fbpx
Таг: гасовод

таг: гасовод

Мета-факт: Гасоводот Скопје-Тетово требаше да се заврши годинава, но сè уште не се решени имотните прашања

Не е готов гасоводот од Скопје кон Тетово, кој се брзаше да биде направен и заради кој се ископа сртот на планината Водно. Иако беше најавено дека оваа гасоводна делница ќе биде завршена оваа година, сепак изградбата е сè уште заглавена во решавање на имотно-правни односи и ваквото ветување е во тек на реализација и не е сигурно дали...

Мета-факт: На Водно не е засадено ниту едно дрво како компензација за гасоводот

Нема нови дрвја засадени на Водно како компензација за изградбата на гасоводот чија изградба започна во 2018 година. Како одговор на многуте реакции на граѓаните и еколошките организации заради одлуката трасата на гасоводот кон Гостивар да се движи преку парк шумата, што неминовно беше сечење здрави децениски дрвја, Владата во својот План за чист воздух предвиде компензација од десет...

Бугарија го проширува депото за гас во Чирен, и Македонија заинтересирана за капацитетот

Булгартрансгаз, државниот оператор за гас на Бугарија, денеска потпиша договор за проширување на депото за гас кај Чирен, на 90-тина километри северно од Софија, и се очекува зафатот да биде готов за отприлика две години, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Според Владимир Малинов, извршниот директор на Булгартрансгаз, капацитетот од сегашните 550 милиони кубни метри ќе се зголеми на милијарда кубни метри,...

Саботажа: Во Шведска пронајдени траги од експлозив на гасоводот „Северен тек“

Траги од експлозив се пронајдени на гасоводите на „Северен тек“ токму на местата од каде во септември на повеќе наврати имаше истекување на гас со што се потврдува дека пробивањата биле резултат на саботажа, соопшти шведското обвинителство. Како што пренесува „Гардијан“, анализите ќе продолжат за да се добијат поверодостојни докази и да се утврди дали може да се идентификуваат...

Газпром извезува помалку, заработува повеќе, но тоа не може да трае

Извозот на рускиот гас бележи значителен пад во Европа и таквиот пад само ќе се зголеми уште повеќе идната година како резултат на онеспособувањето на Северен тек 1 и 2, како и одлуката на Путин да води енергетска војна со Западот. Газпром годинава заработи куп пари заради високите цени на гасот. Европа можеби ја чекаат една или две тешки...

Русија не соработува со македонските истражни органи за изградбата на рускиот гасовод од 33 милиони евра

За предметот „Подарок“ сè уште се чека меѓународна правна помош од Руската федерација од каде треба да биде доставен доказниот материјал за изградбата на рускиот гасовод. Русија ниту еднаш нема одговорено на барањата на Јавното обвинителство, со што овој предмет што го отвори поранешното СЈО, веќе четири години е заглавено во ќорсокак. За случајот „тежок“ 33 милиони евра осомничени се...

Ковачевски и Донев разговарале за зголемување на капацитетот на гасоводот

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев, на денешната билатерална средба, поврзана со почетокот на рехабилитацијата и целосната изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија, разговарале и за зголемување на капацитетот на засега единствениот гасовод во земјава, кој е продолжение на бугарскиот гасовод. „На билатералната средба помеѓу премиерите Ковачевски и Донев се говореше...

Контраспин: Не е време за политички суети, а уште помалку за спинови кога станува збор за набавката на енергенси

Дали Мицкоски треба да појде кај Ковачевски или обратно, за да се презентира КОНЦЕПТ за набавка на поевтин гас и електрична енергија за претстојната зимска сезона, при што ќе се заштеделе околу 300 милиони евра? Оваа тема вака поставена е самата по себе спин, покрај сите други потспинови што ги нуди. Спинуваат и Мицкоски и Ковачевски. Најблизок неспинерски став...

„Слобода од зависноста од рускиот гас“ – започна со работа интерконекторот меѓу Грција и Бугарија

Гасоводот меѓу Бугарија и Грција ја менува играта, рече во својот говор претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на свеченоста при пуштањето во комерцијална работа на гасоводниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција, што денеска се одржа во Софија. На официјалната церемонија, покрај претседателката на ЕК, присуствуваа и европскиот комесар за енергетика, Кадри Симсон, претседателите на Азербејџан и Србија,...

Утре започнува со работа Интерконекторниот гасовод Грција-Бугарија

Дозволата за работа на грчкиот дел од Интерконекторниот гасовод Грција-Бугарија (ИГБ) е потпишана, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА. Ова беше последниот административен чекор со кој се овозможува почеток на комерцијалната работа на гасоводот за природен гас од сабота, 1 октомври. Теодора Георгиева и Јоргос Сатлас, извршни директори на бугарската компанија за заедничко вложување ICGB AD која го спроведува проектот, неодамна ја...

