспекција, Управата за јавни приходи, Агенцијата за електронски комуникации и Агенцијата за радиодифузија. „Контролата е извршена во вкупно 10 фирми,...

Центар ќе го затвори опасното градилиште на „Настел“

Општина Центар планира утре да го затвори градилиштето каде што фирмата „Настел“ пред неколку години ископа градежна јама за да гради хотел, соопштија од локалната самоуправа. „Земјата околу јамата на улицата Осма ударна бригада, во близина на италијанската амбасада, е пропадната, отворена е дупка поради градилиштето и е нарушена стабилноста на околното земјиште“, пишува во соопштението на Општината. Како што известуваат од локалната...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...