fbpx
Таг: геноцид

таг: геноцид

Започнува процесот во Хаг против Израел за геноцид во Газа

Денеска започнува дводневното рочиште за постапката во Меѓународниот суд на правдата во Хаг покрената од Јужноафриканската Република (ЈАР) против Израел во која го обвинуваат Израел за геноцид врз палестинскиот народ во појасот Газа. За ваков вид на тужби вообичаено се потребни години за пресуда, но во својата апликацијата ЈАР побара од Меѓународниот суд да преземат итни мерки за да се...

Јужна Африка поднесе тужба во Хаг против Израел, го обвиунва за геноцид

Јужноафриканската Република (ЈАР) поднесе тужба против Израел во Меѓународниот суд на правдата, во која бараат судот да ги класифицира операциите на Израел во Газа како геноцид, известува Гардијан. Израел ги отфрли обвинувањата. „Делата на Израел за кои се жали Јужна Африка се од геноциден карактер бидејќи имаат за цел да доведат до уништувањето и искоренувањето на значителен дел од палестинската...

МНР на Украина: Меѓународната заедница да го запре геноцидот на украинскиот народ

По најновиот руски напад од воздух врз цивилни цели во најголемите градови на Украина, реагираше Министерството за надворешни работи (МНР) на земјата, велејќи дека руските сили „се борат“ против цивили, и побара „меѓународната заедница да ги обедини сите напори за да се запре рускиот геноцид врз украинскиот народ“ „Според прелиминарните информации, непријателот употребил 158 средства за воздушен напад: ракети од...

Зеленски не спроведува ,,екстремистички режим на етничко чистење и геноцид”

Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење, што е дефинирано со Уставот од 1996 година. Непосредно пред Русија да ја нападне Украина во февруари 2022 година, Москва лажно ја обвинуваше Украина за геноцид на граѓаните што зборуваат руски јазик во регионот Донбас. Путин го користеше овој наратив  за да ја оправда инвазијата врз Украина, но нема докази за...

Тврдењето дека Русија не води геноцидна војна во Украина е лажно

Тврдењето дека Русија не води геноцидна војна во Украина е неточно, имајќи предвид дека Меѓународниот кривичен суд го гони Путин за геноцид поради нелегалниот трансфер на украински деца во Русија, а декларации со кои ваквите постапки на Русија се оценуваат како геноцид усвоија и Парламентарното собрание на НАТО, Парламентарното собрание на Советот на Европа и Сенатот на САД, пишува...

Меѓународниот суд во Хаг продолжува со сослушувања за тужбата на Украина против Русија за геноцид

Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг во понеделник ги продолжува сослушувањата за тужбата на Украина против Русија во врска со Конвенцијата за геноцид, пишува Укринформ. Од утре до 27 септември ќе се одржат јавни расправи за прелиминарните приговори изнесени од Русија. Сослушувањата ќе се одржат во два круга: претставниците на Русија ќе зборуваат на 18 и на 25...

Зеленски: Никој не може да ја игнорира леснотијата со која овие ѕверови убиваат

Володимир Зеленски, претесдател на Украина | Фото: Укринформ
Откако на социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како руските војници обезглавуваат украински воен заробеник претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги повика светските државници да реагираат. „Никој не може да игнорира една работа: леснотијата со која овие ѕверови убиваат. Не очекувајте ова да се заборави. Ништо нема да заборавиме. Нема да им простиме на убијците…“, вели...

Бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за прогонот и депортацијата на Евреите од окупираните територии

На крајот на минатиот месец, во пресрет на 80-годишнината од спасување на Евреите на територијата на Бугарија, но и на депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија во нацистичкиот логор Треблинка во 1943 година, група бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за холокаустот на македонските Евреи и да се извини. Во нивниот „Повик“, што го објави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg...

Пендаровски на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи: Наша морална обврска е да се сеќаваме и да не забораваме

Претседателот Стево Пендаровски, на денешното одбележување на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, праша „дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните...

Не е точно дека западните медиуми повикуваат на геноцид на сите Руси

Овој пост е со пропуштен контекст. Точно е дека Меланија Подолијак го напишала твитот, но подоцна тој е отстранет поради злоупотреба на правилата на Твитер. Наспроти изнесеното во постот, нејзините ставови на Твитер не се поврзани со нејзините гостувања во западните медиуми. Прво, тие гостувања биле неколку месеци пред објавениот твит и второ, гостувањата се однесуваат на нејзините ставови...

