fbpx
Таг: гасовод

таг: гасовод

Трасата на гасоводот на Водно останува, но изменета и скратена

Во соработката со екологистите постигнавме компромис за максимално да ги намалиме штетите на животната средина од изградбата на магистралниот гасовод на Водно, трасата е скратена и со тоа за 70 отсто се намалува опфатот на природата што ќе биде засегната, а појасот по кој ќе се гради е намален од 25 на 10 метри и за тоа ќе се...

„Еко-свест“ предупредува дека на парк шумата Водно ѝ се заканува уништување

На парк шумата Водно ѝ се заканува уништување од изградбата на гасовод низ значајни подрачја на природа богати со биодоверзитет, велат од невладината „Еко-свест“ и додаваат дека минатата недела испратиле дописи до меѓународни институции и банки со цел да алармираат за повеќе проблеми кои ги има изградбата на гасовод низ Водно. „Во последните неколку месеци еколошките организации и иницијативи водат...

Анѓушев: За гасоводот на Водно има регулирана градежна дозвола и земено е кредит

Магистралниот гасовод низ Водно има регуларна градежна дозвола, за негова изградба државата има земено кредит и потпишано договори со изведувачи, одговори денеска на новинарско прашање, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој додаде дека станува збор за проект среде имплементација и секоја промена ќе значи одолжување на градбата на гасоводот и дополнително сечење на шума за греење на граѓаните. - Одложувањето...

Од недела ограничен сообраќај на дел од булевар „Илинден“

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје соопшти дека од недела ќе има времен сообраќаен режим на дел од булевар „Илинден“. Ќе биде ограничено движењето на делот од крстосницата со булевар 8 Септември до Сити Мол, во сообраќајната лента во тој правец. Причината за изменетиот режим се градежни работи за гасоводна мрежа, што ќе ги изведува Акционерското...

Активистите бараат Владата јавно да ја објави одлуката за гасоводот да поминува низ Водно

По повод вчерашната изјава на директорот на МЕР, Бајрам Реџепи во која се вели дека Владата одлучила гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар да продолжи да се гради по истата траса низ парк шума Водно, со неколку измени и мерки, активистите за заштита на Водно очекуваат јавен одговор од Владата со објавување на нејзината одлука гасоводот да помине низ парк...

Владата останува на ставот гасоводот да се гради низ Водно

Владата одлучи гасоводната делница Скопје - Тетово - Гостивар, што е предвидено да заврши до Охрид, да продолжи да се гради по истата рута, но со неколку измени и мерки, најави директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи во интервју за МИА. - Се предвидува да се намали ширината на работниот појас од 25 на 10 метри и да...

Европските компании кои инвестирале во руски гасовод ќе се соочат со санкции од САД

Санкции за европските компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен поток 2“ кон Германија, најави администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. - Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз -  изјави претставник на американскиот Стејт департмент. Тој додаде дека Вашингтон смета дека „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и...

Анѓушев: Гасоводот мора да поминува низ Водно, но ќе има нова траса

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи, заедно со претставници од иницијативата „Го сакам Водно“ денеска ја поминаа трасата по која треба да поминува гасоводот, за лично да се уверат каква шума и зеленило ќе бидат уништени. Анѓушев вели дека слушал различни спротивставени ставови за тоа колку шума треба да се исече...

„Го сакам Водно“: Заев да престане поедноставено да гледа на уништувањето на Водно

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ реагираше на вчерашните изјави на премиерот Зоран Заев во емисијата на Канал 5 „Само вистина“, порачувајќи му дека не смее поедноставено да се гледа на животната средина и дека многу работи што ги кажал за изградбата на гасоводот на Водно се неточни. Од иницијативата велат оти е неточно дека со гасоводот ќе се реши комплетно...

Анѓушев: Промената на трасата на гасоводот од Водно ќе ја одложи изградбата за пет години

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев смета дека, ако се промени трасата на гасоводот од Водно, изградбата ќе се одложи до пет години. Затоа, како што одговори на новинарско прашање, треба да се вложат сите средства уништувањето на зеленилото да се сведе на минимум, а потоа сè што ќе биде уништено да се санира и да се надомести со ново...

