fbpx
Таг: Гласот на Америка

таг: Гласот на Америка

Хамас киднапирал девојка со македонски корени, се апелира за помош и од македонска страна

Наама Леви, 19-годишна Израелка со одредени македонски корени, која била борец за мир и контактирала со Палестинците и се борела за мирни разговори меѓу двете страни во Израел, била киднапирана од палестинското милитантно движење Хамас во првичниот серијал жестоки напади и упади во Израел извршени од Хамас, јави „Гласот на Америка“ во својот сервис на македонски јазик. За ситуацијата алармира...

Медиумите би објавиле сè за да добијат клик повеќе, вели Ризаов кој алармира на претпазливост за лажни вести

„Осум милијарди долари американска воена помош за Израел“, „Војната Израел-Хамас се шири на интернет“, „Заробен израелски генерал“, „Украина му обезбедува оружје на Хамас“. Овие наслови споделени на социјалните мрежи и медиумите се лажни вести. Ваквиот наплив на ширење дезинформации доаѓа во време на израелско-палестинскиот конфликт кои создаваат конфузии кај читателите и креираат лажна перцепција за одредени појави. „Од почетокот на конфликтот...

Можат ли граѓанското општество и приватните организации да се борат против руската пропаганда во Африка?

Додека Русија бележи значителен напредок на нејзините дезинформациски кампањи во Африка, експертите велат дека организациите на граѓанското општество и приватни ентитети може да го имаат клучот за спротивставување на таквата пропаганда, пишува сервисот на „Гласот на Америка“ за Африка. Аналитичарите велат дека од почетокот на инвазијата на Украина, Кремљ користи дезинформациски напливи преку социјалните медиуми за да се „умилкува“ на...

Бојер: Членството на Северна Македонија во ЕУ е важно за регионалната и глобалната безебедност

Важно за регионалната и глобалната безбедност е Северна Македонија да се фокусира на демократијата и владеењето на правото, изјави за Гласот на Америка на македонски заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за европска и НАТО политика, Спенсер Бојер. Бојер во разговорот вели дека односот меѓу САД и Северна Македонија во делот на одбраната е основа за севкупните билатерални процеси. „Се разбира,...

Ричард Нефју: Американскиот државен секретар има докази за вмешаност на Мерко во корупција

Американскиот државен секретар имал веродостојни информации кои сугерираат дека Рамиз Мерко бил вмешан во голема корупција. Според законите, ако секретарот има веродостојни информации што укажуваат на вмешаност во значителна корупција, секретарот треба да наметне ограничувања за виза. Од нас се бара да дејствуваме кога тие информации се достапни. Ова го изјави координаторот за антикорупција на Стејт департментот Ричард Нефју,...

Џес Бејли оптимист дека земјава ќе влезе во ЕУ: Уставните измени се решение за бугарското вето

Поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли вели дека уставните измени се јасно решение за бугарското вето, но оти ќе биде разочарување ако има ново вето понатаму што ќе го закочи патот кон Европската Унија. Бејли, во интервју за Гласот на Америка на македонски, вели дека е оптимист оти земјата ќе влезе во ЕУ, но дека не може да...

Ескобар: Бараме опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во интервју за Гласот на Америка рече дека од македонската опозиција очекува да слушне посветеност на патот на евроатлантските интеграции на земјава. Тој вели дека најголема грижа за САД е дека ќе се изгуби време, а оти договорот за уставни промени е разумен. „Нашата најголема грижа е дека ќе изгубиме време....

САД ќе продолжат да соработуваат со Владата по оставката на Заев

САД очекуваат да ја продолжат соработката со Северна Македонија во областите од заеднички интерес, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на прашањето за коментар по најавата за оставка на премиерот Зоран Заев по вториот круг на локалните избори во неделата. „Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за...

Се чека и руската вакцина „Спутник V“

Владата го овласти министерот за здравство да го потпише договорот за набавка на 100.000 дози од руската вакцина. Додека се договараат деталите за оваа, се уште траат бирократските процедури за другите две вакцини – на американски „Фајзер“ и на кинески „Синофарм“, пишува „Гласот на Америка“. Во однос на другите набавки на вакцини, министерот за зравство Венко Филипче денеска само кусо...

Со предлог-буџетот Трамп бара укинување на „Гласот на Америка на македонски јазик“

Предлог-буџетот на Белата куќа за 2018 година, кој е испратен до Конгресот предвидува укинување на „Гласот на Америка на македонски јазик“ и намалување на буџетот на „Радио Слободна Европа“ на македонски јазик. Ова е единствено укинување и редукција на средства од сите сервиси во регионот. Нема никакви укинувања на сервисите на српски, албански јазик, во Босна, итн. Македонскиот е единствениот...

Интерпол издаде црвена потерница за кинески милијардер

Интерпол издаде црвена потерница за кинескиот милијардер Гуо Венгуи, кој се закани дека ќе ја разоткрие корупцијата во кинеската владејачка Комунистичка партија. Потерницата е издадена во пресрет на неговото интервју за американската телевизија „Гласот на Америка“. Гуо дал интервју за „Гласот на Америка“ на кинески јазик, но интервјуто е прекинато по 80 минути, иако било планирано да трае три часа. Таквиот потег...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...