!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

„Ербас“ има планови за „ѓеврек-авион“


Тулуза, 18 ноември, 2014 - 20:39 (META) 

Компанијата „Ербас“ поседува патент што повеќе наликува на летало од серијата „Ѕвездени патеки“ отколку на редовен патнички авион. Седиштата за патниците се сместени кружно поради што уште сега ова летало го доби името „ѓеврек-авион“.

Геометриската форма на авионот е дизајнирана така што патниците кои ќе седат во предниот и во задниот дел, ќе бидат целосно ослободени од стрес.

Овој начин на седење и формата на авионот ќе влијаат да има поголем број патнички седишта. Сепак, портпаролот на „Ербас“ вели дека овој модел сè уште не е во прозводство.

– Во нашата компанија се вработени многу умни луѓе кои имаат феноменални идеи. Можеби некои од тие идеи ќе ја видат светлината на денот во блиска иднина – изјавил портпаролот на компанијата.