fbpx
Таг: генерално собрание

таг: генерално собрание

Европската алијанса на новински агенции задутре ќе гласа за исфрлање на руската ТАСС

На своето годишно Генерално собрание во Париз задутре, Европската алијанса на новински агенции (ЕАНА) ќе гласа за исфрлање на руската државна новинска агенција ТАСС од своите редови, јави украинската државна новинска агенција Ukrinform.net. Според статутот на ЕАНА, за да се исклучи членка, потребни се три четвртини од гласовите на учесниците на Генералното собрание. Сега во ЕАНА членуваат и активно учествуваат...

Сојуз на средношколци: Не смее да се укинe еден интерен испит, тоа не е во интерес на матурантите

Ако се укине еден интерен испит од вкупно два кои се дел од државната матура,  можноста да се запишат матурантите на факултет ќе биде сериозно намалена и нарушена, предупредуваат во Сојузот на средношколци. Оттаму, во дописот до јавноста велат дека во таков случај факултетите нема да можат да ги бодираат кандидатите чии испити би содржеле само македонски јазик и литература,...

Пендаровски во ОН: Важно е младите да учат од нашите неуспеси

„Доколку сакаме да ја задржиме моралната супериорност на демократијата во однос на другите модели на политичко управување, мораме да инвестираме во неа, особено меѓу младите генерации“, рече претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. „Важно е младите да учат од нашите неуспеси честопати предизвикани од добри намери“, даде тој во својот говор...

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на Обединетите нации

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж - опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“. Обраќањето на претседателот Пендаровски е предвидено на сесијата што...

Заев во Њујорк на Генералното собрание на ОН, можна средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на 74. Генерално собрание на Обединетите нации. Во агендата на Заев е предвидена и официјална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија по повод...

Иванов во посета на САД, ќе се обрати на 73. сесија на Генералното собрание на ОН

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, информираат од кабинетот на претседателот. Иванов на 27 септември ќе има обраќање на генералната дебата на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации на тема: „Да ги направиме...

Коѕиас оценил дека преку „пакет-преговори“ може да се реши спорот за името

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, по завршувањето на 72. Генерално собрание на Обединетите нации ги брифирал грчките новинари за решението за проблемот за името со Македонија. Според пишувањата на грчките медиуми, тој кажал дека прашањето за името има четири дела, односно името и употребата на името, две прашања кои биле во надлежност на преговорите на Метју Нимиц, и изведените...

Димитров со низа билатерални средби на маргините на ГС на ОН

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на првиот ден на маргините од генералната дебата на 72. сесија на Генералното собрание на Обединети нации остварил билатерални средби со заменик-министерот за надворешни работи на Мексико, Карлос де Гонзалес Иказа, со министерката за надворешни работи на Канада, Кристина Фриланд, министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, исо  министерката за надворешни работи...

Заев се консултирал со Бејли за ОН, амбасадорот ги поздравил реформските напори

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со амбасадорот на САД, Џес Бејли, заради консултации во врска со претстојното 72. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), кое ќе се одржува во Њујорк од 17 до 23 септември. Притоа, како што соопшти Владата, амбасадорот на САД ги поздрави напорите на новиот кабинет и неговите постигнувања во сферата на надворешната политика. „На средбата...

ОН со резолуција бара итен прекин на огнот во Сирија

Генералното собрание на Обединетите нации со 122 гласа ја поддржа резолуцијата со која се бара итен прекин на огнот во Сирија. Собранието побара да биде овозможено хуманитарната помош да биде доставена во сите делови на земјата. ОН исто така побараа да биде завршена опсадата на сите области, вклучувајќи го и градот Алепо. Против оваа резолуција, која ја предложи Канада, беа 13 членки на...

Гутереш и официјално е новиот генерален секретар на ОН

Генералното собрание на Обединетите нации, во кое има претставници на 193 држави, денеска едногласно го именуваше поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, за нов генерален секретар на светската организација, јавуваат светските агенции. Советот за безбедност на ОН минатата недела едногласно го номинираше 67-годишниот Гутереш на местото на Бан Ки-мун, чиј петгодишен мандат истекува на 31 декември. Со денешното гласање на генералното...

Ципрас во ОН: Заеднички прифатливо име со географска одредница за сите употреби

Грција останува на ставот за сложено име со географска одредница за сите употреби (ерга омнес) во преговорите за спорот за името со Македонија. Ова го истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот на Генералното собрание на Обединетите нации, додавајќи дека Грција работи во насока на подобрување на односите со Македонија преку мерките за градење доверба и соработка. - Во однос на...

Путин нема да учествува на Генералното собрание на ОН

Претседателот на Русија, Владимир Путин, не планира оваа година да учествува во работата на Генералното собрание на Обединетите нации. Ова го соопшти прес-секретарот на рускиот претседател, Димитриј Песков. - Претседателот не планира да учествуваа во работата на Генералното собрание оваа година – рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали Путин во септември ќе оди во седиштето на ОН во Њујорк или...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...