Зеленски: Градовите и селата што беа повторно заземени од руските сили се опустошени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека градовите и селата што беа повторно заземени од руските сили се опустошени, додека најголемиот град во централна Украина ги засили напорите да ја поправи штетата на својот воден систем од ракетните напади, пренесе Ројтерс. Градот Кривиј Рих, со проценета популација од 650.000 жители пред војната, беше погоден со осум крстаречки ракети во средата, соопштија...

Парламентот на Австрија усвои резолуција за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Австрија едногласно усвои резолуција за геноцидот во Сребреница, оддавајќи им почит на Босанците убиени на 11 јули 1995 година. Со Резолуцијата се бара од австриските власти да продолжат активно да ја поддржуваат комеморацијата на геноцидот во Сребреница заедно со другите членки на Европската унија. Усвојувањето на документот доаѓа по официјалната посета на австриската министерка за правда Алма Задиќ на...

Заменикот народен правобранител Андоновски во Киев на средба со украинската колешка Сивитска

Заменикот народен правобранител Јован Андоновски во Киев се сретна со својата украинска колешка Ирина Сивитска, со која разговараше за клучните прашања на Украинците кои се наоѓаат во Северна Македонија. Како што соопштија од кабинетот на Андоновски, тие дискутирале за пристапот до здравствена заштита на Украинците кои се наоѓаат во нашата држава, пристапот до образование на украинските деца, како и пристапот до...

Џафери во Украина, ги посети и Буча и Ирпин каде беа убиени стотици цивили

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера беше во посета на Украина, на официјална покана на неговиот украински колега, претседателот на парламентот на Украина, Руслан Стефанчук, при што имаше средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Џафери, беше и во населбата Буча и градот Ирпин, каде руските војски извршија масакр на стотици цивили во текот на нивната окупација, соопшти Собранието...

Бајден го обвини Путин за геноцид во Украина, Русија трупа дополнителни сили за напад на истокот

Американскиот претседател Џо Бајден за прв пат изјави дека диктаторот Владимир Путин врши геноцид во Украина. Зборувајќи на настан во сојузната држава Ајова, Бајден пред присутните граѓани рече: „вашиот семеен буџет, вашата способност да го наполните резервоарот - ништо од тоа не треба да зависи од тоа дали диктаторот ќе објави војна и ќе изврши геноцид“, пренесува Би-би-си. Откако подоцна...

Здружението „Лесја Украинка“ бара реакција за дезинформациите што ги негираат злосторствата во Украина

„Лесја Украинка“, здружението на Украинците во Северна Македонија се огласи со реакција на сè почестите дезинформации во врска со инвазијата на Русија врз Украина, како и одобрувањето на воените злосторства, односно на навредите и говорот на омраза на интернет. Здружението побара мерки за сузбивање на овие негативни појави, кои се оквалификувани како кривични дела во македонското законодавство. „Во информациониот простор...

Бајден бара Путин да се соочи со судење за воени злосторства по убиствата во Буча, Русија негира геноцид

Американскиот претседател Џо Бајден повика на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди за воени злосторства, бидејќи се појавија докази за злосторствата наводно извршени од руските сили во Украина, пренесе британскиот јавен сервис Би-би-си. Гневот на меѓународната заедница се зголемува поради наводните убиства на цивили во Буча, град во близина на главниот град Киев. „Овој тип е брутален“, рече Бајден...

Филмот за геноцидот во Сребреница „Quo vadis, Aida?“ прогласен за европски филм на годината

Филмот на босанската режисерка Јасмила Жбаниќ „Quo vadis, Aida?“ ја доби наградата за филм на годината на доделувањето на Европските филмски награди, манифестација која често се опишува како еквивалент на американските „Оскари“. Жбаниќ ја освои и наградата за најдобра режисерка, додека носителката на главната улога во филмот, српската глумица Јасна Ѓуричиќ, е прогласена за европска актерка на годината за 2021...

Вистиномер: Со ковид-19 вакцините не се вршат репресии и експерименти врз луѓето

Постот што ги рецензираме изнесува неточни и манипулативни тврдења дека невакцинираните ќе бидат подложени на репресии и присилни тестирања, кои наликуваат на дехуманизираниот однос на нацистите кон Евреите за време на Холокаустот и дека вакцинацијата ќе стане задолжителна. Засега, пак, има само најави за можни рестрикции за невакцинираните лица, исклучиво заради заштита на јавниот интерес и општото здравје на...

Бајден е првиот американски претседател што го призна геноцидот врз Ерменците, Турција бесна

Џо Бајден е првиот американски претседал кој официјално го призна геноцидот извршен врз Ерменците, по повеќе од еден век откако османлиските сили во 1915 и 1916 година убија околу 1,5 милиони Ерменци. За овој потег, претседателот Бајден го известил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор. Претходно, во 2019 година и Конгресот на САД го призна извршениот геноцид...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...