fbpx
Таг: Гаврил Бубевски

таг: Гаврил Бубевски

ЈО: На Онкологија биле издавани скапи лекови на ден пред смртта на пациентите

На пациентите кои се лечеле од рак на Клиниката за онкологија и радиотерапија им се препишувале и издавале скапи имунотерапевтски лекови еден ден пред да починат, кога веќе било очигледно дека нема да имаат бенефит од таквата терапија. Ова се дел од наодите кои денеска на брифинг со новинарите ги изнесоа обвинителите од скопското Јавно обвинителство (ЈО). Надлежната обвинителка Ана...

Обвинителството нема да соопштува детали околу двојното убиство, ќе се чека обвинението

Материјалните докази со кои располагаме зборуваат со истиот јазик како што зборуваат осомничените лица. Ова беше единственото нешто што го изјави шефот на скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски, а во врска со истрагата за двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Тој вели дека во однос на фактите од целиот доказен материјал, конечно ќе се произнесат...

Љупчо Палевски осомничен за убиство на 14-годишната Вања, вмешан бил и таткото

Љупчо Палевски Палчо е организатор и извршител на двете убиства, на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Нему, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, му се следи трагата и тој е заминат заедно со неговиот адвокат за Белград, а од таму, следниот ден, за Бугарија. За Палевски ќе биде распишана меѓународна потерница. „Ќе сторам...

Гаврил Бубевски од поранешно СЈО избран за прв човек на скопското Обвинителство

Обвинителот Гаврил Бубевски е избран за нов прв човек на Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО-Скопје), објави Советот на јавни обвинители. Бубевски беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство. Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител. Првата позиција во ОЈО-Скопје беше празна речиси...

Случајот „Монструм“ останува кај обвинителите Фетаи и Бубевски

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, за предметот „Монструм“, ги овластил истите обвинители кои и до сега го застапуваa, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Судењето за случајот „Монструм“ ќе продолжи утре, а Фетаи и Бубевски бидејќи се вратија во ОЈО Скопје, оттаму ќе го застапуваат случајот. Во Јавно обвинителство продолжуваат постапките за распределба на предметите, при што, како што наведуваат од таму,...

Катица Јанева одлучила да не ги изземе Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева донела одлука да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3“, пренесуваат медиумите сите повикувајќи се на неофицијални извори од СЈО. Писмената одлука на шефицата на СЈО денеска е испратена до скопскиот Кривичен суд. Одлуката на Катица Јанева доаѓа откако утрово адвокатот на одбраната Еленко Миланов во предметот „Титаник 3“...

Јавната седница во Апелација за „Тенк“ заврши, СЈО очекува брза одлука

Заврши јавната седницата на Апелација на која се расправаше по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“. По првостепената пресуда за „Тенк“ поднесени се шест жалби, четири од адвокатите на Груевски, една лично од Груевски и една од Ѓоко Поповски. Во жалбата на Груевски е наведено дека во февруари 2018 година настапила застареност на кривичното...

Бубевски: Му честитам на Судот за конфискацијата на имотот во „Труст“

Јавниот обвинител од Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски рече дека е задоволен од пресудата во случајот „Труст“ со која на обвинетите Сеад Кочан и Василие Авировиќ им се изрекуваат затворски казни од шест години за првиот и три години затвор за второобвинетиот. Бубевски ја поздрави и одлуката на судот да го конфискува имотот и рече дека нема да бараат притвор за...

Кочан не се чувстува виновен за „Труст“, СЈО најави дека ќе го докаже спротивното

Не се чувстувам виновен, изјави бизнисменот Сеад Кочан на главната расправа од судењето за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, кое почна денеска во Кривичниот суд во Скопје. Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“, СЈО ги товари дека со невистинити и фалсификувани документи добиле тендер на „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) вреден 17...

Бубевски: Бараме притвор за Груевски за да обезбедиме негово присуство

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, денеска побара притвор за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи, како што рече, само така може да се обезбеди негово присуство. Бубевски рече дека не може да му се достави покана на Груевски и дека лидерот на опозициската партија примил само една покана, на 6 април 2017 година. – Не успеавме да најдеме...

Бубевски: Одложување на решение за притвор не постои никаде во светот, освен во Македонија

Не постои пример во светот каде се одложува спроведувањето на судско решение со кое е определен притвор, освен во Македонија. Ова е оценката на обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, на ситуацијата во која Горан Грујовски (поранешен началник на петтата управа), Тони Јакимовски (поранешен шеф на кабинет на Сашо Мијалков) и Никола Бошковски (вработен во УБК) нема да...

СЈО пак побара притвор за Кочан, одбраната тврди дека е сериозно болен

Како „драматична деструкција на вредностите на уставниот поредок на државата“, обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, ја оцени одлуката на Врховниот суд со која беа укинати решенијата за притвор на бизнисменот Сеад Кочан. Денеска кај судија на претходна постапка се расправаше за барањето на СЈО за притвор на Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“. По завршувањето на денешното рочиште, кое траеше три...

Рочиштето за „Тврдина 2“ одложено за 23 мај, Грујовски бил „сериозно болен“

Рочиштето за судскиот процес за случајот „Тврдина 2“ повторно се одложи, бидејќи во судницата не се појавија првообвинетиот Горан Грујовски, поранешен началник на петтата управа на УБК, и неговиот адвокат, Никола Додевски. Судијката Лидија Петровска го закажа следното рочиште за 23 мај, во 10 часот. Бранителите на другите обвинети до судот доставија медицинска документација, според која, како што рекоа, Грујовски е...

Додевски: Кочан се бара за притвор бидејќи е сопственик на медиум

Целта на барањето за притворање на Сеад Кочан е затоа што тој е сопственик на медиум што треба да се замолчи и заради нарушување на неговиот углед како бизнисмен, рече на денешната седница на Апелацискиот суд адвокатот на Кочан, Никола Додевски, во образложението на неговата жалба на одлуката за притвор. Одговорот на Специјалното јавно обвинителство на наводите на одбраната беше дека...

Сеад Кочан пристигна на распит во судот за случајот „Труст“

Сопственикот на „Трансмет“ и на телевизијата „Нова“, Сеад Кочан, попладнево во 13 часот дојде во Кривичниот суд во Скопје. Тој и Василије Авировиќ се двајцата осомничени во случајот „Труст“ за кои Специјалното јавно обвинителство бара од судот да им биде одредена мерка притвор. Бизнисменот Кочан во судот влезе на главниот влез, придружуван од адвокатот Никола Додевски, кој е бранител на поголем...

Наместо обвинителката на СЈО, Иванов помилувал друга Фатиме Фетаи

„Во изведбата на најсрамниот чин во историјата на Република Македонија при неразбирливо брзање, барем за мене не требаше толку да брзате, всушност, сте ја помилувале Фатиме Фетаи од Гостивар. Верувам дека сте мислеле на мене, односно сугестиите Ви биле за мене, само што требало детално да Ви ги кажат моите лични податоци“, навела обвинителката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО),...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...