fbpx
Таг: генералштаб

таг: генералштаб

Поради проблеми со работата на моторот, хеликоптер на АРМ принудно слетал кај Петровец

Хеликоптер на АРМ денеска принудно слетал во близина на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец, оти пилотот добил предупредување за појава на проблеми со моторот, информираат од Генералштабот на Армијата. „Воздухопловниот ВИНГ денеска редовно извршувал летачка обука, при што ги следел безбедносните процедури. Но, откако се појавило сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во...

Началникот на Генералштабот се сретна со романскиот генерал Даниел Петреску

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој ја предводи делегацијата на Армијата на Република Северна Македонија, со денешната посета на главните команди на Вооружените сили (ВС) на Република Романија, ги заврши предвидените активности од официјалната посета, информираат во Генералштабот. За време на посетата тој се сретнал со началникот на Генералштабот на ВС на Романија, генерал Даниел Петреску...

Идејата да се врати воениот рок е личен став на началникот на Генералштабот на АРМ, а не некаков план за во иднина

На овој пост му недостига контекст. Точно е дека началникот на Генералштабот на АРМ изјавил дека е потребно да се врати задолжителниот воен рок во Македонија, но тоа е негов личен став, а не некаков предлог или план како тоа би изгледало. Идејата за враќање на воениот рок не се разгледува во Министерството за одбрана, а како можна ја...

Генералштабот и МО ги одликуваа најзаслужните пред 30-годишниот јубилеј на АРМ

На свечен собир во Домот на Армијата во Скопје, во рамките на завршните активности со кои Армијата на Република Северна Македонија (АРМ) го одбележува својот 30 годишен јубилеј, беа доделени голем број на признанија за остварените резултати и придонесот за Армијата на од составот на Генералштабот и Министерството за одбрана, како и унапредувања во повисок чин на припадници на...

Генерал Ѓурчиновски на состанок на Воениот комитет на НАТО во Атина

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во Република Грција денес во Атина учествува на редовното заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на Генералштабови. Како што соопштија од Генералштабот, на ова заседание, началниците на Генералштабови на Армиите на 30-те земји-членки ќе дискутираат за стратегиски прашања поврзани со операциите, мисиите и активностите на НАТО,...

АРМ му изрече дисциплинска мерка на полковникот Ковачки – 6 месеци за една третина помала плата

Полковникот на АРМ Драган Ковачки, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, добил дисциплинска мерка од една третина пониска плата во траење од шест месеци поради своите јавни партиски настапи и јавни закани и клевети против началникот на Генералштабот и против Врховниот командант, претседателот Пендаровски. Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ денес пратија одговор на прашање на „Мета“ за...

Армијата доби нови 125 професионални војници

Армијата на Република Северна Македонија од денеска во своите редови има нови 125 професионални војници, прва од двете планирани класи за оваа година. Минатата година беа примени 375 нови професионални војници. На свеченоста во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, истакна дека со приемот на овие 125 професионални војници, се подмладува армискиот состав, а се...

Министерството за одбрана ги бара парите за комуналии за воените станови

Општина Карпош и Градот Скопје да му вратат 10 милиони денари на Министерството за одбрана, за комуналиите за воени станови, бара ресорната министерка Радмила Шекеринска, по чиј налог во 2017 година е стопиран проектот „АРМ мој вистински дом“. Државниот завод за ревизија смета дека треба да се преиспита оваа одлука поради парите кои веќе се потрошени. Со проектот требаше во...

Врвот на НАТО во јуни во Скопје

Северноатлантскиот совет, врховното политичко тело на НАТО, во јуни ќе ја посети земјава, најави началникот на Генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Ова ќе биде прва посета на највисокото тело на Алијансата на Скопје. Во ноември лани Македонија за првпат ја посети Воениот комитет, највисокото воено тело на Алијансата. Северноатлантскиот совет е врвното политичко тело во НАТО, кое ги носи одлуките. Ги надгледува...

Почната истрага, можна и дисциплинска постапка за војникот – креатор на лажни вести

АРМ чека „специјализирани служби“ да спроведат истрага за војникот Слаѓан Бојковски, посочен како креатор на лажни вести. Во зависност од тоа што ќе утврди истрагата, можно е против професионалниот војник да се покрене дисциплинска постапка за нарушување на угледот на Армијата, што, според Законот за служба во АРМ, предвидува казни од писмено предупредување до отказ. „Во случајот постапуваме во рамки...