Граѓанските иницијативи велат дека има алтернативна траса за гасоводот на Водно

По средбата со надлежните институции, граѓанските иницијативи остануваат на ставот дека се против изградбата на гасовод низ парк-шумата Водно. Една од причините како што велат, е што парк-шума Водно е заштитено подрачје, дом на загрозени, ретки и ендемични видови. „Парк-шума Водно има заштитен статус кој Собранието на Град Скопје го има донесено во 1976, а потврдено во 1991. Претставува регистрирано природно...

Сугарески: Годинава ќе се изградат нови 80 километри гасовод

Годинава ќе се изградат нови 80 километри гасовод, за што обезбедивме околу 40 милиони евра. Приоритет за владата е да се обезбеди дотур на гас до секоја општина, објави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, по средбата со директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Благојче Котески. На средбата директорот го информирал министерот за динамиката на изградба на делниците Неготино...

Бејли: Нема твитер-војна, но уште еден руски цевковод нема да донесе чист воздух

Откако претседателот на Обединета македонска дијаспора, Мето Колоски денеска на својот Твитер профил ги предизвика Амбасадата на САД во Македонија и Амбасадорот Џес Бејли, наведувајќи дека се случува „Твитер војна меѓу амбасадите на САД и Русија поради загадувањето на воздухот во Македонија, набргу доби одговор од Бејли. Twitter war between U.S. and #Russian Embassies in #Macedonia over air pollution problem...

Владата го усвои дополнетиот ребаланс на буџетот, донесе одлука за струшката депонија

Владата на Република Македонија на денешната седница го усвоила предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по завршената амандманска расправа во собраниските комисии. Со оваа верзија на ребалансот, дополнета со амандмани од пратениците, се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат пари во согласност со потребите на буџетските...

Русија има резерви на нафта и на гас за 50 години

Русија има резерви на нафта и на природен гас најмалку за 40 до 50 години, изјави денеска министерот за енергетика Кирил Молодсов, на маргините на форумот за гас што се одржува во Санкт Петербург. „Имаме гас за уште најмалку 40 до 50 години“, изјави министерот, коментирајќи ја изјавата на директорто на „Сбербанка“, Герман Греф, за тоа дали резервите на енергентите би можеле...

Беџети: Владата треба да функционира технички, а не да носи стратешки одлуки

Владата донесе одлука за нов проект за изградба на дистрибутивна мрежа на природен гас за која информираше викендов, а од СДСМ сметаат дека на помалку од три месеци до изборите, власта се обидува да споведе еден од најскандалозните корупциски тендери и во предизборие да дава концесија на 30 години. Во овој момент, владата нема никакви законски пречки да спроведува големи стратегиски одлуки...

Владата не сака проектот за гасоводот да се политизира и да се злоупотребува

За нас е очекувана ваква реакција на СДСМ полна со дезинформации, погрешни податоци и пристап и тие се резултат или на нивното непознавање на тематиката и материјата или, пак, се обид за груба манипулација на граѓаните, реагираат од Владата на соопштението на СДСМ за проектот за гасификација. - Нашите анализи на фактичката состојба говорат дека тезите со кои СДСМ настапува...

СДСМ: Пред избори Груевски сака да додели концесија за изградба на гасовод на 30 години

СДСМ денеска преку соопштение предупреди дека Владата се обидува да спроведе еден од најскандалозните корупциски тендери во десетгодишниот мандат. Од опозициската партија велат дека власта на Груевски во предизборие сака на компанија да ѝ додели концесија на 30 години за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас. „Која е фирмата на којашто фамилијата пред заминување сака да ѝ даде 30-годишен бизнис...

СДСМ: Кој украде 53 милиони долари на гасоводот?

„Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, е добредојден во Струмица и во Куманово лично да се увери и да ги види единствените изградени дистрибутивни системи за природен гас во Македонија. Студијата за оправданоста на изградбата на делницата Клечовце - Штип предвидува дека изградбата ќе чини 24 милиони долари, а потрошени се вртоглави 77 милиони долари“, се вели во...

СДСМ: Ќе обезбедиме гас за цела Македонија, за Груевски е доцна

Природниот гас ќе биде достапен во цела Македонија и ќе го спроведе новата одговорна влада, реагира СДСМ на информацијата за почетокот на изградбата на гасоводот на делницата Штип - Неготино, на која присуствуваа премиерот Емил Димитриев, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и директорот на Македонски енергетски ресурси, Крсте Миладинов. „Ќе обезбедиме сите граѓани...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...