НАТО: Инцидентите на „Северен тек“ се намерна непромислена саботажа и ризик за еколошка штета

НАТО Алијансата изрази длабока загриженост за штетата од гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница инцидентите се наречени „намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа кои меѓу другото претставуваат и ризик за сериозна еколошка штета“. „Сите моментално достапни информации покажуваат дека ова е резултат на намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа....

Информативен настан во врска со интерконекторот за природен гас со Грција

Во вторникот, на 28 јуни 2022, се одржа одржан онлајн информативен настан во врска со новиот интерконектор за природен гас што ќе ја поврзува Грција со Северна Македонија, а ќе започнува од Неа Месимвриа – Тесалоники и ќе се протега се до Штип. Делот од настанот што се однесуваше на грчката страна на гасоводот (Неа Месимвриа – Тесалоники –...

Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет

Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите, врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година, нагласил премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во рамките на Преспа форумот за дијалог. На средбата присуствувале вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и...

Вистиномер: Четири години „подарокот“ од 33 милиони евра за рускиот гасовод сè уште е во истрага

Иако станува збор за една од највисоките суми за кои СЈО утврдило дека е оштетен буџетот, дури 33 милиони евра, со кои требаше да се регулира рускиот долг кон земјава, случајот сè уште тапка во место, а од Јавното обвинителство, кое ги презеде предметите на СЈО, велат дека сè уште се чекаат одговори од Русија. Ставрески само еднаш, во 2019...

Бектеши и „Макпетрол“ велат дека нема прекин во снабдувањето со гас во земјава

Снабдувањето на Северна Македонија со руски гас преку „Гаспром“ не е прекинато, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, по прекинот на снабдување со гас на Бугарија. Бектеши на прес-конференција потврди дека прекинот на испорака кон Бугарија и Полска не е поврзано со земјава и информира дека трговците со гас во земјава, ГА-МА и НЕР, ги подмириле сите обврски...

Канцеларот Шолц по потегот на Москва: Гасоводот „Северен поток-2“ ќе биде запрен

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека проектот за гасоводот „Северен поток-2“ нема да биде сертифициран од Германија по најновиот потег на Русија да го признае суверенитетот на двете пара-држави (Народните републики Донецк и Луганск), јавува Дојче веле сервисот на англиски јазик. Шолц пред новинарите во Берлин изјави дека Германија презема мерки за да одговори на руските акции во Украина. „Ова звучи...

Инвеститорот со конечна одлука да ја гради постројката за течен природен гас во Александрополис

Акционерите на компанијата Гастрејд СА ја донесоа конечната инвестициска одлука за изградба на самостојниот систем за природен гас (INGS) во Александрополис. Станува збор за последната и најважна пресвртница пред проектот да влезе во фазата на изградба, информираат од оваа компанија. Генералното собрание на компанијата едногласно одобрило дека се обезбедени сите барања за реализација на проектот и дека проектот е на...

Контраспин: Високите увозни цени на гасот не се поврзани со владините преговарачки способности

Спин е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата не обезбедила ниски цени на гасот, за разлика од „сите влади во регионот и светот“. Цената на природниот гас од увоз многу малку зависи од владините преговарачки способности, пишува „Вистиномер“ во новиот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение објавено на нивната официјална страница на 13 јануари 2022 година...

Обезбедена финансиската рамка за гасоводот кон Грција вреден 57,8 милиони евра

Министерот за финансии Фатмир Бесими соопшти дека се обезбедени средства за реализација на проектот за изградба на интерконективен гасовод меѓу РС Македонија и Грција. Тој и потпретседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Лилјана Павлова го потпишаа Договорот за гаранција на РС Македонија. Воедно, се потпиша и финансискиот договор меѓу Национални енергетски ресурси (НЕР) и ЕИБ. Вкупната инвестициска вредност на проектот...

Порталб: Сопственикот го урна објектот што ја попречуваше гасификацијата на Тетово

Конечно е урнат објектот што ја попречуваше гасификацијата на Тетово неколку месеци, за Порталб.мк потврди Бајрам Реџепи, директор на „Национални енергетски ресурси АД - Скопје“ (НЕР). Оваа бесправна градба се наоѓаше во близина од само три метри до гасоводот, нешто што е забрането со закон. НЕР претходно побара од Општина Тетово да се урне градбата, меѓутоа не добија одговор. Општина...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...