fbpx
Таг: ГДОМ

таг: ГДОМ

Протестите на „Шарена револуција“ не ја загрозиле безбедноста во Битола

Протестите на „Шарена револуција“ не предизвикале безбедносни импликации во Битола, ова е заклучокот на СВР - Битола по анализата на безбедносната состојба во градот во првите шест месеци од годината. Оценката за јавниот ред и мир во градот, која се најде пред советниците  на последната седница на Совет, предизвика бура од реакции кај битолската опозиција, која ја оцени како селективна...

Ристова: Допрва следува битка на УКИМ со власта

Битката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со власта допрва ќе биде офанзивна, вели универзитетската професорка и членка на „Професорски пленум“, Мимоза Ристова, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. - Мислам дека следниот потег е кај нас луѓето кои се спротивставуваат на криминални избори во секој облик, дали на државно или на ниво на оваа организација, која е јавна установа....

Судот реагира на собирот на ГДОМ: Протестот е право, заканите се притисок

Демократско право на секој граѓанин е да го изрази своето незадоволство преку јавен протест, велат од Основниот суд Скопје 1 во врска со денешниот протест на ГДОМ пред судот против решението за куќен притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески и додаваат дека, како и досега ги осудуваат насилните протести и заканите со кривични пријави кон судии за нивно „искажано...

Трајановски: СДСМ врши притисок врз судовите

Претставници на Граѓанското движење за одбрана на Македонија по денешниот протест доставија декларација за поддршка до судот, со која, како што рекоа, сакаат да му дадат поддршка на судот и да ги охрабрат судиите да не подлегнуваат на притисоци. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во името на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, од кои поголем број беа присутни на протестот, рече дека...

Решението за куќниот притвор на Талески пристигна во битолската полиција

Решението за куќниот притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, стаса во битолската полиција, потврди портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова. Како што рече Стаматова, полицијата ќе постапува според упатствата во решението. Решението за спроведувањето на куќниот притвор на Талески патуваше пет дена од Скопје до Битола. Денеска, од 11 часот, пред Основниот суд Скопје 1, припадници и поддржувачи на Граѓанското движење...

ГДОМ бара Талески да биде ослободен од куќен притвор

Неколку стотини граѓани организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска, во 11 часот, пред комплексот судови во Скопје се собраа за, како што велат, да побараат градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да биде ослободен од куќен притвор. Граѓаните го блокираа булеварот пред комплексот судови. Меѓу присутните се и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, Коце Трајановски, Петре Латиновски, Стевчо Јакимовска...

ГДОМ денеска во 11 часот ќе протестира пред Основен суд Скопје 1

Денеска, во 11 часот, пред Основниот суд Скопје 1 ќе протестира Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Како што пишува во најавата за протестот на нивната страница на „Фејсбук“, приврзаниците на ГДОМ ќе протестираат поради куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески. „Да се собереме сите и да испратиме гласна порака и охрабрување до судот: судете според закон, а не според...

Невладините порачаа: Нема преговари со оние кои отворено шират омраза и насилство

Делегацијата на ЕУ го откажа денешниот консултативниот состанок на граѓанските организации и движења и претставниците на амбасадите на државите-членки на ЕУ во Македонија по притисокот од организациите кои не се согласија да седнат на иста маса со ГДОМ, соопштија денеска граѓанските организации. „Во име на организациите и движењата кои стојат зад ова обраќање ве информираме дека донесовме одлука да не...

„Од безбедносни причини“ Делегацијата на ЕУ ја откажа средбата со невладините огранизации

Делегацијата на Европската Унија во Македонија од безбедносни причини ја откажа средбата со невладините организации која беше закажана за денеска во 10 часот. Дел од невладините организации прифатија да учествуваат на консултациите со амбасадорите, а дел го откажаа своето присуство. - Делегацијата на ЕУ и понатаму останува отворена за соработка со невладиниот сектор  – кусо соопштија од таму. Околу 20 невладини организации...

ГДОМ со контра-пароли против Најчевска и Пировска пред полициската станица

Припадници на граѓанското здружение ГДОМ, се појавија на протестот пред полициската станица „Беко“ со транспаренти против Мирјана Најчевска и Уранија Пировска, кои од утринава се таму на информативен разговор. Полицискиот кордон ги спречи граѓаните од ГДОМ да се приближат до демонстрантите од „Шарената револуција“, а по малата вербална расправија со полицијата тие си отидоа. Професорката Мирјана Најчевска утринава се појави на...