Иванов: Против мене се води хајка и линч со нарачани лажни искази

Претседателот Ѓорге Иванов демантира дека на 27 април планирал да прогласи воена состојба и дека наводно под притисок на меѓународната не го направил тоа. Претседателот во обраќањето рече дека против него се води хајка и линч со очајно смислено сценарио со нарачани лажни искази и генерирање лажни вести. - Ако УБК се дрзнува без никакви основи да ги следи активностите...

АРМ утре го одбележува својот празник, во Скопје ќе има артилериски плотуни

Армијата на Република Македонија (АРМ) утре ќе го одбележи својот празник, 18 Август - Ден на АРМ, со свеченост на платото пред зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот, како и со артилериски плотуни од касарната „Илинден“ во Скопје. На централното одбележување, кое ќе почне во 10.30 часот ќе говорат претседателот на државата и Врховен командант на АРМ, Ѓорге Иванов...

Иванов го назначи генералот Нуредини за нов заменик-началник на генералштабот на АРМ

Врховниот командант на АРМ, претседателот Ѓорге Иванов, го смени заменик-началникот на Генералштабот, бригадниот генерал Мухамет Рацај, објави „Порталб.мк“. Информацијата ја потврдуваат и од кабинетот на претседателот, од каде велат дека декретот за смената на Рацај бил објавен во „Службен весник“. „Да, информациите се вистинити и декретот е објавен во „Службен весник“. Рацај е разрешен, а Азим Нуредини е именуван на негово...

Хеликоптери ги исплашија скопјани, од Генералштабот велат дека е вежба

Хеликоптери на АРМ околу пладне исплашија скопјани, откако триесетина минути летаа над централното подрачје на Скопје. Се јавивме во Генералштабот на АРМ, од каде ни кажаа дека нема причини за паника, бидејќи не станува збор за никаква вонредна ситуација, туку во прашање се редовни вежбовни активности - и на пилотите и на други припадници на АРМ. Тони Јаневски, началникот на...

Криминалците вежбаат стрелање во касарните на војската, тврди српскиот воен синдикат

Воениот синдикат на Србија поднесе кривични пријави против двајца високи офицери на српската војска, поради тоа што, како што тврдат, на луѓето од подземјето им овозможиле да стрелаат во една од воените касарни, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Претседателот на тој синдикат, Новица Антиќ, денеска изјавил дека еден член на владата го користел истиот стрелачки погон. Антиќ денеска за телевизијата „Н1“...

Началникот на ГШ на АРМ во посета на македонските мировници во Кабул

Воена делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Методија Величковски, ќе оствари дводневна официјална посета на македонските мировници и на командата на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, Авганистан. Генералот Величковски во текот на утрешниот ден ќе оствари официјална средба со командантот на мисијата „Одлучна поддршка“, генерал Џон Николсон, како и средби со одговорните старешини во командата...

Иванов утре во посета на јужната граница

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, утре во придружба на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ), генерал-полковник Методија Величковски, ќе ги посети припадниците на армијата, ангажирани на јужната граница, соопштија попладнево од Генералштабот на АРМ. Како што информираат оттаму, Иванов за време на посетата ќе се запознае со актуелната ситуација во обезбедувањето...

Делегација на АРМ на конференција на ЕУКОМ во Германија

Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ), предводена од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, учествува на конференција на земјите партнери на националната гарда на САД, којa се одржува во Гармиш, Сојузна Република Германија, соопштија денеска од Генералштабот на АРМ. Како што информираат оттаму, учеството на македонската висока воена делегација на конференцијата, која е во организација на...

Методија Величковски е нов началник на генералштабот на АРМ

Генерал-мајор Методија Величковски е нов началник на генералштабот на Армијата на Република Македонија. Тој на функцијата доаѓа на местото на досегашниот началник Горанчо Котески. Претседателот на државата и Врховен командант, Ѓорге Иванов, вчера попладне го потпишал указот за именување на нов началник на генералштабот, откако Котески предходно бил разрешен од функцијата. Инаку Горанчо Котески една година ја вршеше должноста началник...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...