ГДОМ во Битола: ВМРО-ДПМНЕ да си остане на кажаното и да излезе на избори на 5 јуни

ВМРО-ДПМНЕ да опстои на намерата да излезе на избори на 5 јуни, порачаа вечерва во Битола присутните на протестот организиран од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Од ГДОM сметаат дека по одложувањето на изборите на 24 април, беспредмертно е да се одложат и изборите на 5 јуни. На забелешката на новинарите дека веќе е одлучено само ВМРО-ДПМНЕ да излезе на избори, Сашко...

„Шарената револуција“ и ГДОМ и вечерва протестираа во Тетово

„Шарената револуција“ и вечерва го искажа незадоволството од одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов пред Основниот суд во Тетово. Оттаму демонстрантите порачаа дека ќе протестираат сè додека не замине оваа, како што ја нарекоа, ненародна власт. - Во Македонија, една мала секташка група успеа да украде голема сума пари, притоа ветувајќи им на своите сограѓани дека ќе им ги симне...

Од „Канал 77“ бараат новинарските здруженија да реагираат за инцидентот со нивната новинарка

Националното радио „Канал 77“ упати јавна осуда на однесувањето на приврзаниците на ГДОМ, кои вечера на протестот во Штип не ѝ дозволиле на новинарката на радиото, Вања Мицевска, да известува од настанот. Тие ги повикаа новинарските здруженија да го осудат инцидентот, кој е уште еден од серијата во кои се попречуваат новинари во вршењето на новинарската работа. - Учесници на контрапротестот...

ГДОМ во Кочани, Битола и во Кичево ќе бара одржување на изборите

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска организира народни собири во Кочани, Битола и во Кичево на кои ќе побара одржување на парламентарните избори на 5 јуни. - Народот е на нозе и е обединет околу идејата дека избори мора да има и дека само изборите се патот кон завршување на кризата. Избори се единствениот начин за ставање крај...

Улиците на Штип обоени со боите на „Шарената револуција“

Неколку жени го предводеа протестот на „Шарената револуција“ во Штип од зградата на Основниот суд преку центарот на градот, избегнувајќи блиска средба со демонстрантите од ГДОМ. Извикувајќи „Оставка“, „Затвор за криминалците“, попатно демонстрантите од „Протестирам“ фрлаа бои, со што улиците на Штип беа обоени со боите на „Шарената револуција“. Иако собирањето на приврзаниците на ГДОМ беше најавено за еден час подоцна...

Овации на Фестивалот на монодрамата за репликата „Власта ја уби интелигенцијата“

„Власта ја уби интелигенцијата!“ Токму оваа реплика на актерот Емил Рубен во претставата „Животот е прекрасен“ доби громогласен аплауз на синоќешното отворање на 18. Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2016“. Голем дел од публиката во театарот не остана рамнодушна на репликите во кои препозна поврзаност со актуелните случувања во државата, особено на тие во кои се критикуваше власта, за партизирање на...

Полициски кордон меѓу двата протести во Штип

Полицијата вечерва во Штип ги сопре двете групи демонстранти, од таканаречената „Шарена револуција“ и од ГДОМ, за да не дојде до судир. Демонстрантите од „Протестирам“ тргнаа од Основниот суд, а тие од ГДОМ во спротивен правец од Домот на културата. Во моментот кога полицијата почна да ги пренасочува во нивните рути, двете групи застанаа на двете различни страни на реката Отиња и почнаа...

„Шарената револуција“ и ГДОМ вторпат протестираа во Тетово

Здружението „Протестирам“ денеска, околу 19 часот, својот револт од одлуката на претседателот Иванов за аболиција го искажаа пред тетовскиот Основен суд. Пред оваа институција демонстрантите ги извикуваа познатите пароли „Нема правда, нема мир“, „Оставка за Иванов“, „Бараме правда, бараме вистина“. По половина час, со протестен марш се упатија до народната канцеларија на претседателот Иванов, лоцирана во центарот на Тетово. Учесниците...

Демонстрантите пред Владата ги обоија сликите на Груевски и на Иванов

Балоните со боја на „Шарената револуција“ вечерва ги обоија лицата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Големи транспаренти со контурите на ликовите на двајцата функционери беа поставени на оградата пред Владата. Демонстрантите, откако ги обоија лицата, фрлајќи балони со боја, на транспарентот со ликот на Иванов со спреј испишаа „Готов си“ и поставија...

Два протести во Тетово: Едните бараа оставка на владата, другите – избори на 5 јуни

„Укинување на аболицијата“, „Долу влада“, „Готови сте“ беа дел од паролите што синоќа се извикуваа на протестот во Тетово, организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“.  Протестот почна околу 19 часот пред Основниот суд во Тетово, а по половина час учесниците со протестен марш низ булеварите Илинденска и Маршал Тито се упатија кон народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде што побараа негова оставка. - Јас не...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...